Кумство

Дискусија во 'Свадба' започната од aNy-to, 3 септември 2010.

  1. Enamena

    Enamena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    107
    на мојата свадба кумови ни беа братучед му од мм, прашавме во црква и ни дозволија, но за сестра нема шани да дозволат. според мене премногу е сестра ти да ти биде кума... :x
     
  2. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.483
    Допаѓања:
    4.357
    Пол:
    Женски
    Девојки, ќе може ли да ми објасните како идат адетите во Кочани и натму за кумство? Што треба кумот да донесе, што кумата, што треба да се плати од страна на кумот? Знам само дека треба да се плати венчавката во црква, потоа свеќи, материјал, торта, бидермаер.. друго?
     
  3. 3ckap3cka

    3ckap3cka Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    7
    Девојки дали некоја знае дали е вистина тоа ако бидам кума сега една година после тоа несмеам да се мажам? :!:
     
  4. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Тоа е верување кое црквата не го поддржува. Нашите кумови се земаа 8 месеци пред нас. Баш прашував поп и ми рече дека сме можеле уште наредниот ден да се венчаме, не треба да се чека една година. Истото важи и за девер и за старосвати. :)
     
  5. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.426

    нема врска тоа. бабини деветини се тоа. Можеш слободно да се мажиш.
     
  6. hanny

    hanny Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    61
    Здраво девојки,

    Наредната недела сме кумови и навистина сум возбудена како ке помине се дали ке биде во најдобар ред. особено бидејки сакаме да им го направиме меркаот на младоженците онака како што имаат замисла :D
    Но околу обичаите и обврските на кумата наидувам на многу верзии доколку знаете помагајте
    Во црква дали ги префрла со бонбони младите свекрвата или кумата или и двете?
    изминативе недели се изнаслушав сешто и невестава незнае помагајте :D
     
  7. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    305
    Нека ви е среќно кумството, еве и јас сума тазе кума :D па ке споделам како јас правев. Кога ке почнат поповите да пејат се палат свеќите, па кога ке почнат да вртат кругови ти одиш позади нив и фрлаш бонбони. Доколку ти останат од нив нешто ги фрлаш кога излегуваат од црква. Бонбони фрла и кумата и свекрвата.
     
  8. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.074
    вистина е,прашај и во црква и таму ке ти кажат дека неможеш
     
  9. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Слободно можеш да се мажиш кога сакаш. Дури ако сакаш и следниот ден можеш :)

    Нека ви е среќно кумството, и јас бев кума на свадба пред две недели и фрлав бонбони заедно со свекрвата. Бонбони се фрлаат кога се вртат кругови, а ти одиш позади нив и пази да не удриш некој по глава со бонбоните, како јас што го удрив кумот односно дечко ми :lol: И кога излеговме од црква јас пак фрлав бонбончиња.
     
  10. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    И на нас тоа ни го збореа, ама се консултиравме со поп кој работи кај Г.Г. Стефан во резиденција и ни кажа дека тоа нема врска. Тоа се само бабини приказни.
     
  11. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Не е вистина, брат ми беше кум па за неполна година се ожени ( и венчаше нормално). Неколку попови имаме прашано и сите викаат дека народот сам си измислува.
     
    На nene88 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. 3ckap3cka

    3ckap3cka Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    7
    Девојки пак јас :lol: дали знаете колку пати можете да бидете сведоци на свадбаво матично? :$
     
  13. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.131
    Пол:
    Женски
    Колку пати ќе те викнат... нема ограничување
     
    На 3ckap3cka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Ние ке си ги прашаме стариот кум на мојот вереник што е бидејки ннвистина било грев да се одмине кум е сега мислам дека човекот е постар можеби нема да прифати ако си го предаде кумството на синовите во ред ако не со негов благослов ке си бараме ннов кум.
     
  15. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    885
    Ми треба помош-ми се породи кумашинката :) ке одиме попладне во болница-што да однесам??
     
  16. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Купи некои чоколадни колачиња,лигавче за бебето,може и сок во тетрапак и кошулка за бебето,дај му на бебето 100 денари и посакај му убав и долг живот и на него и на неговите родители! :)
     
    На SaNJaAaaAaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Имам една дилема.:?:

    Во среда и е на малата 40 дена, после молитвата веднаш продолжуваме со крстење.
    Сега дилемата ми е ова, кумот има девојка со која е околу 2 месеци, таа не учествува во чинот на крстењето ама е поканета на крштевката, не знам дали да и спремам бовча како на другите или како што мислам да си помине со еден парфем колку да не е без ич.
    Да беа подолго заедно немаше да се двоумам ама вака ми се чини како да се малку време заедно за да и се потресувам за бовча.:?:
    За мене додека не се ожени кумот негова девојка нема да биде кума, така барем јас размислувам можеби грешам?:^)
     
  18. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Јас мислам дека парфем е сосема доволно, сепак врската е многу кратка, на крај на краиштата не ја ни познаваш девојката многу-многу.
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    исто и јас се согласувам дека парфем е доволно колку ептен да не ја одминеш, за повеќе нема потреба сепак не е кума
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Enamena

    Enamena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    107
    И јас се согласувам со претходните коментари. Еве да пишам и јас на оваа тема мое искуство со кумовите. Нас кум ни беше роднина на мм, се дружевме многу и со неговата сопруга. Меѓутоа кога би се прашувала сега никогаш не би ги побарала за кумови. И тогаш се мислев ама мм и свекор ми инсистираа, особено дека беше негов внук од братучедка. Одма после свадбата почнаа чудно да се однесуваат, блискоста ја помешаа со.културата. Се опуштија во разговор, почнаа да плескаат се што ќе им текне, дури се дрзнаа да не понижат пред нивни пријатели. Замислете дојде ред да се фатат за 4000 ден што мм ги зел од нив на заем, а тоа што он им даде два пати по700 евра исто така на заем, нема врска. Многу сум разочарана од нив, ептен сме кумови па се ободувам да држам некој баланс, но ако продолжи вака нема да ќутам, па што сака нека биде. Што мислите вие, како да постапувам понатака?