Си ги грицкам ноктите и усните... Стварно не сакам тоа да го правам, ама некако несвесно ми е. Всушност тоа се случува почесто кога сум нервозна и загрижена за нешто. Пример сега додека сме на распуст си ги пуштам ноктите затоа што немам некои големи грижи (нели, нема школо, нема тестови, испрашувања... ) но сепак, затоа што од многу малечка ги грицкам и ми се многу меки, па сакала-неќела ми се кршат
и јас некогаш ги грицкав ноктите, ама еве веке 4 години имам убави долги нокти, ама бре навика да го грицкам мевцето од страна ми остана и тоа многу ме нервира, ама не на сите прсти суку само на палците. Чукнато
Ја грицкам косата, навика од која никако не можам да се спасам, си имам ветено неколку пати но неможам да си стојам на зборот. Косата мора често да јас ја потстрижувам заради тоа, а плус сега и бремена сум и пак не ми иди паметот Како да престанам со грицкање? има ли лек за тоааа ?!!!
Па тоа што кога сум нервозна секогаш прстот ми е во уста. Кога сум изнервирана некогаш знам да се истурам на некој кој не е ниту крив ниту должен, но тоа го правам несвесно. Не ја слушам мајка ми за некои работи а потоа кога сватам дека е во право многу ми е криво, и ред други работи....
Порано грицкав нокти, но некако се ослободив од таа лоша навика. А сега особено кога сум нервозна или кога немам што да правам ги крцкам прстите на рацете. (Највероватно со тек на времето ќе се одвикнам и од оваа лоша навика)
Ја грицкам косата, најчесто кога гледам ТВ несвесно косата ја носам во уста. Не можам да се одвикнам никако. Ги пукам (крцкам) прстите редовно.
Па имам две така полоши навики. Ги грицкам ноктите ( а посебно кога сум нервозна ) и многу често ја факам косата што придонесувам многу брзо да ми се мрси. Пробувам да ги одвикнам овие навики и се надевам дека ке успеам во брзо време
Затворена личност сум. Секогаш мислам едно а кажувам друго. Некогаш сум многу брза и не промислувам пред да кажам нешто подоцна жалам ама тоа е тоа се лошите навики кај мене
Лоша навика имам кога ќе ме испитуваат професорите на училиште...си имам една белегзија и со неа нервите ги кинам.. кога ме испитува професорот/професорката јас ја вртам белегзијата како оние машините за дупчење ѕидови такви работи шо се...И ме гледа професорот/професорката кога ќе ме испитуваат шо му правам на кутрата белегзија...А иначе на прашањата одговарам точно,се има случено и понекогаш грешно...Кога ќе заврши испрашувањето ми велат:Добро,супер...седни си Ииии коооонечно белегзијата ќе си најди мир и ќе ставам да биди на мојата рака се до следното испитување кога пак терам по лошата навика
грицкам нокти...никако неможам да се одвикнам..пробав се и сешто..јас ги имам еднаш пораснато во животов и пак ги изгризав..незнам оти вака ме фајча некоја криза се нервирам и ете ги гризам
моја лоша навика: ако немије се на место тогаш криза ме фајча дали било преку ден навечер или нојце јас морам да станам и да го наместам или стредам важно да је на место чисто и стредено и ците ги испобудалив дома за то помоооооошшшшшшшшшшш
ии јас сум иста како тебеее..ги нервирам сите по дома.ништо не е каде што оставиле.јас по нив се живо преместувам
нокти, коса, усни ( надворешен и внатрешен дел ) и сето ова го правам кога се нервирам за нешто, кога сум под стрес и во одредени ситуации нишање на ногата.
нон-стоп ја тресам десната нога додека јадам, и најважно пред да јадам морам да го помирисам јадењето, било што да е. кога правам јадење никогаш не го пробувам дали е доволно солено или пресолено или преблаго.никогаш не го пробувам. си ги крцкам забите онака си ги стискам во уста. секогаш спијам на грб со рацете прекрстени на стомак (ко не дај боже да сум изгледам ). си ги пукам прстите на раце и на нозе редовно и си ги гризам усните. во последно време на масичката до кревет си чувам шишенце со вода и секогаш го чувам отворено,никогаш не го затватам капачето. и уште ова кога седнувам да јадам ОБАВЕЗНО ги ставам двете нозе под газ и со стапалата си го потргнувам столот колку што ми треба и сите ми се чудат за ова како го можам. има уште ама ај доста е засега