девојки ја прочитав темава два пати хихихих од што ми беше интересна,јас прв пат слушам за ваква традиција ,кај нас во нашето гратче ова не се практикува а баш звучи интересно
Ми дадовте идеја Уште од мала немам носено мартинка... Ама баш оваа година ќе си направам, само малку закаснав со датумите
И јас официјално, сабајлечки ќе си закачам една мартинка! Како мала РЕДОВНО баба ми или мајка ми ми закачува или заврзуваа (зависи од мартинката), ама откако пораснав - заборавам! Лани ми текна кога заврши март
Мајка ми тукушто ми направи мартинка и си ја ставив на рака Кај нас се носат дури да ја видиш првата ластовичка па тогаш ја ставаш под камен и си замислуваш желба.
Еве сега на фортуна радио кажаа дека денес се ставале мартинките,кажуваа што и како за нив, и кажаа дека имало на плоштадот девојки кои шетале во народни носии и делеле мартинки. Јас мојата сега ќе земам да ја направам. п.с. да не знете кај има да се купат, во случај да не ми излезе мојава мартинка?
И јас си направив, еве ја и мојата прва мартинка може не е којзнае што,ама за мене е прва моја направена и најубав , со едно привезоче што дечко ми го има најдено и дадено Е сега можам сама да си ја става, или мора мајка ми?
Летник е македонски народен празник, којшто се празнува секоја година на 1 март и е поврзан со враќањето на птиците преселници од јужните краишта во Македонија.
Летник е на 14 март (и син ми е роден на тој датум), па тогаш кај нас во Охрид и охридско се врзуваат мартинки. Не знам оти во другиве краишта на Македонија се практикува врзување мартинка на 1 март, тоа знам дека го има во Бугарија. Инаку, каков ќе биде денот на Летник, такво ќе биде цело лето
Јас тоа го прочитав на Википедија,еве видете и самите пишува 1 Март. http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9B%D0% ... 0%B8%D0%BA
Е па не се информирале добро тие што го напишале тоа. Кого и да прашате во Охрид, ќе ви каже дека Летник се слави на 14 март, од истата причина поради која го славиме Божиќ на 7 јануари. Инаку, Википедија и не е релевантен извор на информации
Еве најдов нешто интересно, на бугарски е, но интересно... http://www.martenica.org/%D1%82%D1%80%D ... 0%B8%D0%B8
Како мала не ми врзувале мартинки, иако сум видела кај некои деца, ама никогаш не се потрудив да сфатам зошто ги носат, и дали е поврзано со некој празник Лани на децата некој им донесе, а вчера направивме - бевме собрани со пријатели, па направивме за сите деца. Децава ептен беа среќни, особено сабајлево кога им ги ставив На малиот му е за закачување на блуза, а на ќерка ми за на рака, ама со цветче од волница, многу е слатка
Годинава скроз заборавив на мартинките, ако некој знае нека каже каде да си купам, немам живци за правење
Мартинки во чест на месец март и доаѓањето на пролетта Во чест на месец март и доаѓањето на пролетта се носат црвено белите мартинки кои се направени од конец и се носат на рака. Мартинките со својата испреплетеност во обликот на ДНК-а врската или кодот ја симболизираат љубовта, плодноста, и се носат во чест на Баба Марта, односно жената која го раѓа новиот живот или во архаична смисла - пролетта. Мартинката се носи на рака се додека лицето не виде штрк или ластовица. Штом се здогледа тогаш си замислува желба и се вади од рака и се става на дрво. Во спротивно доколку не се виде штрк, мартинката се става под перница, се замислува желба и се става под камен. Мартинаката се плете во Бела и Црвена боја, а тоа симболизира, белата боја се сметала за чистота и искреност, а црвената боја за симбол на светлоста и љубовта.
Annath и Hipica да се надоврзам. Ноќта наспроти летник се става мартинката, сабајлето да доприш гранка на леска и дрен и да кажиш "Да сум јака како леска и да сум силна како дрен". Мартинката стои додека не видиш некоја преселна птица, штрк или ластовичка. Ако не видиш на Благовец можеш да ја извадиш. Не сум сигурна дали и варена блага пченка се спремаше за овој ден. Ама мислам да.
Ние денес си врзавме мартинки мама ни направи...ама она додаде и плава боја,секоја година така...незнам зошто,знам за црвена и бела еве читам ама и плава...