Купување стан

Дискусија во 'Дом' започната од rajna-vojvoda, 20 февруари 2012.

  1. Maja SN

    Maja SN Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2024
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки. Дали некој има и би сакал да сподели искуство за Биси, конкретно Тафталиџе 1.
    Дали има добра звучна и топлотна изолација, колкав е месечен трошок за одржување на влезот, дали има некои проблеми со вода/канализација и слично. Ви благодарам однапред
     
  2. behappy111

    behappy111 Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2023
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Nisto ne e rabotata , ako imas zemano stan priklucise.
     
  3. HerbaJulia

    HerbaJulia Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво, не знам дали прашањево е за во оваа тема, меѓутоа дали има некој што живее во поновите згради на Саник кај поликлиника Јане Сандански спроти кулите кај Тобако 2, да сподели искуство дали има лебарки или бубашваби?
     
  4. butterfly_mk

    butterfly_mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2017
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Двата делови каде што се продаваат тие станови се неприфатливо далеку ако работата ти е после центарот па дури и во Центар. 11 Октомври vs Гази Баба Мерцедес. Ако би бирала можеби поарно 11 Октомври.
     
    На lina11 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    11.779
    Гледано од аспект на близина, подобро е 11ти октомври, ако се мисли на тие што се на булеварот Борис. од таму има 2.5км до центар, а од Фон 5км. Станбена населба е Кисела Вода, чисто население, додека кај Фон не ми се свиѓа што е индустриски дел, допрва треба да се урбанизира, несредено, не е безбедно за шетање навечер, приморан си со кола да се движиш.
    Елена Лука среден квалитет, овие не ги знам Real Estate, да не е агенција за недвижнини а друга фирма да ги гради? Со цена не знам како се, претпоставувам кај фон се поефтини.
     
    На Cutiepie123 и lina11 им се допаѓа ова.
  6. skyfly 5

    skyfly 5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2022
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    117
    Кај ФОН се градат повеќе згради до факултетот се гради Корнер Резиденс,зад факултетот е Космос а преку булеварот се градат уште 4-5 згради.Сепак овој дел е индустриски со голема бучава и загаденост(премногу камиони по булеварите поради близината на царински терминали и други индустриски објекти и ќе треба уште многу додека се среди).Инаку Real Estate Connection e агенција за недвижности која често нуди станови во овој дел.
    Во однос на К.Вода нас.11Октомври е поблиску до Центар и инфраструктурно е подобро поврзано.Тука освен Футура на Елена Лука се градат и комплекси на Трим Лум и на БИСИ.Веројатно би бил подобар избор,но треба да се има во предвид дека и двата реони уште долги години ќе бидат градилиште во околина ќе се градат уште нови објекти(секако зависи и од погледот и позицијата на станот,некои ќе бидат повеќе некои помалку засегнати).
    Во споредба цена со квалитет сметам дека во 11 Октомври зградите на Елена Лука па и останатите ќе бидат со подобар квалитет споредено со она кај ФОН.
     
    На Cutiepie123 и lina11 им се допаѓа ова.
  7. lina11

    lina11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2014
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    12
    Ви Благодарам ❤️
     
  8. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    467
    Пол:
    Женски
    Што мислите според вас, на која локација, во која населба, дел, улица, би купиле стан ако живеете сами. Имам 30год и лутам од Хиподром 2, па Аеродром, Карпош и Дебар маало. Предлог и други локации!
     
  9. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    888
    Допаѓања:
    1.679
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки.

    Започнуваме да гледаме станови и денес ќе одиме да видиме два. Би сакала да прашам, од тие што веќе сте купиле стан, што е главно да се гледа при купување стан, кои прашања да се постават пред да се купи станот од страна на правни работи итн?

    Фала ви!
     
    На Meddy, Seli20 и lina11 им се допаѓа ова.
  10. lejlla

    lejlla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    2.384
    Здраво, дали некој има искуство со стан од Дан Мак? Евентуално некој да не има купено стан во зградата кај Шампионче и да знае кога би бил технички прием на зградата?
     
    На Seli20 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ngorgiev

    ngorgiev Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2023
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    Ако некого го интересира за EastGate Living, во септември купивме стан таму по цена од 1400е/м2 + гаража 8700е. На Youtube поставив неколку видеа од прогресот на градбата.

    Повеќе детали околу прогресот и станот подолу, а ги имате видеата на крајот на постот. Сето ова е само информативно, нити сум агенција, ниту продавам станови :).

     
    На RespectAndObey, truffles и eliesaab им се допаѓа ова.
  12. ngorgiev

    ngorgiev Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2023
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    Прво и најбитно, кој е изведувач, кој ги гради, ако е некој што досега не градел кај нас може да вложите средства а станот да касни со години или никогаш да не се изгради.

    Втора работа, да имате флексибилност да земете кредит од која банка вие сакате, и да не сте ограничени, бидејќи имаше доста такви случаи, и на крај зградата се заврши со милион маани, луѓето се вселени со години а имотни листови уште нема, што значи станот го имате и ништо неможе да правите со него.

    Трета работа гледајте изведувачот да е транспарентен и на претходните објекти што работел да објавувал постојано по социјалните мрежи прогрес на градбата, да имате слобода да одите да го погледате станот кога сакате и тн.

    Друго што е битно, доколку го земате во градба и во некоја почетна фаза, да можете да си правите измени на проектот, пример да скратите или продолжите соба, да побарате дополнителни штекери, можеби скроз поразличен распоред на собите (имајки предвид дека секоја зграда над 8 ката внатре е со гипс картон).

    Истотака да имате избор од материјали, пример различни модели на керамика, нијанси на паркет, врати итн.
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ngorgiev

    ngorgiev Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2023
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    Ние имаме земено во градба во C1, подолу имаш видеа од прогрес кој сум ги снимал, и во самите видеа во описот имам пишано се околу прогресот и самите станови гледано од наша страна како купувачи.

     
  14. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    1.843
    Пол:
    Машки
    Зависи каков човек си и што ти треба. Хиподром според мене е далеку од сè, ако си друштвен човек што сака да излегува и да шета, таму искрено мислам дека забава за млади нема. Аеродром, Карпош и Дебар маало се супер за млади.
     
    На Seli20 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    1.843
    Пол:
    Машки
    Има, и ќе има албанци, и тоа во голем процент.
     
    На Seli20 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. peperutche21

    peperutche21 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.004
    Пол:
    Женски
    Здраво дали некој има купено стан во зградата на Саник кај хотел Русија, искуства да кажете и како течат работите со зградата
     
  17. ngorgiev

    ngorgiev Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2023
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    точно е, ама не целосно. Распрашајте се по луѓе кои имаат купено станови во Блок А и Б, и ќе видите дека третина и повеќе од становите се празни, голем дел од тие ги имаат купено Албанци од Косово, кој тука ќе доаѓаат да преспијат неколку пати во година. Плус имајте на ум од Албнаци до Албанци има разлика, поготово тие од Косово кои години живеат помеѓу Американции, и се многу поразлични од овие што вие ги знаете симнати од планина и ни ја водеа државата до скоро.
     
  18. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    1.843
    Пол:
    Машки
    Како и да е... Ќе се слуша албански доминантно во тој дел.
     
    На Seli20 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    888
    Допаѓања:
    1.679
    Пол:
    Женски
    Не гледаме станови во градба. Или стан за реновирање или веќе изградени.

    Фала ти на споределено мислење сепак!
     
  20. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    888
    Допаѓања:
    1.679
    Пол:
    Женски
    Тие што сте купувале стан, колку време сте барале стан пред да си најдете нешто нели што ви е по вкус и мерак?

    Не се разочарувам, но моменталниов маркет со станови е лудило, или е прескапо се', или немаат имотни листови, или ги продаваат по 2.000 евра стан од 35 квадрати.

    Не знам дали решивме во добар период да купуваме стан (потајно си се тешам дека да) ама еве вака да споделите искуства. Не брзаме никаде, мислам нормално не сакаме да сме веќе под кирија ама разгледуваме внимателно.
     
    На Seli20 му/ѝ се допаѓа ова.