Сега тоа новитет ли е? Јас на времето кога инсталирав, беше само со СМС конфирмација (па некогаш не стигнуваше и мораше да се јавам у Скопје)
Мора да го тупат, не може само така да се менуваат податоци како ќе ни текне. Со менување телефон исто е процедура за активирање на апликацијата, ама оди преку телефон, не мора лично во банка да сте присутни.
Со новите документи, ажуриравте податоци онлајн или во експозитура? До внесување на податок од стариот сега веќе неважечки документ ме враќа назад, не ми дава да влезам да ажурирам. Тоест ми дава црвен знак.
Ovie od tutunska zabegaa. Ako probas da se najavis od drug ured odma ti se javuvaat ko bozem neznam kakov kriminal pravis. A drzavava sto ja ispokradoa nema veze
Ај и овде да прашам. Дали НЛБ имаат забрането купување на крипто? Имам Exodus wallet и до сега многу пати имам купувано, последен пат пред неколку месеци. Сега кога пробав пак, ми пишуваше дека картицата ми е одбиена, наводно банката не ја дозволувала трансакцијата. Се мислев да им се јавам во контакт центарот да прашам, ама секогаш ме вадат од кожа со однесувањето и страшно се некултурни, и се одложувам.
Како прво, овие работи се за наша заштита и се наложени од НБРМ, никој не ги прави од што сака да се замара за тебе да не те покрадат. Второ, подобро да има добра заштита и да ти се јавуваат за потврда на идентитетот отколку секој еден што ќе ти се доцепа до податоци да може да ти се најави со твои креденцијали од друг уред и да те покраде. И те како треба да има засилена автентикација за банкарски податоци.
Kako prvo nikoj nemoze da se najavi bez lozinka I gledam do sega so godini koga se najavuvavme preku web ne ispokradoa
Јузер и пасворд лесно може да се хакне, доволно е да го зачуваш на некој компјутер/уред. Не викам дека баш тебе ќе ти се случи, туку викам дека е можно да се случи. И затоа НБРМ носи регулативи кои комерцијалните банки се должни да ги спроведат за сите комитенти. Засилената автентикација е за твоја заштита, мене многу ми е гајле дали некој ќе се најави на друг уред со твои украдени податоци. Треба да сте среќни што ви бараат потврда на идентитет. Ама не, само кај нас народот ако може така да пројде, па утре ох леле ми повлекоа пари, нигде не сум оставил податоци од картичка, банките ви се криви.
Здраво Прв пат уклучив пакет на е банк за да плаќам сметки. Сега ми треба помош да не направам некоја утка. За режиски трошоци знам има посебно поле. Е сега за да уплатам пример за храна, курс и сл добивме уплатници со бр. Пп30 и пп 50 која треба да ја изберам? Која е разликата помеѓу налозите? Ако сакам да уплата на пријател а имам негова сметка, одам на плати на пријател или избирам налог?
Пп30 ти треба за плаќање, пп50 е налог за јавни приходи, значи коа плаќаш нешо кон државата, и се користи трезорската сметка. За други плаќања пп30 ја користиш. Можеш и на двата начина, но со таа опција 'плати на пријател' не можеш на секој. Треба да ти е во контакти во именикот 'пријателот', ама истовремено да е мислам на Нлб и тој, инаку не ти се појавува. Затоа најубаво преку уплатница иди и внесувај.
Постои некој пакет за млади, за студенти и слично и кои се погодностите? Еднаш ми сменија као пакет за млади ама ништо не ми е сменето, со кои и да презборам што се по другиве банки кога плаќаат за факултет нешто немаат провизија или имаат помала провизија, не плаќаат за апликација и слично Вака мене од НЛБ само ми влечат пари за се и сешто а приход немам од никаде
Има пакет за млади до 25 години мислам беше, можеш да користиш ел.банкарство поточно апликацијата без да плаќаш месечен надоместок за тоа, вклучително и помала е провизијата отколку кога плаќаш во банка, ако не грешам.