1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Модни прашања

Дискусија во 'Мода и стил' започната од girl.23, 9 март 2012.

  1. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    1.482
    Ако не ти е топло, носи си чизми ама до глужд. Нема правила кога е во прашање здравјето ;)
    Башка и не можеш да носиш балетанки на дожд.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  2. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.657
    Допаѓања:
    17.462
    Ај пак јас.
    Видов едни балетанки преубави за ич пари.
    Само бојата малце ми е проблем, темно зелена.
    На кои бои би можела да ја носам? Оти немам ништо во таа боја.
    Ако може побрзо, оти утре е последниот ден :D
     
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Со крем, црно, тегет, сиво, кафено, бело ... Нема потреба да имаш нешто друго во таа боја, најубава комбинација е кога нешто се одвојува и не е искомбинирано со иста таква боја. Со фармерки и некоја едноставна блузичка + чантичка во боја слична како блузичката и балетанките да си се одвојуваат. Евентуално ако не ти се допаѓа така можеш да си купиш накит или некој друг моден додаток како каиш во зелена боја и повторно ќе можеш со се да ги комбинираш :)
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.170
    Допаѓања:
    81.691
    Пол:
    Женски
    Памелче, зависи за каква нијанса станува збор, ама мене онаа класична темна зелена каква што беше модерна есенва ми е најлесна за комбинирање. :)
    Можеш да комбинираш со обични фармерки, со кафено, со крем, беж - мислам дека имаш огромен избор.

    П.С. Мимс ја доловила поентата, ете како за пример јас си носев темно сини балетанки во обична кежуал комбинација каде освен на накитот, никаде на друго парче од облеката не беше застапена таа „мастило“ боја и комбинацијата изгледаше многу убаво.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  5. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    1.482
    Ги видов! Убава нијанса се. :nod:
    Би оделе убаво со летно фустанче со цветни мотиви. Така секако убаво би дошла зелената (ми текна на гранче од цвеќе, но не ми беше тоа целта :lol: ).
    Би оделе со црно, кремасто, црвено, виолетово... Зависи од тоа со што ќе ги комбинираш ;)
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Mожеш со повеќе бои,зависи од тоа која нијанса е.Можеш црно,крем,бело,кафеаво,темно плаво(тегет) и сл.Со тесни црни фармерки,има многу можности. :!:
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.587
    Допаѓања:
    5.932
    Какви фустани се сега на мода ?Бои?
     
  8. Cake.pops

    Cake.pops Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    24
    Дали одговараат вакви чизми со вакни хеланки ? :?:

    P.S. Ги имам чизмите па незнам дали да купам едни вакви? :?:
     

    Прикачени фајлови:

  9. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    да, одговараатт.
     
  10. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.258
    Смарагдно зелена (нијанси на пикнатно зелена, тиркизна, ментол боја), металик (сребрена) боја...
     
  11. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    А вакви хеланки каде има :?: многу се убави
     
  12. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.258
    Да, дефинитивно. Хеланките со „ацтечки“ принт добро искомбинирани со ugg-чизмички се полн погодок. :up:
     
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Сакам да си купам фармерка ѕвонарка, ептен ми се допаѓаат и мн убаво ми стојат да не се фалам вака ама.. :emo: Е сега дилемата ми е со какви обувки одат, зборам за обувки преку ден. Патиките ги исклучувам од старт, се што е со платформа и полна пета не ми изгледа убаво со таков модел на фармерка, салонките шпиц ми остануваат за вечерните комбинации, и уште не најдов нешто што убаво изгледа и одлично стои на фармерка ѕвонарка. Балетанките стојат убаво, но јас сум за нешто повисоко затоа што и балетанки ептен ретко носам. Некакви предлози??? Со слики би било убаво :)
     
  14. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    1.482
    ^ Токму балетанките не одат, а патиките одат. За останато, обична кратка чизма на потпетица или не.
     
  15. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    ^ Зашто не оди балетанка?

    За мене една ѕвонарка најубаво стои кога ќе е до подот.
    Значи ако ти се таман, тогаш ќе стојат со рамни чевли и убаво ќе паѓа.
    А во случај да ти се долги тогаш на нешто повисоко.

    Јас лично мразам звонарка каде е кратка и се гледа чевлата висока.
    Како на пример ова
    [​IMG]


    Го сакам ова.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    И јас обожавам звонарки ама никако да најдам модел низ нашиве продавници кој ќе ми фати око :)
     
    На Cacy и anabel-a им се допаѓа ова.
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Јас не реков дека не одат балетанки реков дека јас не носам балетанки, а за патики исто многу ретко носам само со тренерки и ептен кога сум спортски облечена, а ѕвонарките не ми одат во спортски комбинации.
    Росоњерка и јас се согласувам со тебе дека обувката треба да е покриена кога се носат ѕвонарки поинаку многу грдо изгледа. Изгледа освен салонка ништо друго не ми преостанува :lol:
     
  17. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    1.482
    Набрзинка прочитав, затоа можеби така сум разбрала.

    Зошто само салонка? Поради тоа што секако ќе биде покриен делот од обувката, не ти е потребна салонка туку било што. Балетанка не стои добро бидејќи ѕвонестите фармерки водат потекло од тексас каде што се носени со чизми. Затоа подобра опција ти е чизмата. Секако нема да се гледа обувката, така да, можеш секако да носиш што посакаш под фармерките ;)

    А за пантолони, е веќе со нив добро би одела салонка :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Може со салонки,како што кажа,и со патики ми нема смисла навистина,патики,спортска гардероба со ѕвонарки,кои ми делуваат поелегантно.Инаку,можеш и со балетанки,ама штом не носиш може и со чевли на платформа.Нешто вака и секако малку подолги да бидат,и мене не ми делува убаво кога се гледаат обувките.
     

    Прикачени фајлови:

    • alba-vergara-svonarki-01.jpg
      alba-vergara-svonarki-01.jpg
      Големина на фајлот:
      146,5 KB
      Прегледи:
      245
    • m2.jpg
      m2.jpg
      Големина на фајлот:
      31,3 KB
      Прегледи:
      245
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mice83

    mice83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    51
    Девојќи што мислите за ташнава...баш ми се свиѓа,само малку се мислам за бојава...ми треба ваше мислењ.Инаку и не и е лоша цената во моментов е на попуст,многу добра цена за кожена ташна Furla


    [​IMG]
     
  20. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.258
    ^mice83

    Убава е чантата. Мислам дека не е некој проблем бојата, доколку успееш добро да ја вклопиш во некоја комбинација.
    Сметам дека подобро ќе биде да ја комбинираш со некои не многу впечатливи бои, бидејќи самата боја на чантата е смела и впечатлива, па затоа со нешто понеутрално тоа ќе го ублажиш и ќе направиш добар баланс на парчињата. :)