Општи прашања

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 10 декември 2011.

  1. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.362
    Пол:
    Женски
    Всушност прашањето е за ветеринар по можност ако има некој.. Или некој шо има искуство во вакви работи со нивното куче..

    Не знам кој прочита, ама кучето мое има баш напади на паника од страв кај ветеринарот. А мора да го вакцинирам за беснило ми е страв така невакциниран. Трет ветеринар е овај што пробува да го вакцинира и сите ми откажват оти Марли тотално плачни, се мочка од страв, се треси, бега, ветеринар не можи да го допри од што бега, дури некни се удри во вратата и крв си пушти. :(

    Овај ветеринар сега, ми напиша рецепта за дијазепам и купив. Ми рече утре да му дадам 3 таблети од по 5mg и да го однесам, за да биде малце смирен или заспиен и да можеме да му ставиме вакцина за беснило и инекција со чип.
    Иако ветеринарот е добар и му верувам, коските ми се тресат од страв уште од сега.
    Премногу се плашам да не му се случи нешто од толкава доза дијазепам.

    Дали е ова безбедно?
     
  2. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @s1a1n1d1r1a1 Сани, иако не сум ветеринар, сепак да предложам, од моја гледа точка и искуство, подобро е да се смени локацијата. Очигледно е дека Марли и да го одведеш на чиста прошетка до ветеринар, ќе се уплаши, затоа пологично е да го вакцинираш на место каде тој се чувствува безбеден и смирен, а тоа е дома. Во пријатна атмосфера и услов на висока смиреност, мислам дека многу подобро ќе го поднесе вакцинирањето.
     
  3. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.362
    Пол:
    Женски
    Лани Марли многу кашлаше. Веројатно настина. И го викнав ветеринарот кај нас да дојди да го прегледа.
    Сакаш вервај ми сакаш не ми вервај Марли беше дури и на моменти агресивен, што никогаш не е, ама бидејќи на негова територија одваааааај одвајј со лажење со храна давање јас, ветеринарот од страна само го наслуша со стетоскопот и онака се штрекнуваше кога ќе го допреше.
    Кон странци се однесува многу територијално во дворот, дури ми се чини мене дека полошо се однесуваше од колку во ветеринарна.
     
    На Summerlover му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @s1a1n1d1r1a1 Тогаш останува опцијата со апчињата, но прво многу убаво распрашај се и истражи дали е безбедно и колкава доза навистина треба. Види и по интернет, а се надевам дека и тука некој ќе се најде стручен да одговори :)
     
  5. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.362
    Пол:
    Женски
    Па заради таа причина и го сменав ветеринарот. Овај нов е. И демек помлад е, постручен. Има нова ординација со триста чуда внатре...
    Изгледа многу стручен. Го вагавме со големи маки, и прерачуна тој за дозата.
    Му вервам ама ете затоа и тука се распрашвам не знам каде на друго место би се распрашала.
    Глупаво е да прашувам друг ветеринар.
    Ајде нека се најди некој тука шо ќе можи да ми одговори. :u:
     
    На Summerlover му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Batterfly93

    Batterfly93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    210
    Дали знае некој како можам на ONE сега VIP да си проверам колку интернет имам потрошено месецов ?
     
  7. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Они нема да ти помогнат ако се јавиш сега. Утре сабајле стани рано и иди на сервис.
     
  8. skorpija123

    skorpija123 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    699
    Допаѓања:
    2.624
    Исто како предходно. Напиши moj.one.mk и ќе се отвори само на vip
     
  9. Arwen15

    Arwen15 Активен член

    Се зачлени на:
    8 март 2015
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Женски
    Дали ако се префрлам од економски факултет на правен можно е да ми признаат некои предмети или ќе треба се на ново да полагам?
     
  10. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.081
    Допаѓања:
    136.581
    Пол:
    Женски
    Ако има некој ист предмет има шанси да ти биде признаен. Евентуално некој изборен као Англиски или Трговско право ако имаш полагано, Правни и етички аспекти на интернетот, исто мислам дека го има на двата факултета као изборен. Друго нешто нема.
     
    На Arwen15 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Batterfly93

    Batterfly93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    210
    Заборавив да напоменам за домашен интернет ? :)
     
  12. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    799
    Допаѓања:
    2.960
    Пол:
    Машки
    Зa кoлку време oтприликa се дoбивa пaсoш пo брзa пoстaпкa? И кoлку чини?
     
  13. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.397
    Допаѓања:
    4.936
    Пол:
    Женски
    ИТНА ПОСТАПКА – Во случај кога барателот во барањето за издавање пасош наведе дека бара изготвување на пасош во итна постапка, доколку не постојат објективни пречки пасошот се изготвува во рок од 48 часа од денот на поднесување на барањето. Подигањето на итните пасоши, а поднесени во сите надлежни организациони единици на МВР, се врши во СВР- Скопјезграда на МРТВ први спрат.

    Согласно Решението за цените на обрасците што се употребуваат во МВР во Службен весник на РМ број 110/09 во точка I. од решението гласи:

    I. Цената на образецот за итен пасош, согласно горенаведеното решение се зголемува три пати во однос на редовната цена образецот за пасошот.
     
    На Tinushka и Priroden им се допаѓа ова.
  14. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.081
    Допаѓања:
    136.581
    Пол:
    Женски
    48 саата од поднесување, 4500ден

    http://www.mvr.gov.mk/upravni-rab/1
     
    На sofijanoka и Priroden им се допаѓа ова.
  15. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Најбрза постапка за 15 минути. 4.000 денари се плаќа и ако те фатат ќе изедеш огромна казна.
    Едино ако имаш врски ова се прави.
     
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.942
    Допаѓања:
    327.057
    Пол:
    Женски
    За каква казна збориш?
     
  17. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    За колку време стигаат писма во странство преку Македонска Пошта?
    Во случајот ме интересира за препорачано итно,си платив повеќе со надеж да не го загубат и побрзо да стигне,ама не знаеја да ми кажат колку време ќе стигнува.
     
  18. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Marossa Јас последно праќав обично писмо/честитка во Белгија и стаса за околу 20 дена, а штом е препорачано мислам дека стасува отприлика за 5 дена.
     
    На sofijanoka и Marossa им се допаѓа ова.
  19. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    @Summerlover Дај боже Самерка,а се надевам тоа што го означив итно има некое значење :D
    ФАлаа :*
     
    На Summerlover му/ѝ се допаѓа ова.
  20. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.397
    Допаѓања:
    4.936
    Пол:
    Женски
    Јас пак за Србија кога прашував за пуштање, ми рекоа обично за 10 дена,препорачано исто...демек ако е препорачано не е побрзо туку само си имаш доказ дека е пратено и ако ти е за некоја институција или врзано со рок се смета дека стигнало дента кога тргнало..иначе ми рекоа во брзина дека нема разлика