Сите имаме по некоја 'лоша' особина. Си ги знам моите. Тоа што можам да сменам, менувам, тоа што не можам, си го почитувам, си го прифаќам како дел од мене и си живеам со него.
Сечиј карактер е составен од добри и лоши особини. Ги прифаќам личните и знам отворено да коментирам со најблиските дека тоа сум јас. Ретко и тешко менувам нешто, иако некогаш правам обиди, ама резултатот најчесто е безуспешен.
Да, свесна сум и си ја прифаќам. Кај мене има само сè или ништо. Премногу труд и енергија вложувам за работи што не вредат и иако во себе знам дека немам никакво влијание, го занемарувам тој факт и хир ај ем. Се трошам на глупости.
Свесна сум дека ги имам: нетрпеливост, одење во крајности во секоја ситуација (црно-бело гледање на нештата), нефлексибилност и ригидност, склоност да претерувам, претерана молчаливост на моменти, претерано фантазирање, склоност кон самодеструктивност ако многу ме повредат. Има и уште, но мислам дека овие ми се најистакнати.
Свесна сум и пробувам да ги изменам. 1.Импулсивност, можам многу да се налутам у момент, и да изреагирам бурно. 2.Сакам да се излежавам, активна сум овака физички, и пешачам и вежбам плус али креветот ми е љубов има некоја посебна гравитација таму а не е добра навика знам. 3.Директна сум нејќам дипломатија, ова е неутрална карактеристика али углавном знае да биде лоша и може да биде перцепирана како дрско однесувње. Не ми текнува друго, не сум лоша толку
Сите имаме добри и лоши особини. Кога ќе сфатат некои луѓе дека не можеш да се ,,ослободиш’’ од лошите тогаш се ослободуваш себе си.
♡ Неодлучност (никогаш не знам што сакам) ♡ преголема самодоверба (го ставам како лоша навика затоа што изгледа многу себично) ♡ не се замарам со нишо букв со нишо (оваа особина најмногу им смета на другите кај мене) ♡ Рамнодишност И уште многу
Obicno docnam. Ne gi sfakam rabotite mnogu seriozno i koga treba, golem politicar sum( ova i ne e tolku loso a??)
Огромно злопамтило. И гадна уста кон особи кои на било кој начин ме навредиле или повредиле, мада ова го сметам како дарба повеќе, позитивна особина дефинитивно.
Ако сум баш брутално искрена со сама себе, онда: -пушење цигари. Без везе се навлеков, а не ми ни требаа. Али ете тогаш средно бев, сакав нови работи да пробам, али сеа кој ми е крив шо не можам да пресечам. -одложување на ствари. Не знам дали може да се нарече ова и мрза, ама некад толку не ми се прават работи, ко на пример да го изимјам купот со садови што се собирал со денови. Ама кога ќе сработам јас, то ест кога ќе се наканам, онда сè е апсолутно перфектно чисто, измиено, сработено. -тоа што имам страв, на моменти и преголем. Немам причина за истиот. Не мислам дека е анксиозност, само страв онака во чиста форма. И глупото "што ако"... -тоа што сум критична кон одредени луѓе. Премногу често се затекнувам себе си судејќи им на други луѓе. А во тие моменти заборавам на себе. Не сум у туѓа кожа и треба да прекинам со глупата фраза "еее да бев јас на негово место вака ќе напраев, така ќе напраев". Доста е за тебе да си мислиш ма Пуело. Понекогаш си го трошам времето на глупости, кои не ме водат никаде. -негативните мисли кои во последно се трудам да ги избркам на секој можен начин. Сфаќам дека не е се розево у живот, ама јбг, не можеш цело време да седнеш и да кукаш. Ако се фокусираме на лошо, лошо и ќе ни се случува. Затоа гледам што почесто да си го пренасочам умот кон позитивни мисли и работи. -тоа што сум гневна на одредени ствари. Некад ме фаќа паника и почнувам само да мислам на сè што не чини и почнувам да осеќам одредена лутина. -тоа што на моменти барам кривица у секој друг, само не у себе. -тоа што имам сомнеж у себе. На многу моменти. И треба да го искоренам, грдо чувство е. Оти и ова, и сите горенаведени ствари, сè е ствар на навика. Темава е лоши особини и затоа изнапишав што ми текна. Но како и да е, не се дефинирам себе си со ниту една. Јас како личност сум поголема од нив. Тие се само мало делче од мојот карактер.
Најлоша особина ми е слаб карактер. Никогаш не си стојам цврсто на зборот и веднаш простувам се,ама не заборавам
Се нервирам оти многу зборувам офф Стално си викам од утре повеќе ќе ќутам ама џабе,кога имам прилика само гледам да се изназборувам,се да си кажам
Неодлучна сум. И за најбанални работи. Многу време губам пробувајќи да одлучам, и на крај пак не можам. Завршувам така што се јавувам или прашувам друг да одлучи место мене. Катастрофа. А најлошо ми е кога некогаш ќе прашам некој близок што знае дека мака мачам со одлуки било какви, за нели некој друг да пресече, и ќе ми кажат: не знам, ти си знаеш, тебе кое ти е поубаво. Абе ај жити се. Кажете бре, иначе готово, останав +15 минути во маркет пошо не знам кои салфетки побогу да ги изберам меѓу две шари... *Мислам дека сфативте и што сум во хороскоп по кажувањево...