Кременадли

Дискусија во 'Рецепти' започната од Vetruska, 14 март 2013.

  1. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    Дали имате некој друг начин за спремање на кременадли?

    Јас на пример вака ги сакам:

    Ги мијам и посолувам со вегета, ги редам во тавче, помеѓу нив ставам ситно сецкан праз и го заливам сето тоа со томатело. На крај додавам многу бибер и ставам да се пече отприлика саат и нешто во рерна на 220. Неколку пати ги превртувам кременадлите за да се подзапечат од двете страни.
     
  2. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Можеш и да ги пржиш ама јас ги правам вака ( и многу се вкусни):
    Малку ќе ги издринстам и ќе гинаредам во тавче ќе ставам малку вода, малку зејтих, вегета и сол...додека се во рерна ќе направам сос за да има ставам одозгора: Малку павлака за готвење (а можеш и кисело млеко) и пречурки кога ќе бидат кремендалите при крај им го ставам сосот и ги оставам уште 10мин во рерна и ние ги обожаваме многу ни се вкусни ;)
     
    На Vetruska му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.903
    Пол:
    Женски
    Кременадлите прво ги чукам со чукче за да ги истенчам, ги премачкувам со сенф и вегета, отставам околу 15 мин.
    Во тава редам сецкани компири посолени со вегета и зејтин, убаво измешани.
    Ги редам кременадлите и одозгора пак ставам компири. Налевам бело вино и малку водичка, покривам со ал. фолија и на 250 степени печам еден час.
    Потоа ја вадам фолијата и печам додека се испечат комприте и месото, во меѓувреме и ги превртувам кременадлите од двете страни да се испечат убаво.

    Или редам само кременадли премачкани со сенф и вегета, налеани со вино и вода и пак истата постапка со ал. фолија.

    Има и на Маги во релна една кесичка за кременадли со компири и ако го брзам ручекот (готово е за 1 ч.) тогаш така ги спремам. :)
     
    На baby-star, Vetruska и danichap им се допаѓа ова.
  4. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    Убави идеи ми дадовте, обавезно ќе пробам следниот пат кога ќе правам :)