А што ви рекоа зошто не ве поканиле? Си одбрале друг кум или? Нели кум и старосват се сведоци на регистрација?
Незнаеле дека треба да ни кажат, мислеле дека кој било можи да биди сведок на регистрација а видовме на сликите дека деверот беше а друг кој се потпиша од присутните незнам.Ако кумот не го рачуна со најблиските, незнам за што е друго
Ако ви се извиниле не требало да го откажувате кумството можеби стварно не знаеле. Немало ли некој постар да ги подучи како треба? Ваша си е одлуката што сте се откажале, ве разбирам дека сте навредени и јас би била ама мислам дека сега веќе нема никогаш да имате ист однос како претходно.
Ако е вака ситуацијата како што кажуваш, скроз нефер излегле што не ви кажале и уште полошо, што сте дознале сами од социјални мрежи. Дури и убаво сте изреагирале после тоа што ви го направиле. А и да сакале други сведоци за регистрација, можеле да ви кажат па да се договорите само за венчавка да им бидете кумови, ама на ваков начин многу е ниско и некоректно од нивна страна. Кумот ти станува најблискиот роднина и нивна должност било да се информираат за обичаите, а и да не се обичаи во прашање, од култура и почит требало да ви кажат. А тоа што се извиниле не ги оправдува воопшто. Кај нас е обичај дури и да ти откаже стариот кум, да ти даде благослов и да го поканиш на свадба, а не пак вака кога ти се согласил. Нема оправдување за ова.
Кумовите се едни од најважните гости на свадбата. Требало да ве известат. Родителите нивни нели им имаат пренесено како одат работите? Еве и ние не знаевме па не водат нашите како што треба.
Зетот и невестата и двајцата се по околу 40 и нешто години , кога ни рекоа дека не знаеле мм му рече дека требаше да си прашаат или барем да не известеа,да ни кажеа каква е ситуацијата ,а имаат и родители. Незнам,незгодна ситуација.Ние многу ги почитуваме нашите кумови и затоа ни беше криво , ако тие не не рачунаат во “најблиски “зошто тогаш не бараат за кумови. Само за венчавка во црква и толку?
@Silce На 40г не знаат дека кумовите се важни? Не ми е јасно или ве прават будали. И јас да сум на ваше место би се откажала. Не ме почитуваш, бркај работа и не барај да те почитувам и јас.
Ми треба искрен совет. Ги поканивме за кумови едни пријатели повозрасни од нас 15на години, значи млади, еминетни луѓе да не речам. Повеќе се дружевме пред да станеме “фамилија”. Откако го крстија син ми, како да се намали целата комуникација, не мислам дека е намерно- брз живот и тешко наоѓање на време, меѓутоа, се немаа ни јавено да прашаат за детето како е што е, нема ни полни две години. Нит пакетче за нова година (да не мислите дека ми е до пакетчето дојдено, туку гестот). Второ што се случи е во последен момент нѐ поканија на родендените на нивните деца, буквално на денот на роденденот ни пратија покана, едниот дури откако им честитавме ни пратија, може немаше ни да пратат. Последно што се случи е тоа дека со кумот работиме иста професија, и отворено ме навреди пред сите колеги, со викање и мавање по маса, претешки зборови кажа за професионалното работење (што воопшто не му држи вода), тој е многу исфрустриран бидејќи апсолутно е безгласна буква и сите го множат со нула. На маж ми буквално му се дереше како требало и не требало. А да не правам муабет што тој никогаш отворено ништо не ми кажал, буквално збор не ми изустил, да рече демек загрижен е. После ова сфативме како воопшто не нѐ почитува како колеги, како луѓе пред сѐ, а да не зборам за срамот што го изедовме пред колегите. Ние демонстративно станавме и си отидовме. како вие би постапиле на наше место? Да не кажам дека ние сме литургиски луѓе, тие не се воопшто, за жал… иако во верата треба да се. Тешко искушение ни е не знаеме како да постапиме.
Без разлика дали сте литургиски луѓе или не, таков однос е скроз некоректен. Јас би се тивко дистанцирала и би преќинала секаква комуникација.
Срамота, баш заради тоа што сте блиски не требало на работа така да ви се испонаша. Да не ви се замерил нешто од претходно? Ама пак е неприфатливо такво однесување. Сѐ може да се реши на мирен начин. Ако не може да се реши со муабет и ако не се извини дистанцирајте се. Улогата може да ја преземе старосватот и да ви крсти дечиња.
Може си имал долга фрустрација, ако е како што кажуваш на работно поле. Па се ,,истурил” врз вас. Во секој случај,е скроз неприфатливо однесување. И верувам дека болката е поголема, со фактот дека сте биле блиски.
Би се тргнала, такви господ нека им суди. Какво е тоа однесување? Не мислат дека се кумови дека утре/задутре треба децата да ви ги венчаваат? Внуците да ги крстат? Ни грам почит. Не заслужуваат да ги почитувате искрено, малку е зафркнато дека се кумови, ама тоа е што е. Не знам инаку дали се раскинува, мислам дека не, ама ако знае некој нека каже. Инаку нема врска годините, и нашите се доста повозрасни од нас 20г мислам ама максимално почитуваат, дури кога ги каневме беа ептен среќни и со цел благослов прифатија да ни се кумови.
Не се раскинува. Се дистанцираш како да ништо не ти ни биле. Нема да сте ни први, ни последни. За понатаму може да си најдете нов кум или старосватот да го прашате. Не е ваш грев, нивни е.
Може старосват пример. Кај нас беше договорено меѓусебно првото кумот, второто старосватот и децата заедно ни се крштеваа ама со различни кумови. Уствари ова е пракса во некои делови во Мк.
Ова нема врска со кумство. Ова е врв на некултура на сите нивоа. Такво однесување и од познаник, и од колега е неприфатливо. Прво, на работа има кодекс на однесување, без разлика дали сте само колеги или кумови. Тоа што сте кумови е уште поголема срамота. Ама нивна, не ваша.