Сегде различни кај нас носат 2 свеќи старосватовите, 2 кумовите. и едните и другите си плаќаат во црква..се друго по договор а бонбончињата и беше мерак на свекрва ми, од црква ни кажаа може кумата или свекрвата и не е задолжително фрлањето..
Нас ни рекоа дека е задолжително кумата бомбони со жито бидејќи до тоа давала благослов за дечиња итн.
Абе кај измислувате вакви работи, нас свештеникот ни кажа ништо не треба затоа што се верува дека сигурно нема некој да лаже во црква.. кај ќе најдете крштеница, јас ни мојата не знам каде е
Сегде различно, еве јас бремена пример ќе правам венчавка Свештеникот ми кажа дека тоа е адет на луѓето, не е црковен обичај па немало потреба. По наша желба тоа да било и дека може или кумата или свекрвата да фрла ако решиме, како сакаме. Читам некои цркви барале пешкири, зејтин.. кај нас стварно само основни ни побараа нели погача, вино, свеќи, платно, бурми..
И јас не знаев каде е, во црквата кај што сум крстена веднаш ми извадија нова, исто и на мм, не знам за другите, ама ние си носевме крштеници, јас, мм, кумот, старосватот и деверот. Може и воопшто да не побараат, ама добро е да се има.
Јас прашав стрикно ми кажаа не, али гледам секоја црква различни барања има, што не е во ред. Треба сегде исто да е.
Дали некој знае дали постои опција доколку кумот не е крстен, да не венча мене и партнерот? Не сакаме друг кум, тој е најдобар пријател на маж ми и не сакаме да земаме друг да биде сведок ради реда да ја истераме процедурата.. ќе имаме церемонија со отец надвор од црквата, но сакаме кумот да ни биде кум, а не некој друг.
Затоа што се подразбира дека штом си дојден да се венчаваш или да венчаваш во црква дека си и крстен.