По пауза од неколку години, Томато продукција повторно почнува со реализација на добро познатата емисија „Дај побрзај“, но овој пат со изменет концепт и насловена „Мајсторе побрзај“. Се работи за емисија во која двајца водители - Марко Новески и Јана Андоновска, кои наоѓаат двајца случајни минувачи кои потоа се натпреваруваат за награда - патување. Целата емисија е всушност трка меѓу два тима. Натпреварувачите откако ќе бидат избрани, го користат гратскиот превоз на ЈСП со цел да стигнат до дестинацијата која им е дадена, како задача. „Мајсторе побрзај“ се емитува секоја сабота на Алфа телевизија во 17 часот. Па редно беше! Денес сосем случно ја фатив. Трета епизода беше. Повторно трчаат, повторно со казни на крајот... Само што овој пат се возат по автобуси, прашуваат луѓе по улица, за некоја одредена дестинација... Многу е интересно. Еве ја првата епизода. http://www.youtube.com/watch?v=mdbrqlEsCjo&hd=1 Па?! Вие што мислење имате, ќе гледате? Јас сигурно.
Интересна емисија до сега имам гледано две епизоди. И баш пред две недели бев во Карпош кај тинексот што е кај што снимаат и ме фатија на камерата и мене како влегувам внатре, а Марко во тој момент излегуваше со натпреварувачот. Само тогаш ете незнаев за што се работи Интересни ми се сите емисии од ваков тип така да ќе ја гледам и јас емисијава
Леле кога видов дека одново ќе ја даваат, скокнав од радост Паметам со брат ми кога ја гледавме емисијава, мислам дека никогаш не пропуштавме епизода, ама пред да заврши некако досадни стануваа епизодите, се надевам дека сега е сменато, на подобро ги пропуштив епизодите досега, ама ќе ги побарам на јутуб и понатаму дефинитивно ќе ја гледам емисијава
Јас ја фатив претходната сабота и баш мислев да отворам тема, ама Еленка ме претркала. Ептен се израдував кога видов дека пак ќе ја даваат. Овој Марко е ѕвер, ептен ми е смешен, а и целата емисија е многу интересна. Ја гледав порано кога ја даваа, а и сега дефинитивно ќе ја гледам.
Вчера накај 3-4 саат вечерта даваа реприза. Дали ќе има повторно не знам. Не можам да се снајдам со програмата на алфа тв...
Ја следев порано ептен,не пропуштав ниту една емисија. Сега сеуште ја немам начекано во терминот,но златен јутуб ќе ми помогне...баш сега ќе си ги пуштам новите. Интересна емисија,релаксирачка и динамична..својствено и на самиот водител,Марко Ни треба вакво нешто,да се смееме и опуштиме. Ќе си ги зачестам излегувањата во центаров на Скопје,може ќе си лапнам гратис патување
Веќе видено, убаво што се врати ваква емисија....ама по ова жешково да трча човек за награда ВИКЕНД - не бива. Порано даваа по недела дена, 10 дена.
Супер е емисијата! Само да не го промениле терминот, бидејки даваат светско првенство во атлетика и не ја гледав последната епизода. Дали знае некој кога беа репризите...? За да видам дали имам шанси на макс тв ја вратам последната епизода? АА да и ке заборавев секогаш навивам за Марче! :up:
Емисијава полека ставува без врска... Јана нека се врати! Оваа новава лиглава иритира со нејзината глупавост...