Јас ги изгледав првиве две епизоди и за сега серијава ми е онака,океј баш како за опуштање. Стандардно..сплетки,закани и нормално забранета љубов Има добри ликови,барем за сега Еленор ми е најинтересна,а и бодигардот и е право маченце. Оваа кралицава ми е само антипатична ,ама ќе видиме понатаму како ќе се одвива приказнава.
И јас гледав трејлер и онака ми се допадна најмногу тоа што режисерот е од мојата омилена серија one tree hill. Па ќе ја додадам во листата на серии и ќе ја почнам
Налетав случајно на оваа серија и ги изгледав двете епизоди.Не е нешто но е заразна серијава.Покажано е се што се мисли за ваквите кралски семејства.Сплетки, дрога, контрола на се.Оваа кралицата Хелена ми е ептен јака, од секогаш сум ја сакала глумицата и прилега ваква улога.И принцот е многу симпатичен.Интересна ми е серијата засега, продолжувам да гледам.
А да прашам каде ја гледате серијава? Јас еве сега симнав прва епизода на торент ама втора ја нема, а веќе има излезено. А трета треба вечерва да излези.
Да ги најдов на друг торент и вчера ги изгледав двете епизоди и ми се допадна баш е забавна Вечер ќе ја гледам и третата Спојлер незнам зошто ама мислам дека на кралот нешто ќе му се случи, офелија ептен ми е слатка преубави се со принцот заедно. А принцезата е закон Само кралицата му забегува во фамилијата и братот на кралот ама мора да има и негативци Наликува на британска Госип грл само да не ја упропастат како неа
Јас ја имам изгледано првата сезона. Лесна серија,ништо посебно.Ниеден од ликовите не ми се нешто посебно допаѓа освен Кралот Сајмон (мислам дека беше) и можеби Еленор.Мене дури и ме нервира серијава бидејќи не сум личност што може да гледа неправда како се прави пред твои очи ниту пак одвратни фаци како Сајрус и тоа ме многу нервира и ми скока на нерви. Ах,заборавив да ја споменам Џема,многу ми е слатка,као кучка е ама всушност воопшто не е. Еден минус на серијава ми е што нема воопшто убави глумци,или барем не по мој тип.Само Ник ми е убав ама тој се изгуби од серијава. Не сум ја гледала таа серија ама викаат дека има Gossip Girl Feel.
Ја гледа некој новава сезона? Интересно почна, ми се свиѓа оваа игра помеѓу Сајрус и Хелена баш ми се интересни, мислиш се заедно здружени,а всушност секој си тера политика позади грб. Океј, Сајрус има предност зашто е крал, ама Хелена е опасната, очекувам секој момент да гo зафркне. Не очекував дека е болен, нема да биде интересно така да ја отстапи држава сепак очекувам уште сплетки помеѓу нив. А она со премиерот и со гаќичките се пресмеав! Што му требаше на овој Бек сега баш да се врати кога конечно Еленор почна да му простува на Џаспер!!! Ги сакам заедно и крај. Знаев дека Лијам ќе отиде кај Офелија, ама се надевам ќе се врати без неа, некако подобра ми е серијава без неа, ми стана досадна некако.
Луѓе ја гледате вторава сезона? Многу подобра, всушност, сега ми станува една од омилените серии. Големо браво за подобрувањето. Спојлер Лиам принцот многу се разубавил, а и боди гардод Џаспер. Ми се допаѓа пријателството што го направија меѓу нив двајца. Мило ми е што си толку брзо отиде Бек. Крајно антипатичен лик ми беше. Како лик се подобрила и кралицата, ми се допаѓа. На последната епизода (6-та) се изнаплакав како мало дете. Можев да ја почувствувам болката на Еленор, се приврзав за неа. А, уште фалеше и Џаспер да пушти солза, е тогаш Дунав исплакав.
Спојлер Ова ми беше најдобра епизода до сега. Ептен се подобрија сезонава,епизодиве се се подобри. Колку ми падна жал за Еленор, сите до сега ја изневеруваат, греота е веќе нека не ја мачат вака. Се гледа Џаспер колку ја сака, добро е што конечно призна ама кога пушти солза толку беше,си се изнаплакав. Многу убав пар ми се, сакам да бидат заедно!!! А кај ги наоѓаат девојкиве за Лијам, прво Офелија, сега оваа Вилоу, чудна ми е некако, ме потсеќа на Џема, мислам ќе испадне нешто со неа. И не очекував дека Алистер е жив, баш се изнендив и се надевам дека близнаците не се негови деца.
WOW многу се подобри серијата иако и на почетокот ми беше интересна последните 2 епизоди од прва сезона беа најдобри. Сега ја почнав и втора сезона, многу тајни се нафрлаа незнам веќе во кој да се сомневам ама баш тоа и најмногу ми се допаѓа. Омилени ликови Лиам,Џаспер,Еленор, Офилија,Маркус (мислам дека го нема во втората сезона )