Купување стан

Дискусија во 'Дом' започната од rajna-vojvoda, 20 февруари 2012.

  1. Tasha masha

    Tasha masha Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2025
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
  2. Ana159

    Ana159 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Здраво,
    Здраво,
    Јас имам купено стан во Треска и искрено не сум задоволна бидејќи има големо пробивање на роковите. Првата зграда требаше да биде пуштена пред 2 години, но сеуште се чека на тоа..да не зборуваме за другите згради.
    Они реално веќе имаат почнато изградба на повеќе згради паралелно, но ниедна не е пуштена.
    Доколку некој има најнова информација што последно кажаа и кој рок го дадоа би сакала да добијам информација.
    Искрено, баш е чудно како од толку згради досега никој не се побунил.
     
    Последна измена: 16 мај 2026
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    1.183
    Да се изрекламирам и тука, продавам стан во Александрија од 61 м2 и гаражно место, двете по имотен лист. Ако има заинтересирани пишете ми порака.
     
    На AngelaBB му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AngelaBB

    AngelaBB Нов член

    Се зачлени на:
    18 мај 2026
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво. Мала консултација со сите вие што сте поискусни при купопродажби.
    Накратко, го плативме станот во целот, и земавме и клучевни, но немаме договор. Само пред-договор. Зградата е скоро цела вселена
    Што е настрашно што може да се случи? Никогаш да не биде наш станот? Дали нешто го обврзува инвеститорот да потпише договор? Што е причина за неможност да потпишеме договор?
     
  5. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.176
    Допаѓања:
    7.595
    Zemete advokat , mora da imate dogovor za prodazba I solemizacija,potochno imoten list ao e platen vo celost stanot.
     
    На AngelaBB му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AngelaBB

    AngelaBB Нов член

    Се зачлени на:
    18 мај 2026
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Фала ти за коментарот. Не објаснив можеби добро, но станува збор за стан новоградба-надградба (Егејски згради во Автокоманда). Никој од комшиите што ги познавам немаат договор.
    Каде треба да одам и да прашам дали е се во ред со зградата? Или само административно се доцни?
     
  7. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    1.183
    Ако немате договор се уште и станот е новоградба најверојатно значи дека се уште е по лист за предбележување на градба, што во превод значи дека се уште не може да се завери договор. Зградата мора да има технички прием, што во превод би значело дека е изградена согласно одобрението за градење и основниот проект, за да може во АКН да се запиша на имотен лист. Честа ситуација е кај нас да се доцни многу со роковите. Затоа е посоодветно да се купува стан со имотен лист, но не секогаш тоа е возможно.
    Прашувајте, ќе ви одговарам правнички на прашањата како ќе стигнам.
    И со среќа на сите во потрагата по стан, знаж дека е тежок процесот до вселување.
     
    На AngelaBB му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SandraSejdin

    SandraSejdin Нов член

    Се зачлени на:
    11 мај 2026
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Го посетив објектот и решив да се откажам. Едноставно немам време, нерви ниту години да чекам нешто неизвесно. Еднаш веќе сум изгорена со инвеститори и навистина не сакам повторно да поминувам низ истото. Жал ми е за сите вас што чекате, затоа и прашав дали барем овие се асални инвеститори или на крај сите се исти ке соберат пари, и после ке биде..
    Искрено, права лудница е се градат повеќе згради, а ништо не е довршено, па ни таа првата што ја претставуваат. По моја логика, ако сакав да уплатам во карабина најверојатно ке се вселам 2030 нивно е како и на сите што побргу и на крај чекаш со години Не фала,немам живци за такво чекање одново. Околу цените на новите станови не би коментирала.

    Доколку некој продава стан во Капиштец до 50 м², нека ми пише.Или е заинтерсиран за купување во Аеродром.

    На сите што чекате вселување ви посакувам среќа.
    Јас се откажувам од Треска.
     
    На azelea, mira.mira и BubaMara89 им се допаѓа ова.
  9. BubaMara89

    BubaMara89 Нов член

    Се зачлени на:
    23 април 2026
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Ако некого го интересираат трендовите на цени и продажба/закуп, новиот извештај од катастар е излезен(за последните 3 месеци има нов извештај секои 3 месеци).

    Тука можете да видите како одат цените во реалност(што е валидно платено и за која општина во последнот квартал).

    upload_2026-5-20_16-17-2.png

    Од продажбите направени по општина, ова е реалната просечна цена
    (не што е постирано онлајн по сајтови, него за продажбите што успеале(стигнале до катастар), што е најбитно)

    upload_2026-5-20_16-16-18.png


    Сите извештаи :
    https://www.katastar.gov.mk/registar-ceni-zakupnini-nedviznostite/kvartalni-izvestai-ceni-zakupi/
     
  10. Alex31

    Alex31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    Еден добронамерен совет за сите што планираат да купат стан во градба, особено ако објектот дури сега почнува да се гради. Размислете да побарате веќе готов стан наместо да купувате во градба. Голем дел од градежните компании доцнат по една до две години, а многу фирми истовремено започнуваат нови проекти додека сè уште не ги завршиле претходните.

    За да избегнете непотребен стрес, разгледајте и готови, невселени станови. Изборот е помал, но сепак може да се најде нешто што ќе ви одговара, а ќе бидете многу посигурни во однос на роковите и вселувањето.
     
    На winnie02, Mumoftwo30, riba79 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. TheFallenAngel

    TheFallenAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2014
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
  12. Majkl

    Majkl Нов член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2026
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
  13. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    12.360
    Ми треба мало објаснување за станбен кредит.
    Ако станот чини 100к, а ние имаме заштедено 70к, за останатите 30к ќе побараме станбен кредит.

    Дали може станбениот кредит на биде само на 5 години, додека е фиксна каматната стапка? Во смисла да го вратиме побрзо, да не плаќаме после повисоки променливи камати.
     
  14. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.335
    Допаѓања:
    9.532
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ќе треба да ви пресметаат во банка, која ќе ви биде ратата и дали ќе може да ја издржите во поглед на финансии, плата.
     
    На wendy2 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    12.360
    Ќе биде повисока, но пак смислата на прашањето ми беше дали дозволуваат на толку краток период станбен кредит, т.е. цело време да ја враќам главнината + 3.5% камата, или сепак банката ќе си побара некои ,,пенали" за да им се исплаќа нив..?
     
  16. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.335
    Допаѓања:
    9.532
    Пол:
    Женски
    Најдобро да прашаш директно во банка и ќе ти кажат, не би требало да има проблем да го исплатиш за 5 години ако можеш финансиски и да наплаќаат они нешто плус.
     
    На mira.mira и wendy2 им се допаѓа ова.
  17. NPN

    NPN Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2015
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    506
    Пол:
    Женски
    Дури и да го земете на повеќе години, доколку за 5 год ги соберете парите, може да го затворите пред време. Ама секако најубаво да си прашате во банка и да ви кажат опции.
     
    На wendy2 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kolache na mama

    Kolache na mama Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.445
    Допаѓања:
    2.955
    Пол:
    Женски
    Ќе ти кажам за НЛБ банка зошто таму имам искуство. Може да е на 5 години станбениот кредит, односно во таа банка е минимум толку да се земе. Ако ги соберете побрзо парите го враќате без да плаќате пенали, само не ви се брише каматата.
     
    На mira.mira и wendy2 им се допаѓа ова.
  19. ParadisePink

    ParadisePink Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2020
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Ми треба нешто да ми разјасниш доколку имаш време. Ќе купуваме нов стан. Станот е во завршна фаза на градба, и го продава личност чие било земјиштето, не дирекно инвеститорот. Има лист за предбележување на градба на нивно име, значи немаат имотен лист и станот е практично на име на инвеститорот.

    Е сега прашањата ми се:

    Дали доколку го купиме станот ќе треба да платиме 3% данок на промет од недвижности иако нема имотен лист?
    Дали треба уствари да се поништи предбелешката и да се стави нова на мое име или со анекс на предбелешката може да се среди како ние да го купуваме први и да не плаќаме
    данок?

    Ти благодарам однапред! ❤️
     
  20. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    1.183
    Не ми даде добро објаснување моментално на кое лице се води станот според лист за предбележување на градба дали на инвеститорот како правно лице или на физичкото лице кое е сопственик на земјиштето. Пиши ми за да можам да ти одговорам