Кујни

Дискусија во 'Дом' започната од blondini, 22 март 2011.

  1. Lizi

    Lizi Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    1.410
    Пол:
    Женски
    Лејди, ми оставија впечаток рендерите, сејџ бојата ми е една од омилените, па реков да ти реплицирам на мислењето.

    Белите висечки елементи не мора да бидат најсветлата бела, може да се игра со нијансите, зелената е земјена боја, топла така да кашмир, беж, слонова коска би одговарала.

    Белата техника не би ја сменила, односно би ја оставила црна, одговара со концептот.

    А работната плотна дефинитивно би ја одбрала бела, односно бел кварц (имам дома, многу е топ за одржување и неверојатно издржлива а и дополнително heat-resistant, за разлика од композитната плотна - керокот). Мислам дека ќе го докомплетира целосниот изглед на кујната.

    Што ми фати око, распоредот на елементи, односно растојанието помеѓу садоперот и рерната е многу блиска, претпоставувам на крајот на вертикалните елементи - последен е поставен фрижидерот, па веројатно просторот ограничува малку, но сепак јас би побарала друго решение во однос на ова.

    И на крај, да не ти биде срам да го кажеш твоето мислење на архитектот ( без разлика колку пати ќе се повторуваш и праќаш референци) , сепак ти си крајниот корисник на просторот и тој мора да биде направен по твоја мерка, во склад со твоите потреби и по твој вкус.

    Референци:

    Screenshot_20260811_212559_Pinterest.jpg


    Screenshot_20260811_212857_Chrome.jpg
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    11.474
    Имаше корекции после. Нема да се бели висечките, оваа е бојата:

    RAL-9010-Pure-White-wood-paint.jpg

    Ама искрено се мислам и фурниран медијапан, некое дрво шара. А плотната и плочките бели ќе се. Т.е на проектот се како беж. За точните бои на плотна и светлите висечки уште се мислам.

    Screenshot_20260811_223919_Gallery.jpg

    Од каде си ја имаш земено ти плотната?

    Инаку да е висока рерната, смао таму одговара. А и довод и одвод е таму... Се мислев под плотна, ама пак за микробрановата е незгодно така.
     
    На Lizi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    769
    Дали има некаде плотна за работна површина ама да биде огнот отпорна?
     
  4. Lizi

    Lizi Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    1.410
    Пол:
    Женски
    Нема да згрешиш и со дрвена шара, одговара со бојата многу, а и може за нијанса повеќе од слоновата бела ( RAL 9010) пошто слична ќе се плочките и плотната, па да се разбие монотонијата и да се стопли целосниот визуелен изглед.

    Плотната ја имаме земено Визбегово, не знам како се вика точно, стовариште за мермер, гранит и сл..
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  5. NN23

    NN23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Дали може да ми предложите фирми (или евентуално мајстори) за да ми направат кујна и други парчиња мебел по мерка?

    Морам да напоменам дека многу гравитирам накај фирма поради ужасни искуства со мајстори.

    Сакам да соработувам со фирма што озбилно ја сфаќа професионалноста, ќе дојдат да ја завршат работата кога ќе се најават, нема да се развлекуват со месеци и да работат со црно на бело (фактури, гаранции,...) за да имам одредено ниво на заштита, а не со пари на рака.

    Спремен сум да платам повеќе за да соработувам со вакви луѓе само за да работата се заврши како што треба, на време, без лажење и со отворен и професионален однос.
     
    На СакамКутре му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    18.935
    Еко Дизајн Струмица. Професионалност каква што ретко се наоѓа во Македонија. Квалитет исто така висок, од планирање до реализација.
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.782
    Допаѓања:
    194.584
    Потпис
    Плус доста скапи
    1000до 1200евра метар кујна па тури си есап дали ти одговара
    Плаќаш 50е за земање мерки и изведба на 3д со тоа што ако ти ја прават они ти хи одбиват тие 50е
     
  8. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    18.935
    Епа сега и цената е според квалитетот. Поскапо ќе ти излезе ако си имаш работа со фушерај мајстори и фирми. Овака барем знаеш дека на крај ќе имаш кујна што ќе ти трае со години.
     
  9. Чаирчанка

    Чаирчанка Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2018
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Здраво,

    Ми треба помош бидејќи сум баш неодлучна во однос на плочките...

    Кујната е долга 3,5м и после завршниот елемент има простор со прозорци од под до плафон каде што ќе има маса, фрижидерот е на другиот ѕид.

    Ве молам за совет, цела недела тупам глава за соодветни плочки :worried:

    Gemini_Generated_Image_5u82av5u82av5u82.jpg Gemini_Generated_Image_293k1s293k1s293k.jpg
     
  10. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.874
    Допаѓања:
    12.059
    Пол:
    Женски
    Според мене ова е ствар на вкус ама јас би ставила вакви, многу се актуелни сега и баш жалам што не ги ставив јас, туку си ставив обични.

    IMG_2508.png

    Првите ми се многу шарени за твојов тип на кујна ама пак е тоа ствар на вкус, а вторите што ги прати се слични со овие јас што ги пратив па би одела со таа варијанта.
     
  11. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.361
    Допаѓања:
    5.387
    Од овие две, бидејки не ми се допаѓаат кремавите би одела со шарените. Ама ако можам трета опција да внесам, би ставила од големите плочки една исцело тие што се клот или две со фуга 1мм, или ако најдеш како што ти е плотната да ставиш ист таков панел за ѕид, обично има во иста боја, само е друг материјал за ѕид.
     
  12. Alm.

    Alm. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.605
    Фирма за изработка на кујна во Скопје, но не премногу скапи?
     
  13. Mrs.Nebittnaa

    Mrs.Nebittnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2019
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Дајте некој мајстор за кујна некој ефтин.
    Агол ми е кујната ама над 1000 евра ми бараат премногу ми е.
    Готови кујни не ми одговараат јас си имам садопер ,повеќето се со садопер па не ми одговара страната,па димензијата па не знам што друго ми се смачи.
    Ако купувам дел по дел и така е многу скапо планирав да земам кујна од Ананас гледав ефтини по 14/15 000 аголот да го докупиме околу 10 000 е ама како што реков садоперот не ми одговара на таа страна ако го преместам кај мене треба плочки да кршам а не смеам во стан живеам.
    Вака ни беше планот само садоперот е кај аголот и машината одма до садоперот..Ве молам некој мајстор или дајте ми некоја идеја не барам медијапан со висок сјај обична иверка сакам.
     

    Прикачени фајлови:

  14. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.782
    Допаѓања:
    194.584
    За вие димензии од најлит матерјал да е испод 2000е нема да најдеш
    Од 600 до 1000е на метар кујна оде
     
    На Mrs.Nebittnaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. UnHeard

    UnHeard Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2026
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Колку би коштала ваква кујна од медијапан? Без бела техника.
    1793363431865.jpg
     
  16. Bebce1

    Bebce1 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    6.753
    Пол:
    Женски
    На UnHeard му/ѝ се допаѓа ова.
  17. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.324
    Допаѓања:
    42.769
    Пол:
    Женски
    2500 до 2700 не фати нас.
    2700 преку сила, испод 2000 нема шанси.
    Зависи ако приватњак ја прави и колку зема од работна рака.
     
    На UnHeard и mira.mira им се допаѓа ова.
  18. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.873
    Допаѓања:
    5.475
    Пол:
    Женски
    Мене кујна од иверка ме кошташе 3300 еур, пријатели од медијапан - доста помала, околу 3700 еур.
    Многу зависи од твоите димензии, какви механизми сакаш, дали имаш фиокари, дали сакаш обична плоча или од компакт дрво, дали исто до плафон како на сликава. Вака од сликава не би можела да дадам одговор, барем јас. Ама еве ако ги споредиме кујната на пријателите од медијапан и твојата на сликава, твојата е доста поголема и мислам дека реална цена би била околу 5000 еур.
     
    На Sugamama11, UnHeard, mira.mira и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Sugamama11

    Sugamama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2022
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Женски
    Тука гледам повеќе работи, едно е предницата на кујната, имаш после фиоки кои секако треба да си одлучиш за механизмите, ако сакаш шкафчиња, ќе ти биде поефтино ама не ти препорачувам, фиоката е поискористлив простор. Друго е работната површина, тука исто може многу да ти качи на цена, ако сакаш обична, компакт/ламинам или коријан плоча или некој природен камен. Друго на ѕидот ако имаш плочки ќе ти е поефтино ама ако имаш иста плоча како работната плоча и тоа ќе качи цена. Механизми за висечки елементи на извлекување се плус, лед осветлувањето под висачите е плус а тука има и долу под фиоките на земја.
    Сѐ зависи од твоите желби, реално може да стигне и до околу 5-6000 евра а можеш и со поефтина варијанта да ја средиш и за околу 3000к +/- 500
     
    На butterfly0204 му/ѝ се допаѓа ова.