Кредити

Дискусија во 'Дом' започната од Ariel, 12 февруари 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.395
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    За затворање на кредит, банката бара да се извади документ 'извод на земјиште'. Каде се вади тој документ?
     
  2. Bezzo

    Bezzo Нов член

    Се зачлени на:
    Петок
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Цените на становите безумно растат секој ден и единствениот начин да се купи стан е преку станбен кредит од банка. Додека проверував што нудат банките, забележив дека калкулаторите што ги имаат не се фунскионални, не се прилагодливи, или не се кориснички пријатни.

    Затоа решив да направам свој:
    www.stanbenkredit.com е бесплатна алатка каде што можете лесно да го пресметате вашиот хипотекарен кредит – вклучувајќи го износот на месечната рата, пресметка на каматите во два периода (фиксна и променлива стапка), вкупната сума што ќе ја вратите, и визуелен приказ на отплатата по години. Целта е да ви помогне полесно да донесете одлука при изборот на кредит.

    Слободно користете ја, ми било драго да добијам и повратни мислења и предлози.
     
  3. Stefffka19

    Stefffka19 Активен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2022
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите

    Во моментот живеам и работам надвор од Македонија и сакам да купам стан во Македонија. Се двоумам како е со кредитите од македонски банки за нас што сме надвор. Дали некој има искуство? Како е со плаќањето од странство?
    Дали воопшто нашите банки финансираат иселеници кои повеќе не живеат во Македонија?

    Благодарам многу.:)
     
  4. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    1.187
    и мене ме интересира ова, дали може да се земат во обзир примања од странство - односно кредитобарателот е од мкд ама сака да аплицира за повисока сума и за дополнение се јави жирант лице кое е во странство и прима странска плата?