1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медиум (Medium) [2005-2011]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 6 август 2011.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Медиум е американска драмска телевизиска серија за жена која работи како медиум истражител во канцелариите на јавниот обвинител. Серијата е базирана на животот на Алисон Дубоа, критикувана контроверзна личност која тврди дека користи психички сили за да помогне на локалните власти.

    Серијава кај нас ја даваа поодамна на Сител. Јас моментално ја догледувам седмата сезона која воедно е и последна. Многу е интересна, реално направена, а и се базира на животот на вистинска личност.
    Сте ја гледале ли? Што мислите, дали е можно нешто од ова да е вистина? И ако не сте ја гледале, топло ја препорачувам :)
    [​IMG]
    [​IMG]
    Вистинската Алисон е од лево, а од десно Патриша Аркет.
     
    На parksey, Nine25 и figgiMK им се допаѓа ова.
  2. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Не знаев дека била базирана на вистинска личност :?:
    Инаку јас ја обожавам серијата, иако ја немам гледано со ред, кај нас ја даваа едно време, ама ко и обично ги прекинуваат и не ги даваат цели.
    Сега понекогаш ја начекувам на некои програми и ја гледам, ама измешано, незнам ни која епизода ни која сезона гледам :D
     
    На parksey му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Јас ја изгледав последната епизода и се утепав од плачење. Буквално, гледав со паломите до мене.
    Како можеше Џо да загине ;( Најистрајниот пар на филмското платно ми беа. Низ што се не поминаа и така да загине, во авионска несреќа :x И на крајот кога се најдоа откако умре Алисон, ја чекал цело време ;(
    И покрај се, беше феноменална завршница. И многу ми е криво што решиле да не се снима веќе. Какви глупави серии опстојуваат, бесмислени, никакви... Ама ете. Тоа е.
     
    На MarcheloGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Јас ја гледав серијава.. мислам ја гледам сеуште, чат-пат кога ќе ја начекам без некој компас. Мене ми е стварно интересна :) и не само мене, него тоа е една од сериите што заедно со татко ми си ги гледаме :D и брбориме од почеток до крај. (одамна ја немам начекано.. на Универзал мислам ја рекламираат дека ја даваат ама.. врска си немам).
    Знам дека серијава е направена според вистинска приказна на вистинската Дубоа :) Ја имаше пред години во шоуто на Опра.
    Ама ете не знаев дека Џоу умира :worried: вистина ли мажот на таа има умрено или серијава е онака.. избегана од реалноста со тек на време :P ?!?
     
  5. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Се заразив со серијава во последно време. Гледав порано ама по малку, не редовно. Сега ја гледам седмата сезона и е преинтересна. Инаку и јас не знаев дека е базирана врз вистинска приказна, сега дознав од тука. Ама баш си личат двете :)
    Најинтересна епизода ми беше кога
    на најголемата ќерка на Алисон и „леташе“ времето, најпрво неколку часа и минуваа за миг, а потоа години, па беше мажена, со девојче без да се сеќава на се што поминало, се со цел да открие дека мажот е всушност убиецот, и да го спречи навреме во сегашноста.
    Супер серија, штом загледаш епизода од почеток, нема шанси да ја оставиш :)
     
  6. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79
    Ја гледав многу интересна беше :D ама не се сеќавам многу зошто бев мала а знам дека таа беше видовита
     
  7. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    :clap: би додала на ова само дека е супер смислено и одлично направена серија..
    и мене ми е криво дека е крај на истата но и да кажам дека е единствена која сите 7 сезони ги задржаа сите исти ГЛАВНИ глумци што посебно ми е УБАВО!!!
     
  8. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Да ја оживеам темава... :D
    Серијава ја следам на Фокс Крајм и ми е омилена,спој од два мои омилени жанрови.Ем има видовитост,натприродно , ем има мистерија и криминал и секакви истражувања.Многу си ја сакам серијава. :clap:
     
    На parksey и fff3 им се допаѓа ова.
  9. fff3

    fff3 Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    Одлична серија,иако е постара вреди да се гледа.
    Кој размислува за серија на овие жештини ви ја препорачувам,нема да зажалите туку ќе се навлечете на серијата.
     
  10. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.490
    Допаѓања:
    26.248
    Пол:
    Женски
    Сеуште ја гледам ја даваат на AXN предобра е .
     
    На parksey и fff3 им се допаѓа ова.