Девојки ваква тема не најдов, ако има слободно канта ☺️ Е сега вака.. Сакам да направам ледени коцки па ако имате рецепт и начин на подготовка повелете споделете
Ова е мојот рецепт Се матат 6 јајца и 6 лажици шеќер. Се додаваат 6 лажици брашно, 3 лажици какао и ќесичка прашок за пециво. Се става во подмачкано и набрашнето длабоко правоаголно тавче, се пече и се остава да се олади. Од 300г шеќер и 300мл вода се прави шербет и се попарува колачот. Фил: од 500мл млеко, 6 лажици шеќер и 6 лажици нишесте се вари крем и се остава да се олади. Посебно се мати 125г маргарин со 125г шеќер во прав. Оладениот крем се меша со маргаринот, се премачкува кората и се прелива со топено чоколадо.
Јас колку знам, се пече тестото, се сече на коцки и се полева со млеко, измешано со какао/чоколадо. Рецептот не е со фил од пудинг.
Не е обичен попарен колач, се сечат коцки и се валкаат со кокос. Го имам и рецептот со фил од ванила, ама кај мене се запишани како Англиски коцки. Изгледа зависи кај кој како се запишани, може содржината е иста.