Кумство

Дискусија во 'Свадба' започната од aNy-to, 3 септември 2010.

  1. Gossipgirl31

    Gossipgirl31 Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2023
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Сегде различни кај нас носат 2 свеќи старосватовите, 2 кумовите.
    и едните и другите си плаќаат во црква..се друго по договор
    а бонбончињата и беше мерак на свекрва ми, од црква ни кажаа може кумата или свекрвата и не е задолжително фрлањето..
     
  2. LolaLala

    LolaLala Активен член

    Се зачлени на:
    16 април 2025
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Нас ни рекоа дека е задолжително кумата бомбони со жито бидејќи до тоа давала благослов за дечиња итн.
     
  3. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.355
    Пол:
    Женски
    Крштеница.
     
  4. Gossipgirl31

    Gossipgirl31 Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2023
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Абе кај измислувате вакви работи, нас свештеникот ни кажа ништо не треба затоа што се верува дека сигурно нема некој да лаже во црква.. кај ќе најдете крштеница, јас ни мојата не знам каде е
     
  5. Gossipgirl31

    Gossipgirl31 Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2023
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Сегде различно, еве јас бремена пример ќе правам венчавка
    Свештеникот ми кажа дека тоа е адет на луѓето, не е црковен обичај па немало потреба. По наша желба тоа да било и дека може или кумата или свекрвата да фрла ако решиме, како сакаме.
    Читам некои цркви барале пешкири, зејтин.. кај нас стварно само основни ни побараа нели погача, вино, свеќи, платно, бурми..
     
  6. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    2.770
    Пол:
    Женски
    Пешкир и зејтин за крштевка ми бараа, за венчавка погача и вино од свекрвата, платно, свеќи и бурми.
     
  7. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.355
    Пол:
    Женски
    И јас не знаев каде е, во црквата кај што сум крстена веднаш ми извадија нова, исто и на мм, не знам за другите, ама ние си носевме крштеници, јас, мм, кумот, старосватот и деверот.
    Може и воопшто да не побараат, ама добро е да се има.
     
  8. Gossipgirl31

    Gossipgirl31 Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2023
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Јас прашав стрикно ми кажаа не, али гледам секоја црква различни барања има, што не е во ред.
    Треба сегде исто да е.
     
    На Трагедијаупмм и Anyshka им се допаѓа ова.
  9. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.355
    Пол:
    Женски
    Материјал знам носат и кумот и старосватот, нас попот ни кажа само кумот.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LittleLilit

    LittleLilit Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2020
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае дали постои опција доколку кумот не е крстен, да не венча мене и партнерот? Не сакаме друг кум, тој е најдобар пријател на маж ми и не сакаме да земаме друг да биде сведок ради реда да ја истераме процедурата.. ќе имаме церемонија со отец надвор од црквата, но сакаме кумот да ни биде кум, а не некој друг.
     
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.731
    Допаѓања:
    38.466
    Пол:
    Женски
    Не. Кумот треба да е крстен.
     
  12. Sss26

    Sss26 Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2025
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Нас во соборна нит не прашаа дали сведоците а и ние сме крстени, нит побараа крштеница.
     
  13. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    2.105
    Пол:
    Женски
    Затоа што се подразбира дека штом си дојден да се венчаваш или да венчаваш во црква дека си и крстен.
     
    На SummerGirl и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.977
    На мене и кумот на свадбава не ни побараа ништо освен лични карти.
     
  15. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.278
    Допаѓања:
    27.970
    Н
    Не. Нашиот кум се крсти пред нашата свадба. После таман и за неговата си правеше свадба во црква.
     
  16. Missromance

    Missromance Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2021
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Dali i svadbenata torta ja kupuvaat kumovite, pokraj bidermaerot? Togas starosvatovite sto kupuvaat? Koi se nivni zadolzenija?
     
  17. nice-girl

    nice-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    1.071
    Допаѓања:
    904
    во секој град различни адети за кумовите. Бидермаерот и чевлите ги купува деверот и кај нас свадбената торта си ја купуваат младоженците а кумовите носат друга торта. Старосватите исто 2 свеќи во црква и на крај сите плаќаат во црква ,со договор на младоженците може да донесат и они торта ( кумот,младоженецот,старосватот,деверот и нз дали и таткото на невестата)
     
  18. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.278
    Допаѓања:
    27.970
    Може и ништо од ова да не платат старосвати и кумови, односно да си платат се младите. Се е договор помеѓу вас.
     
    На nice-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. BubamaraM

    BubamaraM Активен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    99
    Не сум знаела дека може да венчаат надвор од црква, од кога е ова?
     
  20. LolaLala

    LolaLala Активен член

    Се зачлени на:
    16 април 2025
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Ние како кумови купивме чаши украсени за во матично и шампањ, бидермаери два, свадбената торта, плативме во црква дел од износот, материјал за врзување во црква, жито и бомбони.. така побараа младоженците иако другите ни кажаа дека шампањот и чашките требало да бидат од нив. Исто така, не донесоа прасе бидејќи веќе не се носело...не знаев за такво нешто. Неме везе, секако јас не јадам месо ама воопшто не направија чест. Со среќа нека им е.