Нa кумчетo му купивме пешкир , тексaс нaд-кoленки , мaицa сo крaгњичкa a нa мaјкaму , тaктoму , сестрaму - ништo (тaкa се дoгoвoривме) и oни нa мoетo првo синче немa ништo дa купaт сaмo зa мaлoтo кoмплетче дa гo oблечеме oткaкo ќе се крсти и тoлку дaрoви гoлеми или зa секoј пo нештo -не , стaрoсвaтoви не кaниме бидејќи oдмa пoсле свaдбaтa свекрвaми не скaрa сo пoлa рoднини и тo ти е тo
Мене кумаатами ја облече малата ( со испрана облека си дојдовме во црква), и некои др ситници како сапунчее, пешкир за во црква, бањаче и пари. Кумашинчето и донесе играчки. Старосватицта исто облека, пари и играчки. Јас нив ништо. Си платив ресторантот, се науживавме, смеевме, пеевме толку. Не знам јас да некој дарува за крштевка. Боже мили, кога имаат родендени децата на кумата и старосватицата, јас не знам што побрзо да им оснесам, исто и за нова год и велигден, божик итн. не сум пропуштила празник а да не им купам по неколку работи. Толку облека имам од нив добиено, што не морам наредниве две год, ништо да купам. Старосватицава па едвај чека да најде забавна бебешка гардероба и да се потроши за мојава пуфла. Кумава па бетер од неа. Ни за мојата венчавка не се притресувавме, ни за нивните, кој колку има во моментот толку дава. Ама за тоа почитта е преголема.
печатните грешки не се намерни. тастарурата кафе ми се напи, па некои букви се дупли некои не се куцнуваат секогаш
Ние уште немаме прaвенo крштевкa нo вo црквa ке си прaшaм шo треба дa прaвиме ние и штo кумовите у нoрмaлнo кoј Кoлку мoже ке прашам сaкaт пaри или пoклoни ,сaкaм нештo дa имаат зa успoмен oд тoј ден a мoже пa децaтa ке ги крштевaaт нашите децa ке видиме aкo се децата мoже и сaaти сo изгрaвирaнo нешто некoјa дaтa.Несaкaм мнoгу скaпo нo сепак дa се oбележи денoт.Е сегa зa старосватицатa незнам oнa пa имa и бижутерија и пaрфеми се,незнам шo a стaрoсвaтoт ептен е специфичен зa пoгoдувaње .
Скоро правевме крштевка , во црква си плативме ние , само ние малитек умчиња ги дарував возрасните ништо и они им купија на двете мои деца, а за во церквајас однесов пешкир зејтин сапун , за облекување во црквао ни имаа исто комплетче како и ние шпто сме купиле задаг ооднесеме до црква па со надеж да го смениме ( ниј а кажаа продавницата,аматмау нени го сменија ) го олбековме во истото со кое си беше дојдено.ги почастивме во ресторан и толку
Ние тука збориме за духовност, вера, бла, бла, да не сме се дарувале, чинот е важен, а црквата е прва што го прекршува ова. 4000 денари за крштевка. 4000 денари малку ли се бре луѓе? Што е ова, испаѓа да му ја купиш верата на детето. И да му купиш на отецот мерцедес еден. Ужас. И зошто се повеќе неверници има. Самите тие ги бркаат и оддалечуваат луѓето од црквата. Забегав, ама ептен сум изреволтирана да ви кажам искрено. Знаев дека се плаќа, ама сега кога гледам едно невино бебуле, па да одам да плаќам за него за нешто што порано го правеле само со брцкање во вода и благослов од поп, а сега е цела церемонија со ова со она, со секакви глупости, па ќе го крштева некој си демек поп, само на хартија. Пак ќе кажам, ужас.
Девојки, следниот месец му правиме крштевка на син ни. Едвај чекам, кумот не можеше порано, ама и вака е супер, се наредија коцките совршено. Бевме во црква ни кажаа што треба и сето си е во ред. Кумот и кумата секако ќе ги дарувам, како и семејството на кумот (така направив и за свадба од мерак, башка и си ги сакам многу Но сакам сите гости, кои се 20 на број да имаат спомен од крштевката. Нешто симболично. Видов мечиња, привезок за клуч, ама сопругот не сакал мечиња. Па имате ли некој предлог што би можела да им подарам?
Прво,додека да дојдете до чинот да си го крстите детето,по еден денар да ги берете неделно.. ќе ги соберете и за крштевка и за поклони и плус ќе ви останат.Ако размислите,вие имате барем 20 пати повеќе потрошено во животот на други глупости а се буните за 4000 денари,за најважниот чин во животот на вашето дете.Велам најважен затоа што и е најважен според Светото Писмо.Бракот може и да се растури и да прекине.. крштевањето е еднаш за цел живот(ако освен по своја волја,понатаму Христијанинот не конвертира не дај боже во друга вера.Тогаш и Господ се откажува од Него,според Евангелијата). И второ и најважно,според каноните на Црквата,ако некои верници навистина,стварно и реално немаат пари да си дозволат да платат,Црквата е должна крштевката да ја изврши безплатно.Кршетвката се наплаќа за подмирување на платите кон свештенството,трошоци за струја,вода,комуналии,празнувања итн.. а не дека верата се купува. Само како што реков.. ви животот имате многу повеќе потрошено пари на други глупости Да ги соберете сите пари кои сте ги дале во кафиќи и кафани за алхохол,кафиња,цигари,шминки......... тоа се многу,многу повеќе од 4000 денари кои се даваат еднаш за цел живот..
Фала ти математика што ми направи. Вака испаѓа треба да и ја купам верата на ќерка ми. Еве ви 4000, дајте ми вера, фала, пријатно. Тарифник и црква не оди заедно. Верувам зашто сакам, не зашто морам. И треба да платам зашто сакам, а не зашто морам. Или не веруваат дека верниците ќе остават нешто, па мора вака стриктно да ограничат? Нормално дека сакам да оставам пари, посебно за таков чин, ама тоа треба да биде мое колку јас ќе оставам. Колку се чувствувам должна да оставам. Колку го ценам се тоа што Бог ми го дал. Ама па како ќе возат такви коли и ќе живеат така? Се е извитоперено, па зашто не и црквата. Толку од мене.
Те разбирам,ама не си во право Кршетвката е нешто кое е бесценето,нема цифра која може да ја одреди нејзината вредност бидејќи таа е билетот(првиот дел од билетот) за влез во Царството Небесно.Друго,како што реков,сите од нас,во нашиот живот имаме илјадници евра оставено на пива,кафиња и други сосем небитни работи без кои може сосема супер да функционираме.Значи 4000 денари не е ништо,затоа што додека да се дојде до крштевка........... родителите може да заработаат пари за 3 крштевки.Да беа 4000 евра тоа е друго.Тогаш би било многу и премногу.Вака не е ништо.. Ќе повторам уште еднаш,ако некој е вистински сиромашен,неможе да си дозволи 4000 денари тогаш ти гарантирам дека тој ќе биде крстен безплатно.Он или неговото дете бидејќи такви се Каноните на Црквата. Ако некој свештеник каже дека нема да крсти некого зошто тој не платил зошто нема пари,слободно пријавете го во надлежната епархија и тој ќе биде расчинет.
Во црквата Света Тројца (во Мичурин) крштевањето е бесплатно. Моја другарка таму го крсти детето. Оставаш колку што сакаш. Е ова е за почит.
Токму затоа и не треба да се става цена. Ама очигледно Црквата не верува во народот, па мора вака со изнудување.
Дететo сo крштевaњетo јa пoпримa верaтa нa свoите претци. Семејствoтo Бoжјo дoбивa нoв член. Сметaм декa црквaтa е тaa кoјa требa дa гo дaрувa дететo, симбoличнo, нa пр. крст, икoнa, библијa. Имa луѓе штo немoжaт дa си дoзвoлaт дa плaтaт крштевкa. Жaлнo. Мoжеби пребa дa имa викенд aкцијa, летен пoпуст, ...незнaм
И Свештениците имаат семејства кои чекаат леб.. и они имаат сметки Пример народната кујна на МПЦ во Скопје се финансира од тоа.. ама да не навлагам понатаму ќе отидам ептен офтопик.Сосема е оправдано плаќањето.. Тоа е секуларизам.
Имаат, имаат, да видиш свештеникот мојата ќерка што ќе ја крштева каков мерцедес вози, каков што јас можам само да сонувам. Па да видиш како излегува, пие само определено виски, па каде беше на одмор. Стварно имаат трошоци и е ептен оправдано ние да ги издржуваме.
Слушај божествен човек иде у паќет со божанствена кола И јас сум против тоа што имаат такси,ама има и бетер верувај.Во Германија имаш такса за црква и месечно ти кинат процент од плата во зависност од тоа колку ти е висока.Резултат пола Германија се атеисти и не плаќаат Инаку во овој поглед може да ја пофалам православната црква и ако си православен тука не ти кратат данок.Да беше поинаку и јас ќе бев атеист Во црква не верувам само во Господ и светците,друго се ми е дубара за пара.
Абе душо моја, 4000 ден.мене не ми е дневница, па ни на судиине и на докторите а па не сатнина да плаќам 4000 ден. а за царството небесно незнам дека требало билет