Кујни

Дискусија во 'Дом' започната од blondini, 22 март 2011.

  1. Lizi

    Lizi Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    1.410
    Пол:
    Женски
    Лејди, ми оставија впечаток рендерите, сејџ бојата ми е една од омилените, па реков да ти реплицирам на мислењето.

    Белите висечки елементи не мора да бидат најсветлата бела, може да се игра со нијансите, зелената е земјена боја, топла така да кашмир, беж, слонова коска би одговарала.

    Белата техника не би ја сменила, односно би ја оставила црна, одговара со концептот.

    А работната плотна дефинитивно би ја одбрала бела, односно бел кварц (имам дома, многу е топ за одржување и неверојатно издржлива а и дополнително heat-resistant, за разлика од композитната плотна - керокот). Мислам дека ќе го докомплетира целосниот изглед на кујната.

    Што ми фати око, распоредот на елементи, односно растојанието помеѓу садоперот и рерната е многу блиска, претпоставувам на крајот на вертикалните елементи - последен е поставен фрижидерот, па веројатно просторот ограничува малку, но сепак јас би побарала друго решение во однос на ова.

    И на крај, да не ти биде срам да го кажеш твоето мислење на архитектот ( без разлика колку пати ќе се повторуваш и праќаш референци) , сепак ти си крајниот корисник на просторот и тој мора да биде направен по твоја мерка, во склад со твоите потреби и по твој вкус.

    Референци:

    Screenshot_20260811_212559_Pinterest.jpg


    Screenshot_20260811_212857_Chrome.jpg
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    3.010
    Допаѓања:
    11.126
    Имаше корекции после. Нема да се бели висечките, оваа е бојата:

    RAL-9010-Pure-White-wood-paint.jpg

    Ама искрено се мислам и фурниран медијапан, некое дрво шара. А плотната и плочките бели ќе се. Т.е на проектот се како беж. За точните бои на плотна и светлите висечки уште се мислам.

    Screenshot_20260811_223919_Gallery.jpg

    Од каде си ја имаш земено ти плотната?

    Инаку да е висока рерната, смао таму одговара. А и довод и одвод е таму... Се мислев под плотна, ама пак за микробрановата е незгодно така.
     
    На Lizi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    763
    Дали има некаде плотна за работна површина ама да биде огнот отпорна?
     
  4. Lizi

    Lizi Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    1.410
    Пол:
    Женски
    Нема да згрешиш и со дрвена шара, одговара со бојата многу, а и може за нијанса повеќе од слоновата бела ( RAL 9010) пошто слична ќе се плочките и плотната, па да се разбие монотонијата и да се стопли целосниот визуелен изглед.

    Плотната ја имаме земено Визбегово, не знам како се вика точно, стовариште за мермер, гранит и сл..
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  5. NN23

    NN23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Дали може да ми предложите фирми (или евентуално мајстори) за да ми направат кујна и други парчиња мебел по мерка?

    Морам да напоменам дека многу гравитирам накај фирма поради ужасни искуства со мајстори.

    Сакам да соработувам со фирма што озбилно ја сфаќа професионалноста, ќе дојдат да ја завршат работата кога ќе се најават, нема да се развлекуват со месеци и да работат со црно на бело (фактури, гаранции,...) за да имам одредено ниво на заштита, а не со пари на рака.

    Спремен сум да платам повеќе за да соработувам со вакви луѓе само за да работата се заврши како што треба, на време, без лажење и со отворен и професионален однос.
     
  6. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.587
    Допаѓања:
    18.477
    Еко Дизајн Струмица. Професионалност каква што ретко се наоѓа во Македонија. Квалитет исто така висок, од планирање до реализација.
     
  7. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.529
    Допаѓања:
    193.717
    Потпис
    Плус доста скапи
    1000до 1200евра метар кујна па тури си есап дали ти одговара
    Плаќаш 50е за земање мерки и изведба на 3д со тоа што ако ти ја прават они ти хи одбиват тие 50е
     
  8. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.587
    Допаѓања:
    18.477
    Епа сега и цената е според квалитетот. Поскапо ќе ти излезе ако си имаш работа со фушерај мајстори и фирми. Овака барем знаеш дека на крај ќе имаш кујна што ќе ти трае со години.