Јас ја имам оваа од авон сега пред некој ден ја добив . Супер е , убаво ми ги прави трепките бујни и долги . Претходно ја имав истата само со сина четка и таа беше добра .
^ Oваа е од истата линија, само водоотпорна варијанта. Ако си ја користела сивата или црната - ефектот е ист. Потполно иста е со црната, мене ми е солидна ама не знам каков би бил ефектот на пример на некоја со ретки и кратки трепки. Дава солидна густина и волумен, а не знам дали и колку витка зашто моите си се виткаат сами од себе.
Конечно и јас да бидам задоволна од маскара, посебно од оваа марка, досега ниту една не ми се погоди ама оваа од мене има :up: , па се мислам да си купам залихи во случај да ја однема
Ја имам користено,ама мене не ми беше ништо посебно, по малку ми се ронеше и ја користев со четчиња од др маскара, не беше многу скапа од 150/200 денари не паметам точно, меѓутоа лично за мене не беше ништо специјално
Бев денес и ја купив во ДМ виолетовата од get big lashes од essence и жалам за парите, изгледа како потрошена и сува (или мене таква ми се паднала) и морав 3-4 пати да ставам за да има некаков ефект.
И јас се јавувам со пофалби, многу убави ги прави трепките. Ги издолжува, ги витка, дава волумен. И што е најважно лесно се мие
И јас го гледав во ДМ ама тогаш баш од црната немаше па земав од Еликсир. Од ДМ за козметика веќе само од Алверде земам, се друго е испоотворено и најчесто неубаво затворено. Во Еликсир сакав да ја видам четкичката на маскарава и девојката баш ми рече, ние не ги отвараме маскарите, има пред секоја маскара на штандот сликичка каква е четката. Со оглед на тоа дека цената на Есенс е секаде иста, ви препорачувам да земате од Еликсир или Јуник, таму имаат тестери, а не вака сите испоотворени. Инаку, имам читано дека засушени маскари може да се оправат ако им додадете една-две капки масло за бебиња (она на Џонсонс на пример) или пак раствор за леќи или капки за очи.
Јас, ја купив оваа маскара. 380 денари е, но, вреди за парите. Сите маскари од Мејбилин се совршени. Кога ќе одам да купувам маскара ми е многу тешко. Имаат многу врсти на маскари, да не знаеш која да ја земеш, а сите се совршени. Мене ми трае 3-4 месеци.
Ми се случувало и со лаковите така. Го купувам, тој претходно отворан, можеби некој и се лакирал (имам видено продавачките да се лакираат себе или на другарките ) и се засушило... Исто помага, ако ја ставиш маскарата во чаша жешка вода.
^ Toa со жешката вода не смеете да го повторувате повеќе од еднаш до два пати. Не си играјте, барем сега има маскари со секакви цени, одберете некоја и купете отколку вака да правите. Не е воопшто добро за очите и не дај Боже, ризикувате да докопате некоја инфекција. Ако ви се допаднала четкичката, зачувајте си ја, измијте ја убаво и пак брцкајте ја во новата маскара - ефектот е ист. Барем ете, мене ова ми беше дамнешна тактика со префалената четка од Супер Шок маскарата, а најискрено ако немам пари да си ја купам повторно twist up volume на Буржоа, така ќе си правам. Многу ми е скапа па, 600 денари за маскара само, а како што користам толку многу препарати, 50 евриќи нема да ме спасат - многу ми е. Апел до нив, почесто да снижуваат цени.
Девојчиња, имате и водоотпорна варијанта на маскарата. Буквите се напишани со сино и има waterproof напишано одоздоле. Еве и слика, а цените се најверојатно исти како и за обичната.
Не дека е нова иновација и различна од другите маскари,ама стварно ми е најдобра маскара во живот што сум ја користела Буквално сите предходни маскари кои ги имав и кои ми беа омилени,ги сменив со оваа. Стварно треба пракса со четкава,не е баш лесна искрено. Јас првиот пат кога ја пробав малце се направив црна околу капаците па додека ја научив ми требаше 2/3 пати ставање.. Иначе имам долги трепки и највеќе може ради тоа и ми годи,незнам,но во секој случај не ја менувам се додека ја има во Авон.. се надевам нема брзо да ја повлечат како што знаат да прават Тие што имаат кратки трепки нема да им годи баш маскарава,барем моиве другарки кои имаат мали трепки ја испробаа и не им годеше ни на една. Т.е. кај секој различно е како и да е.. Така да тие што се мислат да ја пробаат, а имаат долги трепки препорачувам на нив највеќе нема да згрешите Кај четката ми се допаѓа што ги издолжува ептен трепките и што се вика со еден потег највеќе 2 ,дава ефект како со обична четка да сум ставила сигурно 4 пати . Вака пишуваше и во каталог мислам дека,баш и не поверував кога го прочитав тоа,но кога ја испробав на мене се уверив Спојлер Звучам како реклама Инаку не се растекува маскарава,ама малку тешко се вади!