Да не ме сфатите погрешно, јас бев кума и прашав со кој прашок и се исправ и испеглав, а и за на моето дете крштевката ги земав облеките се исправ па ги вратив на кумовите, но ете затоа што со разбрани луѓе си имав работа и помисливме сите на тоа и се согласивме. Кај тебе склоп на околности поинаку било, и јас самата сум малку фрик за перење и се ама стварно мислам не е ништо за бебето од ете еднаш ако дошло во контакт со неиспрана облека. Важно не е постојано така. Сум гледала снимки од мој прв роденден, мајка ми како што ми носат подароци гостите, ме облекубала веднаш во новите облеки. 3 пати сум пресоблечена на снимката, во неиспрана облека, а сигурно не било само тогаш, па ете до сега фала богу здрава сум и не ми е ништо. Ова за тебе ти го кажувам да не си правиш стрес и да се секираш, а за во иднина секако пери си се и не слушај други кога се работи за твоето дете.
Фала ти. Знам, те разбирам, ете и вака помина, ама ко што викаш, и јас сум ептен фрик за перење, ради тоа и толку се напнав. Инаку алиштенцата ми беа перени, уште само што им најавивме дека ќе правиме крштевка ми кажа да знаеш тоа што ќе ти купам ќе исперам. Јас се прерадував си викам леле супер, таман. Само крпата испадна неиспрана на крај Затоа почнав да си мислам дека може стварно крпите не се переле
Јас им купив облека (дека во странство живеат) и по едно помало играче кое можат со авион да си го однесат.
Здраво на сите Планираме за два месеци крштевка па ќе ве замолам за совет што ќе ми е потребно на мене околу детето, дали порачувате торта и слично Што подарок давате на кумовите и старосватовите, јас мислам пари не би знаела што да купам децата на кумот се големи 15, 16 и 20 години Кој износ би бил доволен ?
Торта за во ресторанот, плус кај нас се враќа торта на кумот (паста имав нарачано посебно за кумот, со ист вкус како главната торта). Не знам дали е сегде исто, мислам зависи и од место до место. За во црква кај нас мајката носи сапун и крпа за попот. За канењето нас вредносно нè фати околу 220 евра сè на сè. Ние им дадовме погача, торта, вино, саат, сет постелнина и кошула. 3ца се семејството. 100 евра плус во плик. Се мислевме дали да ставиме повеќе ама рековме да не правиме на ти го, дај ми го, да им направиме обврска и тие да ни дадат поголем поклон и решивме вака. Јас прашував по другарки и тие викаа околу 200 евра за канење давале. Си викам доволно е, што знам... Ние инаку старосват немавме, имавме девер за свадбата ама не му дадовме поклон сега. Бар тука, се кани кумот со поклон, а деверот ко 'обичен' гостин е за крштевката.
Како за канење давале? Со каков поклон се кани кум? И зошто 200 евра? Не ги знам адетиве..... Нас, како кумови, по телефон ни кажаа. На нашите кумови ние исто по телефон им кажавме.
Хаахах исто и се јавив на кумата и викам слободни сте на тој датум да крштевате бебе … па не беа, епа ај да одбереме друг…ајде … и наредно слушање ни предложија два други датуми одбравме закажавме и се најдовме во црква зошто си прајте дополнителни маки и трошоци
Да кај нас така прават... Одиш на гости кај кумот со поклониве за да го поканиш на крштевката. Исто и за свадба е, само тогаш со поклони се кани и деверот. Горе-долу иста сума. Нас кога нè поканија пред некоја година ни дадоа 350 евра во плик и нас дури непријатно ни падна пошто испадна повеќе од поклонот што планиравме да го дадеме, па ајде појачавме и ние после
Не не, само претходно. Тоа следно ќе прашував јас како дарувате вие. Значи на денот на крштевката го правите вие. Реално мислам подобро е така, вака плус замарање, една поручек во гости, па тие спремаат софри... обврска плус
Јас на мекици добив едно чудо торти .. со цел памет и мајка ми имаше нарачано торта замрзнував кај нас кај нив еден куп торти од кумовите од другарка од пријатели на маж ми и на крај уште и од мајка ми и тоа големи не ролати класични
Ве читам и ме фаќа нервоза. Брдо пари нема да ме оправат. Кај порачав торта специјална по тема, такви колачиња да стојат заедно со картичка ви благодарам што сте дел од мојата крштевка, па салфетки од тему како темата, па цел сетап со балони, сликар па да платиме во црква. И кумот се 4ца значи треба поклон најмалку 200 евра. А не знам што да им купам. Сакале ваучер од дм тоа користеле. Некако многу се занесуваме крштевка да направиш ѓавол ипол.
Јас и за свадба и за мекици им кажав торти никако. Ние ќе имаме. Нема потреба од трошоци. Исто сега и за крштевка им кажав. Што ќе ми се. За мекици добивме 100 бомбониери (свадба правевме ) се убивме од јадење и давање по луѓе
Знам, те разбирам, и ние истото го викавме... за сите трошокот испаѓа многу кога ќе се собере, ама од тоа 'останало, вака треба, така треба да се прави' - правиме и ние и тераме така...
Кај нас нема тоа канење на кум. Кумот е во странство па неможе да се оправиме кога да биде а па ова со поклониве ме страшно нервира, а како читам и јас и мене брдо пари нема да стигнат. Освен од дм предлог за ваучери од други места да дадете ?
East gate / city mall - па можат и во дм да ги искористат и овие или по продавнициве други во моловите
Кои се цените за крштевка? Гледам нова цена 5000денари но сите различно викаат едни платиле 3000денари некои не платиле ништо..