Купување стан

Дискусија во 'Дом' започната од rajna-vojvoda, 20 февруари 2012.

  1. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    2.422
    Пол:
    Женски
    Не сите сакаат да одат во странство и да заработуваат па да дојдат и да купат стан во кеш, а и не сите можат.

    Според мене и тука ако земаш солидна плата, заедно со партнер/партнерка можеш да си земеш стан, и да си го исплаќаш со кредит какошто малтене 95% од луѓето прават. Може ќе го исплатиш и порано кредитот, ама не е невозможно ако имаш примања од 60к да земеш станбен кредит.
     
    На ocicka2014 и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  2. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.746
    Допаѓања:
    176.011
    Пол:
    Женски
    Не сите сакаат да заминат на 18год од дома.
    Некои сакаат да студираат, на пример.

    Смао не те разбрав убаво .
    За 10 год работа во Дубаи, Скандинавија и Германија успеа да заработиш да купиш стан у Скопје, добра кола и сега кога ќе се вратиш во Мк ќе бидеш финасиски безгрижна, фактички ќе живееш од спечаленото од изминатите 10 год.

    Браво
     
    На H.VAGA, bookslover, ocicka2014 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. NickOrvel

    NickOrvel Активен член

    Се зачлени на:
    Вторник
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    21
    Јас имав среќа да работам во компанија каде што немаше потреба да мислам за стан, кирија или храна, бидејќи сè ми беше вклучено. Моја единствена обврска беше да работам. Сакам да ги охрабрам сите млади луѓе да заминат, бидејќи ништо не е невозможно. Јас лично планирам на 30 години да запишам факултет и верувам дека секој може да си го оствари својот сон, без разлика дали тоа ќе биде тука или надвор од границите.Не жалам ниту еден момент што заминав толку рано.Веќе неможам да седам едноставно здосадено ми е , мислам дека ништо не пропуштив едноставно сакав тие години да ги искористам макисмално за работа.

    За мене, Скопје е убаво место. Според искуството што го имам од надвор, можам да кажам дека градот има свои предности и недостатоци, но сепак е многу поефтин од многу други градови слични по големина и значење. Со работата што ја имав, менував различни места каде што ќе ме испратат, и искрено можам да кажам дека Германија не ми се допаѓа. Не навлегувам во тоа кој каде работи и колку заработува, едноставно давам пример од мојот брат, каде што гледам дека не може да излезе на крај.
     
  4. NickOrvel

    NickOrvel Активен член

    Се зачлени на:
    Вторник
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    21
    Нормално е дека не можат сите да одат надвор, јас имам семејство и пријатели што се тука, но не гледам причина зошто млад човек да не се обиде, да не проба, да види како е да заработува и живее надвор. Домот секогаш ќе биде тука и секогаш може да се вратиш. Искуствата низ животот, луѓето што ги среќаваме и различните сплетови на околности што ни се случуваат ни помагаат да станеме подобра верзија од себе. Секој со своето, но искрен совет би дал на сите ако можеш да заминеш, зошто да не? Секогаш има каде да се вратиш во својот дом.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.746
    Допаѓања:
    176.011
    Пол:
    Женски
    Во ред е тоа.
    Само не ми кажа искрено
    Дали навистина ( во случајов со средна школа имаш заминато странство) за 10 години може да се заработи за стан во Скопје ,добра кола и да живееш безгрижна во Скопје, во смисол финансиски да си обезбедена
     
  6. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.909
    Допаѓања:
    18.796
    Пол:
    Женски
    Одговорно тврдам дека со пар со солидни плати може да купи еден стан. Толку.

    Ако некој има 4-5 стана, или има огромно наследство, или има прилив од странство, а изгледа знаеме и јас и ти на каков прилив мислам, односно по кој основ.
     
    На H.VAGA, Dust и bookslover им се допаѓа ова.
  7. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.909
    Допаѓања:
    18.796
    Пол:
    Женски
    Да, може.
    Познавам такви луѓе, и можам да претпоставам за што се работи. Сосема легално, без дилање или најстариот занат.
     
  8. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.746
    Допаѓања:
    176.011
    Пол:
    Женски
    Браво.
    На 18 год да отидеш и за 10 год да си дојдеш со толкав кеш , браво
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. NickOrvel

    NickOrvel Активен член

    Се зачлени на:
    Вторник
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    21
    Апсолутно да, прво да напоменам дека јас сум машко, не женско. Работа има и ќе има, и тоа за оној кој навистина сака да заработи и да се врати дома со резултати. Не е толку важен факултетот колку што е важна посветеноста и трудот. Јас лично работев за компанија која имаше глобално седиште, со филијали во различни земји, каде што не беше пресудно дали имаш факултет, туку колку си подготвен да работиш и да вложиш напор.

    Започнав со физичка работа на платформа за нафта, каде што работев и по 12 часа, па и повеќе дневно. Тешка, напорна работа, но која ми даде основа и искуство. Со текот на времето, напредував во други сектори во иста компанија, што ми покажа дека ако си упорен и покажуваш резултати, шансите за развој и подобрување на условите се реални.

    Значи, не се препуштајте само на формалното образование како единствен критериум. Во светот денес многу повеќе вреди практичната работа, посветеноста и желбата да се напредува. Ако имаш јасна цел и си спремен да работиш, патот ќе го најдеш.

    А оние што велат „нема работа“ – тоа е само изговор. Работата е тука, треба само да се тргне и да се работи напорно.
     
    На mira.mira, MilaSs12 и eliesaab им се допаѓа ова.
  10. NickOrvel

    NickOrvel Активен член

    Се зачлени на:
    Вторник
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    21
    Во Данска, конкретно, запознав многу Македонци кои студираат и живеат, особено во Алборг. Многу од нив се враќаат дома по некое време, а видов и многу што работат различни работи – од шофери на камиони, преку пица мајстори, хотелиерство, до различни занатски работи. Го зборувам ова главно за машките, од кои некои подоцна од овде си доведоа девојки или сопруги.

    Факултетот, искрено, ниту те прави подобар, ниту полош. За мене, најважно беше да се фокусирам на работа и заработка. Сега, на 30 години, имам желба да се запишам на Безбедност при работа, бидејќи тоа го работев на некој начин и сакам да го развијам уште повеќе.

    Посакувам на сите вашите желби да ви се остварат, без разлика во кој обем. Животот поминува многу брзо, но потребно е да имаме нешто што ќе ни биде крајна цел и мотив во патувањето наречено живот
     
    На MilaSs12 и eliesaab им се допаѓа ова.
  11. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.746
    Допаѓања:
    176.011
    Пол:
    Женски
    Најискрено,секоја чест за тебе.
    Фала на опширниот одговор (y)

    Прво мислев дека си трол:)
    Со среќа момче :d:
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ani23

    ani23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.054
    Пол:
    Женски
    Од сам старт имаше визија да одиш странство ,заработиш пари и купиш стан во СКОПЈЕ ,вложиш 10 години и се збогатиш и да бидеш без кредити ?Јас појма немав во тие години.
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.909
    Допаѓања:
    18.796
    Пол:
    Женски
    Знам повеќе луѓе, не на 18, ама на 22-24 почнуваат со работа во странство, и веќе на 30 и нешто се свои луѓе, со пари вложени во недвижности или некој бизнис.
    Но, ваквите се многу ретки. Почесто ги гледаме оние на кои администрација им е светиња.
    Фала на одговорот. Јас од луѓе околу мене имав идеја горе-долу кој пат го имаш фатено.
    Кога ке каже некој странство, одма Германија е замислата, ама реално има наши луѓе во Данска, Америка преку ворк енд травел, Блискиот Исток, па и Нов Зеланд, на бродови, кои без формално образование сега се на високи позиции.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  14. NickOrvel

    NickOrvel Активен член

    Се зачлени на:
    Вторник
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    21
    Да, од самиот старт – бидејќи потекнувам од работничко семејство, всушност како и поголем дел од нас во Македонија – знаев што следи ако останам. Немав желба да студирам, туку да работам, полн со елан и сила. Имав силна поддршка од семејството да си заминам, бидејќи сме тројца деца: еден брат веќе беше заминат на 20 години, најстариот студираше и сакаше да остане.

    Се сеќавам како вчера крај на јули ја земав дипломата од средно, а веќе во септември заминав со нешто помалку од 200 евра во џеб. Запознав многу, многу луѓе од Македонија имав чуство дека се е иселено, особено во периодот кога живеев и работев во Данска.

    Кога правам паралела пред 10 години и сега, ја гледам сликата на брат ми кој остана да студира и гради живот во Македонија. Еве, и тој сега планира да замине и чека одговор од австриска фирма за да се пресели за подобра плата за истата работа што ја работи во Окта.

    Така да, Скопје си е супер за живот, релативно ефтино, но за работа тешко. Со 500 евра плата тешко се склопува крај со крај. Кредит никако не сакам, дури и претплата кога знам дека секој месец треба да ја платам за телефон или интернет ме ремети психолошки, а не па да бидам роб на банка 5, 10, 15 или 20 години секои 30дена. Самата помисла на тоа ми создава стрес. Затоа за мене трајно решение е работа и само работа за да нема таков товар врз грбот и стрес.

    Во интерес на темата – дали некој од тука има стан во Треска Резиденс? Ако да, нека ми пише, имам неколку прашања. Благодарам.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  15. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    2.422
    Пол:
    Женски
    Kaкошто кажав и погоре, браво за можноста да отидеш во странство и тоа е многу паметна одлука, но не секој ја има опцијата да отиде во странство и да заработува па потоа да се врати тука со пари, затоа и не ми се допаѓа изборот на зборови “роб на банката“, затоа што сите ние сме робови на нешто, дали на системот, дали на образованието, дали на здравството секој еден од нас е роб.

    Банката е супер опција за кредит кога земаш редовна плата и си вработен тука и не гледам ништо лошо во земањето кредит за да си купиш свој стан доколку не си имал можност да отидеш во странство и да направиш повеќе пари па да се вратиш со истите тука, а и тоа е за голема почит.
     
    На V.N. и ani23 им се допаѓа ова.
  16. NickOrvel

    NickOrvel Активен член

    Се зачлени на:
    Вторник
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    21
    Перцепцијата кон банките е субјективна за некого тие се симбол на сигурност и можности, за некого – на ограничувања и обврски. Тоа е природно, и токму во тие различни ставови лежи убавината на животот, во спектарот на размислувања што нè обликуваат.

    Лично, јас никогаш не сум барал ништо од банкарскиот свет. Дури и со дигитализацијата на услугите, со плаќањата преку картички кои не можат да се избегнат, мојот став останува непроменет – ништо од тоа не е навистина бесплатно, и секоја привидна „слобода“ е условена. Кредити, депозити и сè друго што се нарекува банкарски услуги, не припаѓаат на мојот животен фокус и се трудам и воопшто да не постојат и размислувам за нивните услуги.

    Фокусот ми е на друго, а односот кон банкарскиот систем го оставам како елемент што не ја дефинира мојата егзистенција. Секој од нас го следи својот пат, но пред сè – да останеме луѓе.❤️
     
    На Paula123 и eliesaab им се допаѓа ова.
  17. HappyMe123

    HappyMe123 Активен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2025
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Машки
    Здраво на сите,

    И јас сум заинтересиран за купување стан во Скопје. Ги прочитав последните неколку страни од темата и имам неколку прашања, во смисла дали добро сум разбрал.

    Дали има или нема стан за купување во Скопје под 1500 еур квадрат? Односно, во кој интервал се движат цените? Која е просечна цена моментално во Скопје? Секако во зависност од локација, градба, опременост на станот...

    Дали од аспект на документи успешно финализирање на купување на стан значи поседување на имотен лист за станот? Тука претпоставувам дека има разлика дали се купува од физичко лице или од градежна компанија? Односно дали станот е веднаш вселив или не?
     
  18. ani23

    ani23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.054
    Пол:
    Женски
    Да имаш средства и да уплатиш стан во изградба ,ти е невидена лотарија да не кажам лудост-глупост,многу повеке од стан на кредит,не знаеш како ке испадне на крај.За твоево прашање со комшиите е лесно ,јави се на агентот кај што уплакаше ке ти даде контакти од лугето што ке бидат твои комшии наскоро,и плус сигурно и доагаат да си го видат станот штом се гради може да оствариш контакт.Баш ми е криво што младоста ти поминала странство во работа сам и без никој свој .Луге со страв од кредити имале сигурно многу лоши спомени од дете и живееле во тешка сиромаштија.Лично познавам еден таков ,уплав го фака од тоа нешто да потроши од плата и е траума за цел живот и криво ми е за него и жал ме фака .Тоа е екстрем исто како она да трошиш рандом и да не мислиш за утре и тешко се живее со таков човек.
     
    На V.N. му/ѝ се допаѓа ова.
  19. NickOrvel

    NickOrvel Активен член

    Се зачлени на:
    Вторник
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    21
    Готов стан е тешко да се најде, особено оној што навистина ќе ти се допадне. Обично или треба да се реновира, или има некоја мала фалинка која ќе ти пречи. Моето искуство покажува дека убавите станови со добро проектирани простории се продаваат веднаш, додека оние што остануваат обично не го нудат тоа што го бараш.

    Цената на готов стан е многу повисока отколку за стан во градба. Кога купуваш додека станот е во изградба, имаш многу повеќе избор – можеш првин да избереш материјали па и распоред во договор, што е навистина важно. На пример, мене ми се допадна комплексот „Треска“ има подно греење, плафонско ладење (не сакам радијатори, многу ми е ружно и прљаво кога ги гледам), енергетски ефикасна фасада, одличен таркет, квалитетна италијанска санитарија и плочки. Плус, локацијата е одлична – немораш да користиш кола за сè, а паркингот и гаражите се супер организирани, што е исто така важно.

    За пример, јас во треска пред две години платив 2400 €/м² за нова градба, карабина додека во центар за нова градба околу 1500 €/м² е тешко да се најде. Факт е дека цените растат – на пример, во 2020 година кај „Зебра“ нова градба беше околу 1700 €/м², но распоредот не ми се допадна мислам дека беше Саник не ми се допадна многу внатре беше глуп распоред.

    Мој совет: купувајте од проверен инвеститор, и кога зградата е веќе со некоја плоча да видиш распоред исто така проверете што претходно изградил и каква е неговата ликвидност. Среќно!
     
    На H.VAGA, mira.mira и HappyMe123 им се допаѓа ова.
  20. NickOrvel

    NickOrvel Активен член

    Се зачлени на:
    Вторник
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    21
    Не се сложувам со тебе и морам да те демантирам, а еве и зошто. Купувањето стан во градба не е ризик точно знаеш како ќе испадне, имаш нацрт и детали како ќе биде, и постојат пред-договори што опфаќаат што се обврзуваат двете страни од рокови до вселувања и слично.

    Јас имам позитивно искуство со тоа со купување на стан во градба.И од првиот момент знаев како ке изгледа идниот дом. Она што го барав го добив, така што не можам да кажам дека е поинаку.Мега Акустик се одлична градежна компанија – моето искуство со нив е позитивно.

    Не навлегувам во животите и траумите на другите, ниту во искушенијата што ги носи животот секој човек е пример за себе и го поминува својот пат на свој начин
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.