Здраво феминки. Дали некој има и би сакал да сподели искуство за Биси, конкретно Тафталиџе 1. Дали има добра звучна и топлотна изолација, колкав е месечен трошок за одржување на влезот, дали има некои проблеми со вода/канализација и слично. Ви благодарам однапред
Здраво друштво, не знам дали прашањево е за во оваа тема, меѓутоа дали има некој што живее во поновите згради на Саник кај поликлиника Јане Сандански спроти кулите кај Тобако 2, да сподели искуство дали има лебарки или бубашваби?