Не фаќа шампон сигурно. А за фарба којзнае како ќе се погоди, мене ми беше зелена нијанса едно време косата, ама си ја средив после некое време не е многу тешко.
Имам кафеава природна боја на коса, а никогаш досега не сум ја исфарбала па сакав да пробам нешто поинакво и зедов лилава боја на колор шампон од Dexe .. пробав на мокра и на сува коса ни малце не ми фати .. па сега се мислам да пробам со Palette или пак со некој друг колор шампон но се мислам да не се зaебам да не фати пак па да треба од старт да почнам со фарби .. шо мислите вие кој колор шампон има најдобар ефект? Ваква ми е природна а ова ми е посакуваната боја ..
Имам кафеава коса и сакам да си ставам колор шампон - црвен. Би можеле ли да ми кажете некој добар шампон кој би фател од прва? И колку време да го држам?
Има едни колор шампони во шишенце се, ги имам видено во продавницата на Мода карши полицијата на Бит пазар, имам користено и беше единствен што ми фати бојата. Цена околу 120 денари мислам дека.
Планирам кога ќе се вратам од одмор да пробам со колор шампон да направам омбре на косава значи јас имам смеѓа коса и ми треба онака некој колор шампон плав(руса боја) за да ми бидат многу посветли врвовите,а за фарба сум мала и не сакам никако фарба да ставам на косава дека имам многу здрава и густа коса Предлози?
Нема да ти испадне ако ја правиш со колор шампон. Многу малку ќе ти ја осветли, можеби воопшто нема се приметува, зависи од нијансата на твојата коса. Подобро пробај го спрејот од Balea за осветлување на косата.
Го има во DM маркетите, цената му е под 200денари мислам, јас го немам користено но на форумов имам гледано доста мислења дека е ефикасен.
Каде да најдам темновиолетов/бордо колор шампон? Бев во Moda, карши полициската на Бит-пазар, ама немаше веќе, продадени биле. Отприлика ваква боја, може и нешто посветло:
Здраво девојки Имам од спрејот за осветлување на коса од Балеа, па сакам да ве прашам после колку прскања се појавува ефект и како да го користам на мокра или сува коса, иначе имам светло кафеава коса
На мокра коса се става и после ја сушиш со фен бидејќи од топлината има поголем ефект.Ефектот се појавува одма после првото прскање.Иначе јас го користев пред 2 години и да те предупредам дека малце ја суши косата и осветлувањето е трајно.Еве јас уште имам некои светли прамени
Женскии вака сеа .. Јас имам темно кафеава коса малку на сивкаста и сакам да пробам со колор шампон маа да сакав да ја фарбам ама мајка ми не ми дава така да сакам барем да пробам со колор иста нијанса или малку потемна од мојата ама не некоја преголема разлика.. До сега немам користено и некој да ми препорача некој добар шампон, што може да фати од прв пат.. Највеќе ми е за сјај и ујачање на бојата па секако и за мала промена Еве нешто како на сликава сакам таква боичка, чоколадна..
@blady, јас ти го препорачувам колор шампонот на Марион. Имам пробано неколку нијанси од овој колор шампон и задоволна сум и од бојата и од трајноста. Можеш да го најдеш во ДМ, а овде можеш да ги погледнеш нијансите http://en.marionkosmetyki.pl/offer/...lor-shampoo-in-sachet-lasting-4-8-washes.html
Здрaвo! Имaм еднo прaшaње. Јa oштетив кoстa сo бoјa зa кoсa.Мoментaлнo ми е црвенa и ме интересирa дaли мoжaм дa јa фaрбaм сo кoлoр шaмпoн без уште пoвеќе дa јa oштетaм и кoјa кoјa бoјa би ми фaтилa?