Оваа тема нека биде општа тема за се оноа што сме решиле и сме почнале да го работиме, каде повремено ќе ги пишуваме резултатите. Еве јас од денес активно почнав да вежбам, и се надевам дека наскоро ќе имам видливи резултати - ќе ви пишам.
Јас решив да се занимавам само со битни работи како што се учењето, а помалку да трошам време за небитини работи. Ама некако слабо ми оди
Од вчера решив денес го спроведов,нема веќе да си велам дека сум крива и да се нервирам додека таа ми се фивка во облаци а она е таа виновната и дигнатата и не само таа и многу други. И да од денес почнав драстично да вежбам бидејќи ако сакам да бидам во добра дорма летоска мора уште сега да си земам во предвид
Од денес решив малку поинаку да се однесувам со некои луѓе. Нели, кој како си заслужил. Од денес решив да бидам посмирена личност, да избројам до десет пред да кажам нешто за да не се каам потоа, да не си земам при срце се и сешто. Се надевам дека ќе бидам истрајна сето ова да го спроведам на дело.
Од денес решив да бидам добра со сите!! Сеедно какви се тие со мене,бидејќи се се враќа,а не сакам да ми биде лошо поради некој што е пролазен,нели..Па решив лошите коментари за мене од нив да ги игнорирам и на злото со добро да му враќам,па може и они ќе тргнат по правилниот пат.. Се согласува некој?
јас од денес решив да се хранам здраво, и да прекинам со пици пити сендвичи (не дека многу често јадев ама и тоа малку што беше пак качив некое кило плус)
Од денес почнувам повеќе да учам.Морам да поправам нешто - КАТАСТРОФА сум!Заразлика од лани сум дупка.Лани сите ми беа петки само математика 4.А сега од се по нешто.Морам да го загреам столчето и сите да ги наредам петки освен математика еве 4 барем да ми е.МОРАМ МОРАМ МОРАМ!
Од денес работата си ја сватив сериозно...и планирам да учам и да го завршам тој пуст цртеж по ликовно!!
Од денес топам килограми и повеќе ќе одмарам и нема да се замарам за глупостите кои секојдневно се случуваат околу мене
Почнав да ги извршувам сите обврски на време, меѓу кои за жал е и школото. А решив да купувам поевтини цигари, луксузот да си го скратам, ќе заштедам повеќе парички
Од денес решив да престанам да се замарам со глупости...Едноставно да го живеам секој ден како последен! Да видиме како ќе оди
...да го потам Орбитрекот!!! И, конечно се прифативме со таа, една иста реченица на првата страна од книгата, а до која, недела дена стигнувам и не продолжувам понатаму: „It is wonderful what one ray of sunshine can do for the soul of man!“ Ваљда се убедував дека сонцето бар треба да ми ја орасположи душата, пошто искрено... некако, не ми делуваше Решени сме да се запознаеме целосно