Мартинки

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Phyramide, 1 март 2011.

  1. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    девојки ја прочитав темава два пати хихихих од што ми беше интересна,јас прв пат слушам за ваква традиција :o :o ,кај нас во нашето гратче ова не се практикува а баш звучи интересно :$
     
  2. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Ми дадовте идеја :D Уште од мала немам носено мартинка... Ама баш оваа година ќе си направам, само малку закаснав со датумите :$
     
  3. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    И јас официјално, сабајлечки ќе си закачам една мартинка! ;)
    Како мала РЕДОВНО баба ми или мајка ми ми закачува или заврзуваа (зависи од мартинката), ама откако пораснав - заборавам! :lol: :lol: Лани ми текна кога заврши март :D :D
     
  4. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Мајка ми тукушто ми направи мартинка и си ја ставив на рака :)
    Кај нас се носат дури да ја видиш првата ластовичка па тогаш ја ставаш под камен и си замислуваш желба.
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Еве сега на фортуна радио кажаа дека денес се ставале мартинките,кажуваа што и како за нив, и кажаа дека имало на плоштадот девојки кои шетале во народни носии и делеле мартинки. :clap: :clap: :clap:
    Јас мојата сега ќе земам да ја направам. :)
    п.с. да не знете кај има да се купат, во случај да не ми излезе мојава мартинка? :$
     
    На maja8 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    И јас си направив, еве ја и мојата прва мартинка :clap: може не е којзнае што,ама за мене е прва моја направена и најубав :inlove: , со едно привезоче што дечко ми го има најдено и дадено 8)

    Е сега можам сама да си ја става, или мора мајка ми?
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC00131.jpg
      DSC00131.jpg
      Големина на фајлот:
      147,8 KB
      Прегледи:
      123
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Кај нас не ставаме мартинки на овој ден, туку на Летник
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457

    Е јас за ова прв пат слушам. Што е тоа и кога е ? :)
     
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Летник е македонски народен празник, којшто се празнува секоја година на 1 март и е поврзан со враќањето на птиците преселници од јужните краишта во Македонија.
     
    На IvanaMkd и Neytiri им се допаѓа ова.
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.824
    ^ Летник во нашиот крај таму не е на 1ви Март. Кон средината на март е, не го знам точно датумот.
     
    На IvanaMkd и Neytiri им се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.853
    Допаѓања:
    202.955
    Пол:
    Женски
    Летник е на 14 март (и син ми е роден на тој датум), па тогаш кај нас во Охрид и охридско се врзуваат мартинки. Не знам оти во другиве краишта на Македонија се практикува врзување мартинка на 1 март, тоа знам дека го има во Бугарија.

    Инаку, каков ќе биде денот на Летник, такво ќе биде цело лето :)
     
    На Bright, IvanaMkd, Neytiri и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.853
    Допаѓања:
    202.955
    Пол:
    Женски
    Е па не се информирале добро тие што го напишале тоа. Кого и да прашате во Охрид, ќе ви каже дека Летник се слави на 14 март, од истата причина поради која го славиме Божиќ на 7 јануари. Инаку, Википедија и не е релевантен извор на информации ;)
     
    На Bright, Gordana10, IvanaMkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.384
    Допаѓања:
    142.791
    Како мала не ми врзувале мартинки, иако сум видела кај некои деца, ама никогаш не се потрудив да сфатам зошто ги носат, и дали е поврзано со некој празник :D

    Лани на децата некој им донесе, а вчера направивме - бевме собрани со пријатели, па направивме за сите деца. Децава ептен беа среќни, особено сабајлево кога им ги ставив :D
    На малиот му е за закачување на блуза, а на ќерка ми за на рака, ама со цветче од волница, многу е слатка :D
     
  16. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.352
    Годинава скроз заборавив на мартинките, ако некој знае нека каже каде да си купам, немам живци за правење :)
     
  17. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Мартинки во чест на месец март и доаѓањето на пролетта


    Во чест на месец март и доаѓањето на пролетта се носат црвено белите мартинки кои се направени од конец и се носат на рака.

    Мартинките со својата испреплетеност во обликот на ДНК-а врската или кодот ја симболизираат љубовта, плодноста, и се носат во чест на Баба Марта, односно жената која го раѓа новиот живот или во архаична смисла - пролетта.

    Мартинката се носи на рака се додека лицето не виде штрк или ластовица. Штом се здогледа тогаш си замислува желба и се вади од рака и се става на дрво. Во спротивно доколку не се виде штрк, мартинката се става под перница, се замислува желба и се става под камен.
    Мартинаката се плете во Бела и Црвена боја, а тоа симболизира, белата боја се сметала за чистота и искреност, а црвената боја за симбол на светлоста и љубовта.
     
    На tweety26 и Neytiri им се допаѓа ова.
  18. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Annath и Hipica да се надоврзам.
    Ноќта наспроти летник се става мартинката, сабајлето да доприш гранка на леска и дрен и да кажиш "Да сум јака како леска и да сум силна како дрен".
    Мартинката стои додека не видиш некоја преселна птица, штрк или ластовичка. Ако не видиш на Благовец можеш да ја извадиш.
    Не сум сигурна дали и варена блага пченка се спремаше за овој ден. Ама мислам да.
     
    На Hipica, Neytiri и Annath им се допаѓа ова.
  19. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Ние денес си врзавме мартинки мама ни направи...ама она додаде и плава боја,секоја година така...незнам зошто,знам за црвена и бела еве читам ама и плава... :^)
     
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Епа конечно мама си дојде од работа и ми ја стави мојата мартинка, хехех :clap: ми го разубаве денов.