Медиум е американска драмска телевизиска серија за жена која работи како медиум истражител во канцелариите на јавниот обвинител. Серијата е базирана на животот на Алисон Дубоа, критикувана контроверзна личност која тврди дека користи психички сили за да помогне на локалните власти. Серијава кај нас ја даваа поодамна на Сител. Јас моментално ја догледувам седмата сезона која воедно е и последна. Многу е интересна, реално направена, а и се базира на животот на вистинска личност. Сте ја гледале ли? Што мислите, дали е можно нешто од ова да е вистина? И ако не сте ја гледале, топло ја препорачувам Вистинската Алисон е од лево, а од десно Патриша Аркет.
Не знаев дека била базирана на вистинска личност Инаку јас ја обожавам серијата, иако ја немам гледано со ред, кај нас ја даваа едно време, ама ко и обично ги прекинуваат и не ги даваат цели. Сега понекогаш ја начекувам на некои програми и ја гледам, ама измешано, незнам ни која епизода ни која сезона гледам
Јас ја изгледав последната епизода и се утепав од плачење. Буквално, гледав со паломите до мене. Спојлер Како можеше Џо да загине Најистрајниот пар на филмското платно ми беа. Низ што се не поминаа и така да загине, во авионска несреќа И на крајот кога се најдоа откако умре Алисон, ја чекал цело време И покрај се, беше феноменална завршница. И многу ми е криво што решиле да не се снима веќе. Какви глупави серии опстојуваат, бесмислени, никакви... Ама ете. Тоа е.
Јас ја гледав серијава.. мислам ја гледам сеуште, чат-пат кога ќе ја начекам без некој компас. Мене ми е стварно интересна и не само мене, него тоа е една од сериите што заедно со татко ми си ги гледаме и брбориме од почеток до крај. (одамна ја немам начекано.. на Универзал мислам ја рекламираат дека ја даваат ама.. врска си немам). Знам дека серијава е направена според вистинска приказна на вистинската Дубоа Ја имаше пред години во шоуто на Опра. Спојлер Ама ете не знаев дека Џоу умира вистина ли мажот на таа има умрено или серијава е онака.. избегана од реалноста со тек на време ?!?
Се заразив со серијава во последно време. Гледав порано ама по малку, не редовно. Сега ја гледам седмата сезона и е преинтересна. Инаку и јас не знаев дека е базирана врз вистинска приказна, сега дознав од тука. Ама баш си личат двете Најинтересна епизода ми беше кога Спојлер на најголемата ќерка на Алисон и „леташе“ времето, најпрво неколку часа и минуваа за миг, а потоа години, па беше мажена, со девојче без да се сеќава на се што поминало, се со цел да открие дека мажот е всушност убиецот, и да го спречи навреме во сегашноста. Супер серија, штом загледаш епизода од почеток, нема шанси да ја оставиш
би додала на ова само дека е супер смислено и одлично направена серија.. и мене ми е криво дека е крај на истата но и да кажам дека е единствена која сите 7 сезони ги задржаа сите исти ГЛАВНИ глумци што посебно ми е УБАВО!!!
Да ја оживеам темава... Серијава ја следам на Фокс Крајм и ми е омилена,спој од два мои омилени жанрови.Ем има видовитост,натприродно , ем има мистерија и криминал и секакви истражувања.Многу си ја сакам серијава.
Одлична серија,иако е постара вреди да се гледа. Кој размислува за серија на овие жештини ви ја препорачувам,нема да зажалите туку ќе се навлечете на серијата.