Купување стан

Дискусија во 'Дом' започната од rajna-vojvoda, 20 февруари 2012.

  1. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.014
    Допаѓања:
    2.407
    Пол:
    Женски
    Не сите сакаат да одат во странство и да заработуваат па да дојдат и да купат стан во кеш, а и не сите можат.

    Според мене и тука ако земаш солидна плата, заедно со партнер/партнерка можеш да си земеш стан, и да си го исплаќаш со кредит какошто малтене 95% од луѓето прават. Може ќе го исплатиш и порано кредитот, ама не е невозможно ако имаш примања од 60к да земеш станбен кредит.
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.744
    Допаѓања:
    176.000
    Пол:
    Женски
    Не сите сакаат да заминат на 18год од дома.
    Некои сакаат да студираат, на пример.

    Смао не те разбрав убаво .
    За 10 год работа во Дубаи, Скандинавија и Германија успеа да заработиш да купиш стан у Скопје, добра кола и сега кога ќе се вратиш во Мк ќе бидеш финасиски безгрижна, фактички ќе живееш од спечаленото од изминатите 10 год.

    Браво
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. NickOrvel

    NickOrvel Нов член

    Се зачлени на:
    Вчера
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    9
    Јас имав среќа да работам во компанија каде што немаше потреба да мислам за стан, кирија или храна, бидејќи сè ми беше вклучено. Моја единствена обврска беше да работам. Сакам да ги охрабрам сите млади луѓе да заминат, бидејќи ништо не е невозможно. Јас лично планирам на 30 години да запишам факултет и верувам дека секој може да си го оствари својот сон, без разлика дали тоа ќе биде тука или надвор од границите.Не жалам ниту еден момент што заминав толку рано.Веќе неможам да седам едноставно здосадено ми е , мислам дека ништо не пропуштив едноставно сакав тие години да ги искористам макисмално за работа.

    За мене, Скопје е убаво место. Според искуството што го имам од надвор, можам да кажам дека градот има свои предности и недостатоци, но сепак е многу поефтин од многу други градови слични по големина и значење. Со работата што ја имав, менував различни места каде што ќе ме испратат, и искрено можам да кажам дека Германија не ми се допаѓа. Не навлегувам во тоа кој каде работи и колку заработува, едноставно давам пример од мојот брат, каде што гледам дека не може да излезе на крај.
     
  4. NickOrvel

    NickOrvel Нов член

    Се зачлени на:
    Вчера
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    9
    Нормално е дека не можат сите да одат надвор, јас имам семејство и пријатели што се тука, но не гледам причина зошто млад човек да не се обиде, да не проба, да види како е да заработува и живее надвор. Домот секогаш ќе биде тука и секогаш може да се вратиш. Искуствата низ животот, луѓето што ги среќаваме и различните сплетови на околности што ни се случуваат ни помагаат да станеме подобра верзија од себе. Секој со своето, но искрен совет би дал на сите ако можеш да заминеш, зошто да не? Секогаш има каде да се вратиш во својот дом.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.744
    Допаѓања:
    176.000
    Пол:
    Женски
    Во ред е тоа.
    Само не ми кажа искрено
    Дали навистина ( во случајов со средна школа имаш заминато странство) за 10 години може да се заработи за стан во Скопје ,добра кола и да живееш безгрижна во Скопје, во смисол финансиски да си обезбедена
     
  6. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.909
    Допаѓања:
    18.792
    Пол:
    Женски
    Одговорно тврдам дека со пар со солидни плати може да купи еден стан. Толку.

    Ако некој има 4-5 стана, или има огромно наследство, или има прилив од странство, а изгледа знаеме и јас и ти на каков прилив мислам, односно по кој основ.
     
  7. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.909
    Допаѓања:
    18.792
    Пол:
    Женски
    Да, може.
    Познавам такви луѓе, и можам да претпоставам за што се работи. Сосема легално, без дилање или најстариот занат.
     
  8. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.744
    Допаѓања:
    176.000
    Пол:
    Женски
    Браво.
    На 18 год да отидеш и за 10 год да си дојдеш со толкав кеш , браво
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. NickOrvel

    NickOrvel Нов член

    Се зачлени на:
    Вчера
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    9
    Апсолутно да, прво да напоменам дека јас сум машко, не женско. Работа има и ќе има, и тоа за оној кој навистина сака да заработи и да се врати дома со резултати. Не е толку важен факултетот колку што е важна посветеноста и трудот. Јас лично работев за компанија која имаше глобално седиште, со филијали во различни земји, каде што не беше пресудно дали имаш факултет, туку колку си подготвен да работиш и да вложиш напор.

    Започнав со физичка работа на платформа за нафта, каде што работев и по 12 часа, па и повеќе дневно. Тешка, напорна работа, но која ми даде основа и искуство. Со текот на времето, напредував во други сектори во иста компанија, што ми покажа дека ако си упорен и покажуваш резултати, шансите за развој и подобрување на условите се реални.

    Значи, не се препуштајте само на формалното образование како единствен критериум. Во светот денес многу повеќе вреди практичната работа, посветеноста и желбата да се напредува. Ако имаш јасна цел и си спремен да работиш, патот ќе го најдеш.

    А оние што велат „нема работа“ – тоа е само изговор. Работата е тука, треба само да се тргне и да се работи напорно.
     
    На mira.mira, MilaSs12 и eliesaab им се допаѓа ова.
  10. NickOrvel

    NickOrvel Нов член

    Се зачлени на:
    Вчера
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    9
    Во Данска, конкретно, запознав многу Македонци кои студираат и живеат, особено во Алборг. Многу од нив се враќаат дома по некое време, а видов и многу што работат различни работи – од шофери на камиони, преку пица мајстори, хотелиерство, до различни занатски работи. Го зборувам ова главно за машките, од кои некои подоцна од овде си доведоа девојки или сопруги.

    Факултетот, искрено, ниту те прави подобар, ниту полош. За мене, најважно беше да се фокусирам на работа и заработка. Сега, на 30 години, имам желба да се запишам на Безбедност при работа, бидејќи тоа го работев на некој начин и сакам да го развијам уште повеќе.

    Посакувам на сите вашите желби да ви се остварат, без разлика во кој обем. Животот поминува многу брзо, но потребно е да имаме нешто што ќе ни биде крајна цел и мотив во патувањето наречено живот
     
    На MilaSs12 и eliesaab им се допаѓа ова.
  11. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.744
    Допаѓања:
    176.000
    Пол:
    Женски
    Најискрено,секоја чест за тебе.
    Фала на опширниот одговор (y)

    Прво мислев дека си трол:)
    Со среќа момче :d:
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ani23

    ani23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.046
    Пол:
    Женски
    Од сам старт имаше визија да одиш странство ,заработиш пари и купиш стан во СКОПЈЕ ,вложиш 10 години и се збогатиш и да бидеш без кредити ?Јас појма немав во тие години.
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.909
    Допаѓања:
    18.792
    Пол:
    Женски
    Знам повеќе луѓе, не на 18, ама на 22-24 почнуваат со работа во странство, и веќе на 30 и нешто се свои луѓе, со пари вложени во недвижности или некој бизнис.
    Но, ваквите се многу ретки. Почесто ги гледаме оние на кои администрација им е светиња.
    Фала на одговорот. Јас од луѓе околу мене имав идеја горе-долу кој пат го имаш фатено.
    Кога ке каже некој странство, одма Германија е замислата, ама реално има наши луѓе во Данска, Америка преку ворк енд травел, Блискиот Исток, па и Нов Зеланд, на бродови, кои без формално образование сега се на високи позиции.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.