Навреди

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 9 јули 2010.

  1. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.901
    Допаѓања:
    25.541
    Пол:
    Женски
    Веќе ништо не допира до мене . Ја продадов душата на ѓаволот , така да сега веќе ништо не ме допира .
     
  2. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    915
    Пол:
    Женски
    Што ве навредува?
    Искрено, ништо не допира до мене. Човек кој што навредува си ја покажува својата (не)култура.
     
    На Cosmic Girl, Survivor-Warrior, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.235
    Не се навредувам лесно. Способна сум и да се самоиронизирам. Зборовите тешко можат да ме навредат. Би ме навредило ако некој не исполни ветување (стандард) или ако се однесува како да не постојам и покрај тоа што сме биле договорени за нешто... На кратко, ако покажува непочитување.

    Инаку, јас лично користам вербални навреди само кога сум во афект. Генерално многу внимавам на речникот и сметам дека има и убав начин да ја кажеме вистината.
     
    На hermosa и Kanya им се допаѓа ова.
  4. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.626
    Допаѓања:
    15.028
    Пол:
    Женски
    Инспирана од некои случувања што константно се повторуваат во моја околина..премногу се употребуваат навреди. Поголем брат на помал му вели „глуп ли си ти бе?“, „брат ли си ми вака шо си глуп и ги вадиш влечките од нозе?“; мајка на ќерка „ти глупа ли си што не стануваш“?; секое сабајле точно во 07:20 мајка го рашлакува синот само зашто не успева да биде тивок и го навредува. А детето не прави ништо посебно, значи излегува весел и дете ко дете нормално дека ќе е погласно. Гледам дека останатите ова го прифаќаат како најнормално, зашто очигледно никој не реагира.

    А инаку ова „глуп ли си бе?“ не било нешто лошо како комуникација меѓу машки(?). Со што не се согласувам. Почнува да ме иритира зборов.

    Некако ко да земаа поголем замав овие навредите кај деца од страна на нивните повозрасни браќа/сестри и нивните родители. И прашањето е, кој нив ќе ги заштити? Зашто ова само ќе придонесе за поанксиозна младина.
     
    На GirlLove, merriel0, theunforgiven и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Herraa

    Herraa Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2024
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Пред околу 9 месеци запознав едно дете. Тој мене ме знаел од многу одамна, ме следел на инстаграм, ми пишувал, ми срцнувал стори и се… јас него не го знаев. Потоа еден ден го запознав на кафе во друштво со брат ми. Тој ден му вратив на порака. И почнавме да пишуваме, се видовме насамо само еднаш… но пак продолживме да пишуваме, секогаш ми пишуваше, ми ѕвонеше, ме бараше.
    На некој другар му рекол дека сум многу убава. Но еден ден за први мај ме викна (иначе е полицаец и тој ден беше на работа со уште двајца колеги) да појдам таму кај што е (на едно место на излет) и јас отидов со една братучеда.Од тогаш со неа се најдоа роднини и почнаа да пишуваат и потоа таа ми кажа дека тој и кажал дека сакал повисоки и покрупни женски и дека мене не ме бендисувал и уште многу други секакви навредливи зборови за мене. После некое време прочитав кај неа во пораки и пишал дека никогаш не би излегол со мене… тоа најмногу ме повреди. И јас му изнапишав се и сешто во порака го навредив.. не ми врати ништо на тоа, само еден стикер и јас го блокирав. А многу го сакав детево. Ама ние после сето ова немаме никакви шанси да сме заедно… блиску е до мене, многу често го гледам.. денес го видов. Ме гледа многу чудно како да не ме мрази туку нешто друго не знам…
    А со братми уште се дружи, и на телефон постојано прв го бара му ѕвони.. ве молам кажете ми нешто некој совет, многу лошо се чувствувам откако го навредив иако тој почна прв да ме навредува мене со секакви зборови што мислам дека никако не заслужив… ама сепак се чувствувам лошо…
     
  6. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.696
    Допаѓања:
    9.393
    Пол:
    Женски
    Тоа кажува кој е тој со навреди штом тргнал накај тебе,а ти што се чувствуваш лошо е дека не си таква личност која навредува како него.Тој почнал прв и вината е негова .Ако ти пречи што се дружи со брат ти,кажи му на брат ти да не го дружи не мораш да му ја кажуваш вистината и толку
     
    На Cosmic Girl и Herraa им се допаѓа ова.
  7. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.262
    Допаѓања:
    12.116
    Пол:
    Женски
    Батали го, не ти треба таков за навреди. Штом уште сега те навредува, замисли да ти е дечко или маж. Добро што се покажал на време.
    Нема што да ти биде криво, во афект си го навредила, не дека не заслужува ама нареден пат не пагај на провокации на такви шутраци. Прерипни и батали ги. Има нормални момчиња кои главен збор не и се да навредат.
    Ако не сакал да излегува со тебе не морало ама па тоа може и на културен начин да се каже.
    Ќе си најдеш некој културен и фин.
     
    На GirlLove, Cosmic Girl и Herraa им се допаѓа ова.
  8. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.383
    Пол:
    Машки
    Очигледно не сака да биде со тебе. Тоа што го кажал дека си убава, не мора да значи дека те сака или сака нешто со тебе.
    Можеби ти си помислила дека сака врска со тебе и штом кажал дека си убава, готово е, стапувате во врска. Но ете, не значело така.

    Лошо е од негова страна тоа што пишувал така за тебе. Тоа значи дека нема никаква почит према тебе, а се дружи со брат ти и го бара. Се гледа за каков човек станува збор, кога на другарот не ја почитува сестрата. :puke:

    Јас би ти препорачал да не се замараш со него. А тој прво тебе треба да ти се извини што пишувал лошо за тебе, а после тоа и ти да се извиниш на него.
    Оди си со крената глава и ич не чувствувај вина за тоа што го направил. Постапката е полоша од зборот. Така можеш да видиш човек каков е.

    Најди си некој што има чувства за тебе и емоции. Некој што ќе те сака и почитува. Некој што ќе биде џентлмен, а не ваков како него.
    И да го видиш, прави се како ништо да не било. И да ти рече нешто, кажи му дека има за извинување.
     
    На hermosa, Cosmic Girl и Herraa им се допаѓа ова.
  9. Bettina23

    Bettina23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2023
    Пораки:
    473
    Допаѓања:
    2.582
    Пол:
    Женски
    Сте повредиле ли некогаш некој кој никогаш вас не ве повредил?
    Не намерно,не планирано,не избројани до 10,кажани неколку збора што срушиле пријателство..
    Толку ми е криво што западнав во депресија мислам,после таа случка ми се одмили се,немам желба ни да станам од кревет,нити ништо да направам.
    Толку ужасно се осеќам,не сакав,немав лоша намера,ама како толку лошо постапив и јас не знам.
    Се уништив,неможам да си простам
     
  10. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    1.708
    Пол:
    Машки
    Мислам дека на секој му се има случено и да повреди некој што ми значи и да биде повреден од некој што му значи.
    Извини се тоа е најмногу што можеш да направиш, се надевам ќе ти простат.
     
    На hermosa, Cosmic Girl и Bettina23 им се допаѓа ова.
  11. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.315
    Допаѓања:
    26.970
    Пол:
    Женски
    If i'm losing a fight, i'm biting
    Cause if you can't beat' em, then eat' em :rofl:
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.