@Youknow Може, само зависи конкретно за каков модел прашуваш. Инаку, еве комбинации за инспирација, за секојдневие на бели или светли фармерки со светла маичка и сл. сега за пролет би било интересно Спојлер: Inspiration @buba4e89 Ако мислиш на мантилот, тогаш не
Женски сакам да ве прашам за ова горе кај можам да најдам таква чипка или што е тоа? мене ми изгледа на тие ситните светкавите дека е, шивачки ми велат тоа било рачно везено и ми бараат некои 200, некои 500 евра А искрено многу пари ми е тоа. Јас би дала до кај 4-5000 денари. Мислам дека ми е посигурно јас да си ја барам, отколку да ми ја бара шивачка па да не ми се допадне. Предлог каде би можела да најдам?
@ivanus Рачно везено е, затоа е и толку скапо И во бутик за свечени фустани да влезеш, ваквите фустани се скапи, а целите изработени од ваков материјал т.е со рачна изработка, пр. во Ламас се од 35.000/45.000 денари па нагоре
Дефинитивно е рачно правено, многу бараат, јас имав слична замисла со фустан за матура кај што требаше да се везат чипкани делови и многу пари ми бараа. А за материјали чипкани во чаршија и на бит пазар има голем избор. едит: еее исто и ми текна на едно место кај што имаат многу убави чипкани материјали, во подрумот во буњаковец продавничка е една мала, а не се скапи многу.
Оффф, а јас сум таква еден фустан ќе ми се допадне и друг не ни погледнувам A со каменчиња некако да се залепат или сошијат поситни и покрупни ке излезе нешто добро или да не се надевам, не ми текнало тоа да прашам шивачка, сега ми текна
@ivanus Слични вакви плетки гледав во дуќаните на бит пазар и во чаршија. Цените им беа од 2800 до 4800 денари од метро. Па по оваа цена и нормално е да ти побараат толку пари. И во продавнициве да ги бараш пак скапи ќе ти бидат, можеш да најдеш во Нана, Ламас, во Бисер во неколку дуќани и во Мавровка исто така.
@ivanus За лепење такви каменчиња, нитни и сл, мислам дека ќе може, ама да те предупредам дека тоа ни приближно нема да изгледа како што си си го замислила во глава Мој совет ти е, може ваква боја и дизајн, а нагоре тој дел нека ти го направат со чипка. Сега, нема да е исто, ама барем ќе биде слично на изглед до некаде
Фала ви женски на советите Ќе разгледам низ Скопје ќе видам за чипка да си најдам јас, дека сум доста пребирлива а за долниот дел ќе оставам на шивачката
Dali bi nosele belo kozno (kratko) palto ili sepak bi odbrale da bide druga boja? Se dvoumam i za toa deka se se valka ama i so sto bi go kombinirala...?
Ова е рачно везено, нема да најдеш во продавница. На женски пазар имаш убави материјали, ама тие квалитетните ги има во Стара чаршија и се над 50 евра за метар. Тебе од тој материјал ќе ти треба барем 1,40 или 1,50. Плус овој делот надоле е во глок, па и тука ќе отиде бајаги материјал, најмалку 3-4 метри, зависи колку си висока. На какво палто поточно мислиш? А и при толку бои, зошто баш бело палто? Јас колку што сакам бели маици, џемпери, блузички, толку не сакам бели јакни, капути или јакнички. Ептен се впечатливи, ама во негативен контекст.
Да јас имам бело кожено кратко палто ама поелегантен модел е, не е бајкерско.Го носам претежно напролет, а го комбинирам со пролетната гардероба.Со светло сини фармерки, крем фармерки...Така одприлика. А, за тоа дека се валка, да и тоа многу ама почесто ќе го переш.На мене не ми претставува проблем, меракот да го носам е поголем.
Женски,денес си бендисав бели панталони(нешто како на сликите).Прашањето ми е, каков долен веш би облекла,а да не биде вулгарно(нели прозирни)? Се мислам дали крем обични (тие без раб) или....не знам *Ивинете,можеби е поставено прашањето досега,ама да не барам наназад
Кремаст долен веш е помалку видлив, отколку бел. Јас носам кремасти гакички без раб, некој чуден синтетички материјал се ( сигурно ги знаеш, во Сара фешн ги има).
Во потрага сум по вакво но не го знам името точно како му е. Кога го барам под blazer dress не ми излегуваат многу податоци на интернет. Уште подобро ако знаете да ме упатите каде да барам
-miss selfridge tuxedo playsuit https://m.missselfridge.com/en/msuk/product/tuxedo-button-playsuit-4703053
@kanella Тие се нарекуваат double breasted или waistcoat фустани, препознатливи на Балмен, инаку за овде во Македонија, во Зара и Бершка мислам дека имаше, ама минатата година, за оваа на мода се повеќе карнерите Добро претражување по тие бутици или некој ако видел некаде, од поевтините или онлајн