Кумство

Дискусија во 'Свадба' започната од aNy-to, 3 септември 2010.

  1. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.346
    Допаѓања:
    2.868
    Пол:
    Женски
    Младенците вас да ви донесат прасе ?
    Кога ?
    Кај нас кумовите носеа и старосватот исто.
    Кумови :подарок,корпа со виски и бомбончиња во црква -нивна желба.
    Задолжително - платно и свеќи за во црква и плаќање на дел.
    По адети :бидермаерот, прасе,торта ама обична.
    Свадбената беше од ресторанот.
    Шампањ во матично немавме ,во сала од ресторанот имаа
     
  2. LolaLala

    LolaLala Активен член

    Се зачлени на:
    16 април 2025
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Кај нас со вечера ги пречекавме кога дојдоа официјално да не поканат со колак. После тоа за свадбата: два бидермаери, шампањ и четири украсени чаши за шампањ, корпа со бомбончиња и жито, платно (од кое невестата треба да си сошие нешто подоцна), свеќи и свадбената торта на три спратови, украсена по желба на невестата и бидермаерите по нејзина желба (јас ја прашав какви сака да бидат). И исто дел од сумата во црква ние.
    По адет чашите и шампањот во матично се од нив.
    Не прашаа дали сакаме да не земат од дома со музика, рековме нема потреба, рекоа добро тогаш на улица пред куќата но кога стигнавме немаше никој апсолутно да не пречека, сами влеговме си застанавме на маса со другарите. По адет кај нас во сала се носи печено прасе на кумот, тој става пари и после тоа прасето се дели по гостите, но немаше прасе...
     
  3. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.346
    Допаѓања:
    2.868
    Пол:
    Женски
    Епа чим е адет требало ,барем да речеле ете не ни стигаат пари или не знам не сакаме да колеме било шо...
    Ние само згрешивме што не ги поканивме со погача ама никој не ни кажа а баш и нив ги прашував пошто јас од друго место сум кај нас нема тоа после на следни свадби гледав и ми беше глупо ама помина тоа е...
    Имав јас подароци други ама немав погача.
     
  4. nice-girl

    nice-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    992
    јас се чудам колку мала земја сме а со толку разни адети од град до град за свадбиве посебно за сведоциве, во некои градови испаѓа кумовите уште целата свадба да ја платат во секој случај убаво е да бидеш сведок било за кум, девер, старосват ама и да ти направат чест
     

    Прикачени фајлови:

    • 0104.gif
      0104.gif
      Големина на фајлот:
      13,9 KB
      Прегледи:
      2
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Trupko

    Trupko Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2024
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Добро утро, кажете ми за кумство ми спомнаа свеќите за во црква требало да бидат купени во црква. Конкретно во Соборен храм е венчавката, дали од тамо да ги земам или може од било која друга црква? Некој со слично искуство?
     
  6. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.877
    Допаѓања:
    12.891
    Пол:
    Женски
    Од било која црква можеш. Битно од црква да се купени.
     
  7. Annanas

    Annanas Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2023
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Девојки да прашам нешто. Јас и мојот дечко се веривме, сега планираме свадба па следствено на тоа треба кум и старосватица да бараме..Прашањето ми е затоа што читав на неколку наврати дека правилно е да се праша стариот кум дали сака да продолжи кумство или не.. е сега родителите на вереникот се разведени а со кумовите немаат никаква поврзаност, блискост и комуникација па повеќе од 15 години а и повеќе. Јас се јавив во црквата каде што ќе се венчаме, ми кажаа дека без нивна дозвола може да бараме нов кум штом се работи за некомуникација со стариот кум. Што мислите вие и дали сте имале слично искуство? Некаде читав дека е грев и слично ама штом од црква ми го рекоа тоа најверојатно не би требало да биде нели.. Ве молам споделете ваши искуства ако сте имале слични
     
  8. BubamaraM

    BubamaraM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    726
    Постои некоја пракса да се бара благослов од стариот кум, односно да му се каже дека се планираат други за ново кумство, па од стариот демек се зема благослов. Ама и оваа пракса е останата од стари и сум ја чула, колку се применува во денешно време не знам. Штом сте прашале во црква, терајте си и ич да не се секирате.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Annanas

    Annanas Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2023
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    обично не сум суеверна и слично ама така ми дојде на мисла од читање викам да не направиме некој грев (така прочитав ) затоа што кум е света работа.. па ме фати малку страв
     
  10. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.067
    Допаѓања:
    13.409
    Пол:
    Женски
    Ако планирате да ги поканите на свадба, убаво е да се видите и да побарате благослов. Не за друго, за свој мир, да не ти е на мисла понатака.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Annanas

    Annanas Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2023
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Нема да ги покани ма свадба затоа што последен пат кога ги видел било кога имал 12 години а сега има 32.. никогаш после тоа немале комуникација
     
  12. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.067
    Допаѓања:
    13.409
    Пол:
    Женски
    Па тогаш остави на вереникот да одлучи, како се осеќа така нека направи.
     
    На Mumoftwo30 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  13. CareTee

    CareTee Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    3.783
    Пол:
    Женски
    Ние бевме во слична ситуација. За наш раат си бевме кај старите кумови да го запазиме редот и адетот. Они не беа во сјајна финансиска ситуација, ама убаво беше што ги прашавме. Не не ни одбија искрејно рекоа ако имате други во план слободно имате благослов да ги прашате а доколку се случи да не се снајдеме со кум ни рекоа тука сме секако.
    Ако можето чисто еден разговор не е страшно воопшто според мене, се зависи на кој основ е прекината комуникацијата.
     
    На Mumoftwo30 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  14. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.346
    Допаѓања:
    2.868
    Пол:
    Женски
    Исто.
    Само нашите не сакаа дека биле стари а децата не сакале да се врзуваат. Ние секако си имавме други ама ми беше шубе да не прашам.
     
    На Mumoftwo30 и CareTee им се допаѓа ова.
  15. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.243
    Допаѓања:
    26.347
    Пол:
    Женски
    И на мм стариот кум не го имаше видено од дете ама ние бевме кај нив, земавме благослов за друг да ни биде кум ама и ги поканавме на свадба како стари кумови, они не беа скарани само што со тек на време престанале да се слушаат, испоштуваа и дојдоја сите на свадба со ептен чест како стари кумови. Ете од тогаш не сме ни видени пак. И мајка и татко се кумови ради старо кумство што презеле, немаат со кумашините контакт ама они се јавија исто кај нас.
     
    На CareTee и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  16. Mommy. S

    Mommy. S Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2025
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Кај нас маж ми другар му го праша за кум и прифати. Но на секоја манифестација да речам каснат и немат никаква почит спрема нас со жена му. Дури и другарството е сведено на минимум. Се прашувам дали би било грев да се откажи кумството? Некако се е на сила со нив.
    Пример на првиот роденден на детето дојдеа после саат време. И слични работи. Се плашам дека слично ќе биде и крштевка..
     
  17. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    3.629
    Пол:
    Женски
    Не знам дали може да се откаже кумство. Тој ве венчал, не може да се смени тоа. Ама може да одлучите детето да ви го крсти некој друг.
    Како и да е, поголем грев е ако го направите тоа без да ги известите за намерата.
    И од друга страна, што значи тоа немаат никаква почит? Тоа што доцнат на настани? Ние имаме блиски луѓе кои секогаш доцнат зашто едноставно се такви и како такви ги имаме прифатено, но тоа не е причина да се скараме со нив.
    Можеби е подобро да поразговарате со нив, да им кажете што ви пречи, да ги замолите да дојдат на време барем таму кадешто нивното присуство е задолжително (како што е крштевката).
    Но во никој случај не препорачувам на своја рака однострано да откажувате нешто или да си одлучите дека нема тој да го крштева детето - барем известете го за намерата, прашајте го дали е во ред со тоа.
     
  18. Mommy. S

    Mommy. S Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2025
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Немам душа да ги откажам. Не нема уште венчано во црква. Треба сега заедно со крштевката.
    Пример бевме договорени за кај нив на седенка. ,,Кумот,, беше уште во град на пијачка додека жена му не гледаше као вишок сме, кај најдовме да дојдеме на гости баш сега. Иако кумот не беше поканил. Значи катастрофа од луѓе се и двајцата. Ама тоа е.
     
  19. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.243
    Допаѓања:
    26.347
    Пол:
    Женски
    Па значи не сте кумој ако нема венчано, слободно можете да битате нов со благослов од стариот кум.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    3.629
    Пол:
    Женски
    Во тој случај тој не ве почитува, а очигледно ни жената не си ја почитува ако не и кажал дека ќе дојдете на гости и ја оставил сама да ве пречека.
    Штом не ве венчал и не ве почитува, можете со време да се предомислите ако мислите дека така е подобро.
    Сеуште немате никаква обврска кон него.
     
    На Mumoftwo30 и SummerGirl им се допаѓа ова.