на мојата свадба кумови ни беа братучед му од мм, прашавме во црква и ни дозволија, но за сестра нема шани да дозволат. според мене премногу е сестра ти да ти биде кума...
Девојки, ќе може ли да ми објасните како идат адетите во Кочани и натму за кумство? Што треба кумот да донесе, што кумата, што треба да се плати од страна на кумот? Знам само дека треба да се плати венчавката во црква, потоа свеќи, материјал, торта, бидермаер.. друго?
Девојки дали некоја знае дали е вистина тоа ако бидам кума сега една година после тоа несмеам да се мажам?
Тоа е верување кое црквата не го поддржува. Нашите кумови се земаа 8 месеци пред нас. Баш прашував поп и ми рече дека сме можеле уште наредниот ден да се венчаме, не треба да се чека една година. Истото важи и за девер и за старосвати.
Здраво девојки, Наредната недела сме кумови и навистина сум возбудена како ке помине се дали ке биде во најдобар ред. особено бидејки сакаме да им го направиме меркаот на младоженците онака како што имаат замисла Но околу обичаите и обврските на кумата наидувам на многу верзии доколку знаете помагајте Во црква дали ги префрла со бонбони младите свекрвата или кумата или и двете? изминативе недели се изнаслушав сешто и невестава незнае помагајте
Нека ви е среќно кумството, еве и јас сума тазе кума па ке споделам како јас правев. Кога ке почнат поповите да пејат се палат свеќите, па кога ке почнат да вртат кругови ти одиш позади нив и фрлаш бонбони. Доколку ти останат од нив нешто ги фрлаш кога излегуваат од црква. Бонбони фрла и кумата и свекрвата.
Слободно можеш да се мажиш кога сакаш. Дури ако сакаш и следниот ден можеш Нека ви е среќно кумството, и јас бев кума на свадба пред две недели и фрлав бонбони заедно со свекрвата. Бонбони се фрлаат кога се вртат кругови, а ти одиш позади нив и пази да не удриш некој по глава со бонбоните, како јас што го удрив кумот односно дечко ми И кога излеговме од црква јас пак фрлав бонбончиња.
И на нас тоа ни го збореа, ама се консултиравме со поп кој работи кај Г.Г. Стефан во резиденција и ни кажа дека тоа нема врска. Тоа се само бабини приказни.
Не е вистина, брат ми беше кум па за неполна година се ожени ( и венчаше нормално). Неколку попови имаме прашано и сите викаат дека народот сам си измислува.
Ние ке си ги прашаме стариот кум на мојот вереник што е бидејки ннвистина било грев да се одмине кум е сега мислам дека човекот е постар можеби нема да прифати ако си го предаде кумството на синовите во ред ако не со негов благослов ке си бараме ннов кум.
Купи некои чоколадни колачиња,лигавче за бебето,може и сок во тетрапак и кошулка за бебето,дај му на бебето 100 денари и посакај му убав и долг живот и на него и на неговите родители!
Имам една дилема. Во среда и е на малата 40 дена, после молитвата веднаш продолжуваме со крстење. Сега дилемата ми е ова, кумот има девојка со која е околу 2 месеци, таа не учествува во чинот на крстењето ама е поканета на крштевката, не знам дали да и спремам бовча како на другите или како што мислам да си помине со еден парфем колку да не е без ич. Да беа подолго заедно немаше да се двоумам ама вака ми се чини како да се малку време заедно за да и се потресувам за бовча. За мене додека не се ожени кумот негова девојка нема да биде кума, така барем јас размислувам можеби грешам?
Јас мислам дека парфем е сосема доволно, сепак врската е многу кратка, на крај на краиштата не ја ни познаваш девојката многу-многу.
исто и јас се согласувам дека парфем е доволно колку ептен да не ја одминеш, за повеќе нема потреба сепак не е кума
И јас се согласувам со претходните коментари. Еве да пишам и јас на оваа тема мое искуство со кумовите. Нас кум ни беше роднина на мм, се дружевме многу и со неговата сопруга. Меѓутоа кога би се прашувала сега никогаш не би ги побарала за кумови. И тогаш се мислев ама мм и свекор ми инсистираа, особено дека беше негов внук од братучедка. Одма после свадбата почнаа чудно да се однесуваат, блискоста ја помешаа со.културата. Се опуштија во разговор, почнаа да плескаат се што ќе им текне, дури се дрзнаа да не понижат пред нивни пријатели. Замислете дојде ред да се фатат за 4000 ден што мм ги зел од нив на заем, а тоа што он им даде два пати по700 евра исто така на заем, нема врска. Многу сум разочарана од нив, ептен сме кумови па се ободувам да држам некој баланс, но ако продолжи вака нема да ќутам, па што сака нека биде. Што мислите вие, како да постапувам понатака?