Ако не ти е топло, носи си чизми ама до глужд. Нема правила кога е во прашање здравјето Башка и не можеш да носиш балетанки на дожд.
Ај пак јас. Видов едни балетанки преубави за ич пари. Само бојата малце ми е проблем, темно зелена. На кои бои би можела да ја носам? Оти немам ништо во таа боја. Ако може побрзо, оти утре е последниот ден
Со крем, црно, тегет, сиво, кафено, бело ... Нема потреба да имаш нешто друго во таа боја, најубава комбинација е кога нешто се одвојува и не е искомбинирано со иста таква боја. Со фармерки и некоја едноставна блузичка + чантичка во боја слична како блузичката и балетанките да си се одвојуваат. Евентуално ако не ти се допаѓа така можеш да си купиш накит или некој друг моден додаток како каиш во зелена боја и повторно ќе можеш со се да ги комбинираш
Памелче, зависи за каква нијанса станува збор, ама мене онаа класична темна зелена каква што беше модерна есенва ми е најлесна за комбинирање. Можеш да комбинираш со обични фармерки, со кафено, со крем, беж - мислам дека имаш огромен избор. П.С. Мимс ја доловила поентата, ете како за пример јас си носев темно сини балетанки во обична кежуал комбинација каде освен на накитот, никаде на друго парче од облеката не беше застапена таа „мастило“ боја и комбинацијата изгледаше многу убаво.
Ги видов! Убава нијанса се. Би оделе убаво со летно фустанче со цветни мотиви. Така секако убаво би дошла зелената (ми текна на гранче од цвеќе, но не ми беше тоа целта ). Би оделе со црно, кремасто, црвено, виолетово... Зависи од тоа со што ќе ги комбинираш
Mожеш со повеќе бои,зависи од тоа која нијанса е.Можеш црно,крем,бело,кафеаво,темно плаво(тегет) и сл.Со тесни црни фармерки,има многу можности.
Дали одговараат вакви чизми со вакни хеланки ? P.S. Ги имам чизмите па незнам дали да купам едни вакви?
Да, дефинитивно. Хеланките со „ацтечки“ принт добро искомбинирани со ugg-чизмички се полн погодок. :up:
Сакам да си купам фармерка ѕвонарка, ептен ми се допаѓаат и мн убаво ми стојат да не се фалам вака ама.. Е сега дилемата ми е со какви обувки одат, зборам за обувки преку ден. Патиките ги исклучувам од старт, се што е со платформа и полна пета не ми изгледа убаво со таков модел на фармерка, салонките шпиц ми остануваат за вечерните комбинации, и уште не најдов нешто што убаво изгледа и одлично стои на фармерка ѕвонарка. Балетанките стојат убаво, но јас сум за нешто повисоко затоа што и балетанки ептен ретко носам. Некакви предлози??? Со слики би било убаво
^ Зашто не оди балетанка? За мене една ѕвонарка најубаво стои кога ќе е до подот. Значи ако ти се таман, тогаш ќе стојат со рамни чевли и убаво ќе паѓа. А во случај да ти се долги тогаш на нешто повисоко. Јас лично мразам звонарка каде е кратка и се гледа чевлата висока. Како на пример ова Го сакам ова. И јас обожавам звонарки ама никако да најдам модел низ нашиве продавници кој ќе ми фати око
Јас не реков дека не одат балетанки реков дека јас не носам балетанки, а за патики исто многу ретко носам само со тренерки и ептен кога сум спортски облечена, а ѕвонарките не ми одат во спортски комбинации. Росоњерка и јас се согласувам со тебе дека обувката треба да е покриена кога се носат ѕвонарки поинаку многу грдо изгледа. Изгледа освен салонка ништо друго не ми преостанува
Набрзинка прочитав, затоа можеби така сум разбрала. Зошто само салонка? Поради тоа што секако ќе биде покриен делот од обувката, не ти е потребна салонка туку било што. Балетанка не стои добро бидејќи ѕвонестите фармерки водат потекло од тексас каде што се носени со чизми. Затоа подобра опција ти е чизмата. Секако нема да се гледа обувката, така да, можеш секако да носиш што посакаш под фармерките А за пантолони, е веќе со нив добро би одела салонка
Може со салонки,како што кажа,и со патики ми нема смисла навистина,патики,спортска гардероба со ѕвонарки,кои ми делуваат поелегантно.Инаку,можеш и со балетанки,ама штом не носиш може и со чевли на платформа.Нешто вака и секако малку подолги да бидат,и мене не ми делува убаво кога се гледаат обувките.
Девојќи што мислите за ташнава...баш ми се свиѓа,само малку се мислам за бојава...ми треба ваше мислењ.Инаку и не и е лоша цената во моментов е на попуст,многу добра цена за кожена ташна Furla
^mice83 Убава е чантата. Мислам дека не е некој проблем бојата, доколку успееш добро да ја вклопиш во некоја комбинација. Сметам дека подобро ќе биде да ја комбинираш со некои не многу впечатливи бои, бидејќи самата боја на чантата е смела и впечатлива, па затоа со нешто понеутрално тоа ќе го ублажиш и ќе направиш добар баланс на парчињата.