За затворање на кредит, банката бара да се извади документ 'извод на земјиште'. Каде се вади тој документ?
Цените на становите безумно растат секој ден и единствениот начин да се купи стан е преку станбен кредит од банка. Додека проверував што нудат банките, забележив дека калкулаторите што ги имаат не се фунскионални, не се прилагодливи, или не се кориснички пријатни. Затоа решив да направам свој: www.stanbenkredit.com е бесплатна алатка каде што можете лесно да го пресметате вашиот хипотекарен кредит – вклучувајќи го износот на месечната рата, пресметка на каматите во два периода (фиксна и променлива стапка), вкупната сума што ќе ја вратите, и визуелен приказ на отплатата по години. Целта е да ви помогне полесно да донесете одлука при изборот на кредит. Слободно користете ја, ми било драго да добијам и повратни мислења и предлози.
Здраво на сите Во моментот живеам и работам надвор од Македонија и сакам да купам стан во Македонија. Се двоумам како е со кредитите од македонски банки за нас што сме надвор. Дали некој има искуство? Како е со плаќањето од странство? Дали воопшто нашите банки финансираат иселеници кои повеќе не живеат во Македонија? Благодарам многу.
и мене ме интересира ова, дали може да се земат во обзир примања од странство - односно кредитобарателот е од мкд ама сака да аплицира за повисока сума и за дополнение се јави жирант лице кое е во странство и прима странска плата?
Ме интересира дали пензионер може да земе станбен кредит? Барав онлајн услови за станбен кредит од повеќе банки и секаде пишува вработено лице.
Има ли некој искуство со потрошувачки кредит на Тутунска ? Маж ми е во план да земе околу 10 000евра, ме интересира колку е камата ?
Pozdrav imam nekoi 3 izvrsiteli dali bankava moze da mi gi zatvori kao dolg da se racuna kako kredit koj ima iskustvo neka mi pise i koa banka e po fleksibilna ?
Здраво на сите. Ми треба информација за тоа која банка има најдобри услови за потрошувачки кредит? И ако може подетално објаснување за процедурата, камати и слично, какви се вашите искуства. Во најбрз можен рок треба да почнам да реновирам дома зошто бебе е на пат па со време да се фатиме за работа. Благодарам однапред.
Со среќа да ви е Само убави работи да ви се случуваат! Инаку мислам дека СТБ моментално имаат доста поволни каматни стапки за потрошувачки, ова знам затоа што ние земавме станбен и потрошувачки. На потрошувачкиот ни дадоа 4,8% каматна стапка за првите 5 год, што беше ок, мислам дека во Халк им е 5,4% за целиот период на исплаќање што исто не е лошо нели зависно на колку год ќе го ставите. Според мене видете разгледајте ги комерцијална, СТБ, халк, нлб и направете споредба според тоа на колку год би го ставиле.
За тие што веќе сте поминале низ истиот процес, по упишување на хипотеката после колку време банката ги исплаќа парите на продавачите отприлика?
Исто како во Германија. И таму гледаат на што ги трошиш парите. И колку кеш вадиш од банкомат. Има продавници каде што прво те проверуваат дали си способен да ја плаќаш ратата.
Има ли некој искуство со потрошувачки кредит на НЛБ? на страната ми дава дека е 9,1% камата што е премногу за разлика од стопанска ....