Јас само кумови, и само нив ги викнав они се тие што крштеваат. Не ширев, несакав. Кажав на другите и објаснив и сите ме поддржија. И само нив ги дарував кумот и кумата и двете дечиња со пари во плико. Да си купат нешто во Германија.
И ние само кумови, родителите наши и баби и дедовци наши. Најблиското семејство што вистински се радува на секој момент, крштевката за мене е интимен чин и не би ширела со други луѓе. Денес ќе излезам да купам поклончиња за кумовите. За кумата веројатно некој накит, за кумот немам идеја ќе видам денес
Јас само на кумови давав подарок за крштевката на ќерка. Старосватите и останата поширока фамилија си беа викнати како гости. За никој ништо плус не спремав. Е на масата со торти/слатки, за дечињата ставивме мини играчиња, сокчиња и такви работи, што како дел од декорот, што да си земат после со нив.
И ние уште немаме резервирано ресторан, до вторник вероватно ќе одлучиме финално, за сега само црквата им е кажана на гостите
Предлог музичари за крштевка? Не сакам нешто ора да се вртат, сакам нешто лабаво, забавно, акустично. Ако имате идеја ве молам пишете