1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Купување стан

Дискусија во 'Дом' започната од rajna-vojvoda, 20 февруари 2012.

  1. Tasha masha

    Tasha masha Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2025
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
  2. Ana159

    Ana159 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Здраво,
    Здраво,
    Јас имам купено стан во Треска и искрено не сум задоволна бидејќи има големо пробивање на роковите. Првата зграда требаше да биде пуштена пред 2 години, но сеуште се чека на тоа..да не зборуваме за другите згради.
    Они реално веќе имаат почнато изградба на повеќе згради паралелно, но ниедна не е пуштена.
    Доколку некој има најнова информација што последно кажаа и кој рок го дадоа би сакала да добијам информација.
    Искрено, баш е чудно како од толку згради досега никој не се побунил.
     
    Последна измена: 16 мај 2026
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    1.183
    Да се изрекламирам и тука, продавам стан во Александрија од 61 м2 и гаражно место, двете по имотен лист. Ако има заинтересирани пишете ми порака.
     
    На AngelaBB му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AngelaBB

    AngelaBB Нов член

    Се зачлени на:
    18 мај 2026
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво. Мала консултација со сите вие што сте поискусни при купопродажби.
    Накратко, го плативме станот во целот, и земавме и клучевни, но немаме договор. Само пред-договор. Зградата е скоро цела вселена
    Што е настрашно што може да се случи? Никогаш да не биде наш станот? Дали нешто го обврзува инвеститорот да потпише договор? Што е причина за неможност да потпишеме договор?
     
  5. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    7.568
    Zemete advokat , mora da imate dogovor za prodazba I solemizacija,potochno imoten list ao e platen vo celost stanot.
     
    На AngelaBB му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AngelaBB

    AngelaBB Нов член

    Се зачлени на:
    18 мај 2026
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Фала ти за коментарот. Не објаснив можеби добро, но станува збор за стан новоградба-надградба (Егејски згради во Автокоманда). Никој од комшиите што ги познавам немаат договор.
    Каде треба да одам и да прашам дали е се во ред со зградата? Или само административно се доцни?
     
  7. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    1.183
    Ако немате договор се уште и станот е новоградба најверојатно значи дека се уште е по лист за предбележување на градба, што во превод значи дека се уште не може да се завери договор. Зградата мора да има технички прием, што во превод би значело дека е изградена согласно одобрението за градење и основниот проект, за да може во АКН да се запиша на имотен лист. Честа ситуација е кај нас да се доцни многу со роковите. Затоа е посоодветно да се купува стан со имотен лист, но не секогаш тоа е возможно.
    Прашувајте, ќе ви одговарам правнички на прашањата како ќе стигнам.
    И со среќа на сите во потрагата по стан, знаж дека е тежок процесот до вселување.
     
    На AngelaBB му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SandraSejdin

    SandraSejdin Нов член

    Се зачлени на:
    11 мај 2026
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Го посетив објектот и решив да се откажам. Едноставно немам време, нерви ниту години да чекам нешто неизвесно. Еднаш веќе сум изгорена со инвеститори и навистина не сакам повторно да поминувам низ истото. Жал ми е за сите вас што чекате, затоа и прашав дали барем овие се асални инвеститори или на крај сите се исти ке соберат пари, и после ке биде..
    Искрено, права лудница е се градат повеќе згради, а ништо не е довршено, па ни таа првата што ја претставуваат. По моја логика, ако сакав да уплатам во карабина најверојатно ке се вселам 2030 нивно е како и на сите што побргу и на крај чекаш со години Не фала,немам живци за такво чекање одново. Околу цените на новите станови не би коментирала.

    Доколку некој продава стан во Капиштец до 50 м², нека ми пише.Или е заинтерсиран за купување во Аеродром.

    На сите што чекате вселување ви посакувам среќа.
    Јас се откажувам од Треска.
     
    На mira.mira и BubaMara89 им се допаѓа ова.
  9. BubaMara89

    BubaMara89 Нов член

    Се зачлени на:
    23 април 2026
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Ако некого го интересираат трендовите на цени и продажба/закуп, новиот извештај од катастар е излезен(за последните 3 месеци има нов извештај секои 3 месеци).

    Тука можете да видите како одат цените во реалност(што е валидно платено и за која општина во последнот квартал).

    upload_2026-5-20_16-17-2.png

    Од продажбите направени по општина, ова е реалната просечна цена
    (не што е постирано онлајн по сајтови, него за продажбите што успеале(стигнале до катастар), што е најбитно)

    upload_2026-5-20_16-16-18.png


    Сите извештаи :
    https://www.katastar.gov.mk/registar-ceni-zakupnini-nedviznostite/kvartalni-izvestai-ceni-zakupi/
     
  10. Alex31

    Alex31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Еден добронамерен совет за сите што планираат да купат стан во градба, особено ако објектот дури сега почнува да се гради. Размислете да побарате веќе готов стан наместо да купувате во градба. Голем дел од градежните компании доцнат по една до две години, а многу фирми истовремено започнуваат нови проекти додека сè уште не ги завршиле претходните.

    За да избегнете непотребен стрес, разгледајте и готови, невселени станови. Изборот е помал, но сепак може да се најде нешто што ќе ви одговара, а ќе бидете многу посигурни во однос на роковите и вселувањето.
     
    На mira.mira, Biljana, bookslover и 1 друга личност им се допаѓа ова.