Маскара

Дискусија во 'Лице' започната од soledad, 21 ноември 2009.

  1. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Јас ја имам оваа од авон сега пред некој ден ја добив . Супер е , убаво ми ги прави трепките бујни и долги . Претходно ја имав истата само со сина четка и таа беше добра .
     

    Прикачени фајлови:

    • prod_3333363.jpg
      prod_3333363.jpg
      Големина на фајлот:
      10,6 KB
      Прегледи:
      512
  2. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    6.003
    Допаѓања:
    5.379
    Пол:
    Женски
    [​IMG] Ја користел некој? Импресии и цена? :)
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.171
    Допаѓања:
    81.692
    Пол:
    Женски
    ^ Oваа е од истата линија, само водоотпорна варијанта.
    Ако си ја користела сивата или црната - ефектот е ист.
    Потполно иста е со црната, мене ми е солидна ама не знам каков би бил ефектот на пример на некоја со ретки и кратки трепки.
    Дава солидна густина и волумен, а не знам дали и колку витка зашто моите си се виткаат сами од себе.
    [​IMG]
     
  4. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.284
    Допаѓања:
    12.147
    Пол:
    Женски
    Конечно и јас да бидам задоволна од маскара, посебно од оваа марка, досега ниту една не ми се погоди ама оваа од мене има :up: , па се мислам да си купам залихи во случај да ја однема :D
     
    На sleepingbeauty му/ѝ се допаѓа ова.
  5. TheScarletDandelion

    TheScarletDandelion Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    248
    Ја имам користено,ама мене не ми беше ништо посебно, по малку ми се ронеше и ја користев со четчиња од др маскара, не беше многу скапа од 150/200 денари не паметам точно, меѓутоа лично за мене не беше ништо специјално :)
     
  6. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    6.003
    Допаѓања:
    5.379
    Пол:
    Женски
    Бев денес и ја купив во ДМ виолетовата од get big lashes од essence и жалам за парите, изгледа како потрошена и сува (или мене таква ми се паднала) и морав 3-4 пати да ставам за да има некаков ефект.
     
  7. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    И јас се јавувам со пофалби, многу убави ги прави трепките. Ги издолжува, ги витка, дава волумен.
    И што е најважно лесно се мие :)
    [​IMG]
     
  8. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    И мене еднаш ми се погоди внатре сува. Изгледа претходно биле отварани... :?:
     
  9. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.391
    Допаѓања:
    2.655
    Колку пари е? :)
     
  10. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421

    И јас го гледав во ДМ ама тогаш баш од црната немаше па земав од Еликсир. Од ДМ за козметика веќе само од Алверде земам, се друго е испоотворено и најчесто неубаво затворено. Во Еликсир сакав да ја видам четкичката на маскарава и девојката баш ми рече, ние не ги отвараме маскарите, има пред секоја маскара на штандот сликичка каква е четката.

    Со оглед на тоа дека цената на Есенс е секаде иста, ви препорачувам да земате од Еликсир или Јуник, таму имаат тестери, а не вака сите испоотворени.

    Инаку, имам читано дека засушени маскари може да се оправат ако им додадете една-две капки масло за бебиња (она на Џонсонс на пример) или пак раствор за леќи или капки за очи. ;)
     
  11. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    [​IMG]
    Јас, ја купив оваа маскара. 380 денари е, но, вреди за парите.
    Сите маскари од Мејбилин се совршени.
    Кога ќе одам да купувам маскара ми е многу тешко. :D
    Имаат многу врсти на маскари, да не знаеш која да ја земеш, а сите се совршени.
    Мене ми трае 3-4 месеци. :)
     
  12. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    590 ден. во космо :)
     
  13. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Водоотпорна ли е?
     
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ми се случувало и со лаковите така. Го купувам, тој претходно отворан, можеби некој и се лакирал (имам видено продавачките да се лакираат себе или на другарките :tmi: ) и се засушило...

    Исто помага, ако ја ставиш маскарата во чаша жешка вода.
     
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.171
    Допаѓања:
    81.692
    Пол:
    Женски
    ^ Toa со жешката вода не смеете да го повторувате повеќе од еднаш до два пати. Не си играјте, барем сега има маскари со секакви цени, одберете некоја и купете отколку вака да правите.
    Не е воопшто добро за очите и не дај Боже, ризикувате да докопате некоја инфекција.
    Ако ви се допаднала четкичката, зачувајте си ја, измијте ја убаво и пак брцкајте ја во новата маскара - ефектот е ист.
    Барем ете, мене ова ми беше дамнешна тактика со префалената четка од Супер Шок маскарата, а најискрено ако немам пари да си ја купам повторно twist up volume на Буржоа, така ќе си правам. :wasntme:
    Многу ми е скапа па, 600 денари за маскара само, а како што користам толку многу препарати, 50 евриќи нема да ме спасат - многу ми е. :sweat:
    Апел до нив, почесто да снижуваат цени. :D
     
    На Silver.E и A-j-a им се допаѓа ова.
  16. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    Навистина незнам.
    Но има на Мејбилин водоотпорни маскари.
    Прашај во било која продавница на Cosmo. :)
     
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.171
    Допаѓања:
    81.692
    Пол:
    Женски
    Девојчиња, имате и водоотпорна варијанта на маскарата. Буквите се напишани со сино и има waterproof напишано одоздоле.
    Еве и слика, а цените се најверојатно исти како и за обичната. :)
    [​IMG]
     
  18. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    272
    Некој коментар за маскарава?
     

    Прикачени фајлови:

  19. Madlina

    Madlina Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2013
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    301
    470 е, на промоција е -20% до крај на Октомври :)
     
  20. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.609
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Не дека е нова иновација и различна од другите маскари,ама стварно ми е најдобра маскара во живот што сум ја користела :)
    Буквално сите предходни маскари кои ги имав и кои ми беа омилени,ги сменив со оваа.

    Стварно треба пракса со четкава,не е баш лесна искрено. Јас првиот пат кога ја пробав малце се направив црна околу капаците па додека ја научив ми требаше 2/3 пати ставање..
    Иначе имам долги трепки и највеќе може ради тоа и ми годи,незнам,но во секој случај не ја менувам се додека ја има во Авон.. се надевам нема брзо да ја повлечат како што знаат да прават |(

    Тие што имаат кратки трепки нема да им годи баш маскарава,барем моиве другарки кои имаат мали трепки ја испробаа и не им годеше ни на една. Т.е. кај секој различно е како и да е..
    Така да тие што се мислат да ја пробаат, а имаат долги трепки препорачувам на нив највеќе нема да згрешите :)

    Кај четката ми се допаѓа што ги издолжува ептен трепките и што се вика со еден потег највеќе 2 ,дава ефект како со обична четка да сум ставила сигурно 4 пати . Вака пишуваше и во каталог мислам дека,баш и не поверував кога го прочитав тоа,но кога ја испробав на мене се уверив :)
    Звучам како реклама :D
    Инаку не се растекува маскарава,ама малку тешко се вади!
     
    На Thallia му/ѝ се допаѓа ова.