Крштевка

Дискусија во 'Бебе' започната од soncicko, 6 февруари 2011.

  1. КаринаТ

    КаринаТ Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Да не ме сфатите погрешно, јас бев кума и прашав со кој прашок и се исправ и испеглав, а и за на моето дете крштевката ги земав облеките се исправ па ги вратив на кумовите, но ете затоа што со разбрани луѓе си имав работа и помисливме сите на тоа и се согласивме. Кај тебе склоп на околности поинаку било, и јас самата сум малку фрик за перење и се ама стварно мислам не е ништо за бебето од ете еднаш ако дошло во контакт со неиспрана облека. Важно не е постојано така. Сум гледала снимки од мој прв роденден, мајка ми како што ми носат подароци гостите, ме облекубала веднаш во новите облеки. 3 пати сум пресоблечена на снимката, во неиспрана облека, а сигурно не било само тогаш, па ете до сега фала богу здрава сум и не ми е ништо. Ова за тебе ти го кажувам да не си правиш стрес и да се секираш, а за во иднина секако пери си се и не слушај други кога се работи за твоето дете.
     
    На Eho му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    480
    Пол:
    Женски
    Фала ти. Знам, те разбирам, ете и вака помина, ама ко што викаш, и јас сум ептен фрик за перење, ради тоа и толку се напнав.
    Инаку алиштенцата ми беа перени, уште само што им најавивме дека ќе правиме крштевка ми кажа да знаеш тоа што ќе ти купам ќе исперам. Јас се прерадував си викам леле супер, таман. Само крпата испадна неиспрана на крај :?: Затоа почнав да си мислам дека може стварно крпите не се переле :)
     
    На КаринаТ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.250
    Допаѓања:
    78.544
    Пол:
    Женски
    Јас им купив облека (дека во странство живеат) и по едно помало играче кое можат со авион да си го однесат.
     
    На hannybanny му/ѝ се допаѓа ова.
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.372
    Допаѓања:
    125.926
    @hannybanny на моите -четврто дете крштеваме , досега им давале играчки
     
    На hannybanny му/ѝ се допаѓа ова.
  5. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    991
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите
    Планираме за два месеци крштевка па ќе ве замолам за совет што ќе ми е потребно на мене околу детето, дали порачувате торта и слично
    Што подарок давате на кумовите и старосватовите, јас мислам пари не би знаела што да купам децата на кумот се големи 15, 16 и 20 години
    Кој износ би бил доволен ?
     
  6. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    480
    Пол:
    Женски
    Торта за во ресторанот, плус кај нас се враќа торта на кумот (паста имав нарачано посебно за кумот, со ист вкус како главната торта). Не знам дали е сегде исто, мислам зависи и од место до место. За во црква кај нас мајката носи сапун и крпа за попот.
    За канењето нас вредносно нè фати околу 220 евра сè на сè. Ние им дадовме погача, торта, вино, саат, сет постелнина и кошула. 3ца се семејството. 100 евра плус во плик. Се мислевме дали да ставиме повеќе ама рековме да не правиме на ти го, дај ми го, да им направиме обврска и тие да ни дадат поголем поклон и решивме вака. Јас прашував по другарки и тие викаа околу 200 евра за канење давале. Си викам доволно е, што знам...
    Ние инаку старосват немавме, имавме девер за свадбата ама не му дадовме поклон сега. Бар тука, се кани кумот со поклон, а деверот ко 'обичен' гостин е за крштевката. :?:
     
  7. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    4.972
    Пол:
    Женски
    Како за канење давале? Со каков поклон се кани кум? И зошто 200 евра? :wasntme:
    Не ги знам адетиве.....
    Нас, како кумови, по телефон ни кажаа. На нашите кумови ние исто по телефон им кажавме.
     
    На eli25 и hannybanny им се допаѓа ова.
  8. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    6.955
    Пол:
    Женски
    Хаахах исто :D и се јавив на кумата и викам слободни сте на тој датум да крштевате бебе … па не беа, епа ај да одбереме друг…ајде … и наредно слушање ни предложија два други датуми одбравме закажавме и се најдовме во црква :D зошто си прајте дополнителни маки и трошоци (facepalm)
     
    На srce-9, Mimmi39, MeowMeow и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    480
    Пол:
    Женски
    Да кај нас така прават...
    Одиш на гости кај кумот со поклониве за да го поканиш на крштевката. Исто и за свадба е, само тогаш со поклони се кани и деверот. Горе-долу иста сума.
    Нас кога нè поканија пред некоја година ни дадоа 350 евра во плик и нас дури непријатно ни падна пошто испадна повеќе од поклонот што планиравме да го дадеме, па ајде појачавме и ние после :emo:
     
  10. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    6.955
    Пол:
    Женски
    А на денот на крштевката плус го дарувате кумот???
     
  11. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    480
    Пол:
    Женски
    Не не, само претходно.
    Тоа следно ќе прашував јас како дарувате вие. Значи на денот на крштевката го правите вие.
    Реално мислам подобро е така, вака плус замарање, една поручек во гости, па тие спремаат софри... обврска плус
     
  12. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    6.955
    Пол:
    Женски
    Ааа епа доброооо исто му доаѓа :D минус тортиве
     
  13. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    480
    Пол:
    Женски
    Тортите да им се чудиш што да им правиш, ама ај :rofl:
    Јас раздавав по комшии и роднини, да се потрошат :D
     
  14. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    6.955
    Пол:
    Женски
    Јас на мекици добив едно чудо торти .. со цел памет и мајка ми имаше нарачано торта :rofl: замрзнував кај нас кај нив еден куп торти од кумовите од другарка од пријатели на маж ми и на крај уште и од мајка ми :?: и тоа големи не ролати класични :lol:
     
    На Eho му/ѝ се допаѓа ова.
  15. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    932
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Ве читам и ме фаќа нервоза. Брдо пари нема да ме оправат. Кај порачав торта специјална по тема, такви колачиња да стојат заедно со картичка ви благодарам што сте дел од мојата крштевка, па салфетки од тему како темата, па цел сетап со балони, сликар па да платиме во црква. И кумот се 4ца значи треба поклон најмалку 200 евра. А не знам што да им купам. Сакале ваучер од дм тоа користеле. Некако многу се занесуваме крштевка да направиш ѓавол ипол.
     
    На Maria921, Tinna12345, Baby warrior и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    932
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Јас и за свадба и за мекици им кажав торти никако. Ние ќе имаме. Нема потреба од трошоци. Исто сега и за крштевка им кажав. Што ќе ми се. За мекици добивме 100 бомбониери (свадба правевме :rofl::rofl:) се убивме од јадење и давање по луѓе
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    480
    Пол:
    Женски
    Знам, те разбирам, и ние истото го викавме... за сите трошокот испаѓа многу кога ќе се собере, ама од тоа 'останало, вака треба, така треба да се прави' - правиме и ние и тераме така...
     
    На hannybanny му/ѝ се допаѓа ова.
  18. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    991
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Кај нас нема тоа канење на кум.
    Кумот е во странство па неможе да се оправиме кога да биде а па ова со поклониве ме страшно нервира, а како читам и јас и мене брдо пари нема да стигнат.
    Освен од дм предлог за ваучери од други места да дадете ?
     
  19. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    6.955
    Пол:
    Женски
    East gate / city mall - па можат и во дм да ги искористат и овие или по продавнициве други во моловите
     
  20. the.mona

    the.mona Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Кои се цените за крштевка? Гледам нова цена 5000денари но сите различно викаат едни платиле 3000денари некои не платиле ништо..