Тоа што се бара на пазарот тоа го има најмногу, ако ниту една девојка не сака партнер кој ќе биде скржав и мрзлив немаше да има такви луѓе, но за жал тоа а се бара колку по лош човек е толку подобро и после се жалите. Кога веќе ќе стане тешко за живот, деца доаѓаат на свет и немаш што да им купиш да јадат тогаш ви текнува дека не требаше со таков човек да се фаќате. А ако било обратно, да е свесен да ве почитува да се бори за подобра иднина тоа не чини според вас и се смета за голем минус.
Општо моралот, етичноста, верноста, трудољубовоста, почитта станаа реткост. Морално се руинирани луѓето како никогаш порано. Ни срам ни перде. И се спуштаат критериуми во смисла „каков е таков е, нема идеален“. Кој од кој, не дека па и жените многу сјајни се, ама сметам дека македонските жени пак се за нијанса поарни од мажите. Инаку, има девојки кои што отишле да студираат во странство, таму и останале и таму се омажиле. Што би правеле овде? Да се натегаат со некоја алкохоличар, мрза, коцкар, насилник, манипулатор?
Не верувам дека верноста, трудољубивоста, почитта е реткост баш напротив има многу свесни дечки во градов кој се имаат откажано од барање девојки во ова место како и јас и моите другари кој ниту еден нема девојка од македонија а дечките се топ. Просто тоа да си добар човек не се бара и се смета за папучар или најс гај каде што воопшто не е така али ајде. Можам да кажам дека девојките неможат да преценат доброто во даден човек, го сметаат како паднато од небо и дека секој еден е таков и кога ќе сретне разбијник бед бој кој е различен а не гледа позади него каква трага има. И тогаш стануваат тие работи.
Ima i toa, ne vikam ne, samo problemot ne e vo zenite tuku do toa koi zeni gi birate ako se zakacite za devojka koja ne ja interesirate i uporno ista sorta, toa e.
Има фини дечки, да, иако не се многу, ама па не можеш да бидеш со некој само затоа што е добар, треба да има и некоја привлечност да го гледаш како потенцијален партнер. Општо не можеме да се пофалиме дека популацијата е не знам колку чесна, вредна, верна, квалитетна со еден збор. Може некој е добар, ама па тешко ми е да пријде на женски и поради тоа ќе биде во сенка. Оние што се трчи лажи, е тие полесно приоѓаат. Има и луѓе што се камуфлираат како „добри“. Има и женски со многу лоши минато, па ако отидат некаде каде никој не ги знае, светици глумат. А дека има голема расипаност кај народот до нездрави граници, има. Што е тоа бе, дечко на девојка да наплати превоз до дома како да е таксист? И ете ги во брак стапиле. Срамота е таков гест. Демек ја возел 2 км и да не се оштети финансиски наплатил. Ужас.
Се согласувам со тебе тотално, народот е отиден ептен, злобата преовладува, премногу информации стигаат до погрешни луѓе. Сум забележал едно нешто колкава разлика има во луѓето кој се во соседните држави, а види да живееш во србија, бугарија грција е многу по тешко отколку кај нас, овде имаш многу повеќе можности и простор за развој. И пак голема злоба разочараност, депресија на сите страни и тоа без никаков фундамент за тоа. Претпоставувам тоа е од премногу комфорт и неинформираност. Додека во соседството реткост е
Многу ме генерализираш мене во негативна смисла на тоа последното... Јас не подарувам на 18 годишни а на 45 годишни.. И не им подарувам заради што ги сакам за во брак а просто онака за да го имам нејзиното внимание додека може или додека сум хипнотизиран... Јас не се жалам од ништо ти го октарактеризируваш така можеби да им се допаднеш на останатите дека си поразличен и по психички секси
Јас кажувам мое мислење и искуство што сум имал. Далеку од тоа дека сакам да им се допаднам, не планирам девојка од форум да си барам, подалеку од тоа, не е ни цел тоа на форумот...
Во кратки црти - злоупотреба . Инаку е широк поим но вака ќе ти стане јасно Земи го испери го и дај го на некое дете ќе се израдува
Ау, ти голем проблем си имаш, ама не сакаш да го видиш. И до кај вака ќе идеш, и до кога? Си размислил? Зашо не? Многу луѓе ни за леб немаат, основни услови немаат, ти се расфрлаш и парите у канта ти завршуваат. Ама арно ти кажаа, како би знаел ти да цениш коа не ти е јасен тој поим. Вака на рандом женски особи им даваш? Која ти е симпатична, па ај купи и' и кажи и' дека многу ја сакаш.. Свашта. Прво да си се средиш некако во однос на осамостојувањето, и второ да поработиш на себе, што и како со себе планираш у животот. Сеа нов профил си напраи, со здравје да се користи. А не знам дали си трол, пошо тежок и специфичен лик беше.
Не се расфрлам со пари и не знам заради што е толку лошо и несфатливо тоа за тебе ? Таму горе една членка sweetdesires ме сфаќа осамостојувањето е тежко за мене и не сум го размислувал ... Сликата е сликана од мене случајно ја видов вчера... И тоа ме замисли сериозно....не планирам ништо во животот се си оди спонтано на кого му оди се според планови.??? Немам нов профил овој ми е од првпат
A што е со девојките? Прифаќаат подароци? Оти има и женски кои знам дека одбиле скап подарок, од некој додворувач затоа што сметале дека тоа ги обрзува, нелагодно им е, во смисла купил убав часовник или поскапо парче накит од странство каде бил на печалба и девојката одбива.
Прифаќаат во мојот случај, еве овие денови добив и јас подароци заради мои... И ми се значајни бидејќи ми се допаѓа личността
Како прифаќаат? Еве каде се жалеше дека некоја не ти дава ни 5мин внимание и тоа пази на месинџер. Не е до подароците, туку до самата личност е и тоа колку и се допаѓаш.
Ама и тие не се арни, ако земаат подароци и тоа скапи, ако навистина немаат никакви намери со него. И да имаат некакви намери со него, полека, треба да си имаат граници. Инаку, јас навистина не знам како си го тераат животот тие што имаа дечковци и сега мажи циции. Додуша знам, си дерат кожа и очи си вадат, а во јавност глумат. Моја школска имаше дечко, а сега маж, ја однел со други парови во ресторан, и јаделе, пиеле, нарачувале, стигнала сметката 12.000 денари, а тогаш толку беше минималната плата. Ужас. И почнале да ја гледаат и поттурнуваат сметката, на крај еден од друштвото извадил пари и платил(дечково има некоја градежна бригада на црно, нема фирма, платил, ама не е тоа така). Се мажи другаркава, јас и друга што и беше блиска, ајде ќе одиме да честитаме, купуваме подарок, цвеќе, бираме да е нешто поубаво, да не се обрукаме, одиме таму, таа муабет ни прави, едвај се сети едно кафе да ни направи. Мислам не е за кафето, ама пак до гестот е. И другава другарка вечно слабокрвна, па и се лоши, и се врти, вечно е така, и по некое време вели „ај те молам, ако немаш друго, може ли две јајца на око да ми спржиш, не сум јадена, дури стигнам дома, да не паднам некаде по пат“. Кога почна другата да го ремети фрижидерот, да бара, да ја вика свекрвата, леле, срамови, и едвај најде на крај да спржи нешто. Оттогаш кога и да ја сретнев цело време ми се фалеше како тоа финансиски добро стоеле, како тоа пари имале, како тоа таа парите дома им ги чувала и слични глупости. Сум била млада и толерантна, ми било сето тоа чудно, смешно, денес ми е глупост да трошам енергија на такви. Ги видам ли во град, дури не ме виделе менувам правец од таквите, оти не ми се слушаат глупости макар да ми одземат и 15 минути.