Цитат Ако сакате да ги жртвувате адмирациите на многу мажи заради критицизмот на еден, само напред, омажете се. ова е од кај вас копирано. Дали мислите дека зборот адмирација е македонски???? и критицизмот???? Ве молам потрудете се повеќе при превод од англиски јазик или обезбедете си стручен преведувач. не сум цепидлака ама навистина ми сметаат лоши преводи поздрав
ме изнасмеа темава.....колку што памтам по македонски јазик учевме за една група на зборови кои се наречени ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗМИ :mrgreen: ....некои зборови навистина може подобро да се преведат ама за некои едноставно нема превод така се прифатени во цел свет и така се употребуваат....не збоувам конкретно за цитатот погоре туку општо на темата ПРЕВОД
Ахам, се согласувам. Ние во нашиот јазик имаме многу подгрупи, како турцизми, интернационализми итн.. така да постојат многу зборови за кои не постои соодветен превод, па мора да биде во буквална смисла кажано.
Сме биле долго време во ропство мислам знаеш нели? А сега сме во уште поголемо ропство. Интернетот. Како минува времето почнуваме да користиме странски изрази, и понекогаш неможеш да објаснеш нешто со друг израз Инаку што е цепидлака?
ова не е ништо. Прочитајте ја Ангелот Џони од Даниела Стил па да видете што е лош превод. Морав речениците да си ги преведувам на англиски за да сватам што сака да каже писателот. Катастрофа!!!!