1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Манифест на Македониум

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Snow-Queen, 13 ноември 2011.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Поради големиот интерес на граѓаните за подршка на „Манифестот на Македониумот“, организациониот одбор одлучи процесот на собирање на потписи од граѓаните и организациите да продолжи и во текот на следната недела.

    Покрај двата постоечки пункта за подршка кои се наоѓаат во Скопје, еден во Домот на АРМ, и еден во салата Борис Трајковски, од утре понеделник 14 ноември 2011 година, исти такви пунктови ќе бидат отворени во сите Домови и Центри на културата во сите градови во Република Македонија, и на тој начин со оваа дисперзија на сите граѓани на државата ќе им биде овозможено да земат учество во оваа иницијатива.

    Процесот на собирање потписи за подршка ќе трае до петок 18 ноември 2011 година, и тогаш ќе бидат презентирани и наредните чекори кои ќе бидат преземени, а во насока на запознавање на европските институции со ставот на граѓаните на Република Македонија.

    -Упатуваме благодарност до граѓаните и организациите за покажаното високо чувство на свест и одговорност и за масовната подршка, како и посебна благодарност до медиумите за вниманието и третирањето на темата и подршката на оваа сенародна и благородна иницијатива, се вели во соопштението на организациониот одбор за собирање потписи.

    Извор: весник Курир


    Дали вие го поддржувате, дали бевте да дадете потпис,и кое е вашето мислење за манифестот?
     
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Јас бев вчера, мило ми е што одвоив 1мин. и го дадов својот потпис. :)
     
    На antilla му/ѝ се допаѓа ова.