Јас само кумови, и само нив ги викнав они се тие што крштеваат. Не ширев, несакав. Кажав на другите и објаснив и сите ме поддржија. И само нив ги дарував кумот и кумата и двете дечиња со пари во плико. Да си купат нешто во Германија.
И ние само кумови, родителите наши и баби и дедовци наши. Најблиското семејство што вистински се радува на секој момент, крштевката за мене е интимен чин и не би ширела со други луѓе. Денес ќе излезам да купам поклончиња за кумовите. За кумата веројатно некој накит, за кумот немам идеја ќе видам денес
Јас само на кумови давав подарок за крштевката на ќерка. Старосватите и останата поширока фамилија си беа викнати како гости. За никој ништо плус не спремав. Е на масата со торти/слатки, за дечињата ставивме мини играчиња, сокчиња и такви работи, што како дел од декорот, што да си земат после со нив.
И ние уште немаме резервирано ресторан, до вторник вероватно ќе одлучиме финално, за сега само црквата им е кажана на гостите
Предлог музичари за крштевка? Не сакам нешто ора да се вртат, сакам нешто лабаво, забавно, акустично. Ако имате идеја ве молам пишете
Само ние не добивме злато од кумовите изгледа само пари дадоа како поклон, секако злато ќе му купам со парите ама ќе беше убаво да има нешто одбрано од нив
Ех има плочки и од 50 евра, редот е злато да се даде, немора пари, да се облече дете целосно, бела бањарка и да се дарува толку. Повеќе ако има добро ако не здравје.
Дадоа повеќе пари од што би потрошиле на нешто златно. Него не се замараат воопшто дури и торта сама ми рекоа да си порачам дека они ќе платат и облека сама си купив. Не е до немање, до незамарање е.
Кога јас би била кума исто би направила искрено.Подобро да си одберат родителите отколку да купам нешто што не им се допаѓа.Секоја мајка си има замисла како да е облечено.Колку партали добив од мекици алишта ко од Југославија што не ми се допаѓаат лично и ене стојат во вреќи.Можеби не е до незамарање туку да ви олеснат и погодат.
Кај нас купија фустанче за 6месеци и ми рекоа да си го носи и понаатаму секако дека нема да и го облечам во црква сега на денот на крштевката кога е 2месеца и ќе биде како бездомник распашана. Си купив јас се, кога некој не се замара јас за мое дете ќе си средам се. Без мерак.. не можеш со сила некој да натераш
Неможе све да е со пари, да се решава. Може да излезе заедно со мајката еден ден кафе па да се најде некоја комбинација, или да се даде насока. Јас еве се јавив кумашинкава вика јас си купив за на базен нешто дека во вила некоја ќе слават и викам супер ама после крштевање треба кумот да купи облека, еве ако сакаш заедно, ако имаш замисла некоја прати ми све има онлајн јас ќе идам ќе земам. И на крај ми вика не ти што сакаш. Бев во манго нова колекција пантолончиња крем, кошулка, чорапчиња све купив. Купив злато, нарачав пешкирче бањарче персонализирано. Уште за кондурчиња, неколку пати и пишав за убави да купиме од кеги или атипас чекам да ми каже. Јас како за мое све ќе средам.. Ама ете треба човек да се потруди. Ако земеш нешто што би го зел за свое дете мислам нема грешка.
Браво баш вака! Јас сум кума ама уште не сум крштевала здравје како што викаш како за мое со мерак, голема е честа некој да те одбере за кум треба да се врати со иста мера и почит