Всушност прашањето е за ветеринар по можност ако има некој.. Или некој шо има искуство во вакви работи со нивното куче.. Не знам кој прочита, ама кучето мое има баш напади на паника од страв кај ветеринарот. А мора да го вакцинирам за беснило ми е страв така невакциниран. Трет ветеринар е овај што пробува да го вакцинира и сите ми откажват оти Марли тотално плачни, се мочка од страв, се треси, бега, ветеринар не можи да го допри од што бега, дури некни се удри во вратата и крв си пушти. Овај ветеринар сега, ми напиша рецепта за дијазепам и купив. Ми рече утре да му дадам 3 таблети од по 5mg и да го однесам, за да биде малце смирен или заспиен и да можеме да му ставиме вакцина за беснило и инекција со чип. Иако ветеринарот е добар и му верувам, коските ми се тресат од страв уште од сега. Премногу се плашам да не му се случи нешто од толкава доза дијазепам. Дали е ова безбедно?
@s1a1n1d1r1a1 Сани, иако не сум ветеринар, сепак да предложам, од моја гледа точка и искуство, подобро е да се смени локацијата. Очигледно е дека Марли и да го одведеш на чиста прошетка до ветеринар, ќе се уплаши, затоа пологично е да го вакцинираш на место каде тој се чувствува безбеден и смирен, а тоа е дома. Во пријатна атмосфера и услов на висока смиреност, мислам дека многу подобро ќе го поднесе вакцинирањето.
Лани Марли многу кашлаше. Веројатно настина. И го викнав ветеринарот кај нас да дојди да го прегледа. Сакаш вервај ми сакаш не ми вервај Марли беше дури и на моменти агресивен, што никогаш не е, ама бидејќи на негова територија одваааааај одвајј со лажење со храна давање јас, ветеринарот од страна само го наслуша со стетоскопот и онака се штрекнуваше кога ќе го допреше. Кон странци се однесува многу територијално во дворот, дури ми се чини мене дека полошо се однесуваше од колку во ветеринарна.
@s1a1n1d1r1a1 Тогаш останува опцијата со апчињата, но прво многу убаво распрашај се и истражи дали е безбедно и колкава доза навистина треба. Види и по интернет, а се надевам дека и тука некој ќе се најде стручен да одговори
Па заради таа причина и го сменав ветеринарот. Овај нов е. И демек помлад е, постручен. Има нова ординација со триста чуда внатре... Изгледа многу стручен. Го вагавме со големи маки, и прерачуна тој за дозата. Му вервам ама ете затоа и тука се распрашвам не знам каде на друго место би се распрашала. Глупаво е да прашувам друг ветеринар. Ајде нека се најди некој тука шо ќе можи да ми одговори.
Дали ако се префрлам од економски факултет на правен можно е да ми признаат некои предмети или ќе треба се на ново да полагам?
Ако има некој ист предмет има шанси да ти биде признаен. Евентуално некој изборен као Англиски или Трговско право ако имаш полагано, Правни и етички аспекти на интернетот, исто мислам дека го има на двата факултета као изборен. Друго нешто нема.
ИТНА ПОСТАПКА – Во случај кога барателот во барањето за издавање пасош наведе дека бара изготвување на пасош во итна постапка, доколку не постојат објективни пречки пасошот се изготвува во рок од 48 часа од денот на поднесување на барањето. Подигањето на итните пасоши, а поднесени во сите надлежни организациони единици на МВР, се врши во СВР- Скопјезграда на МРТВ први спрат. Согласно Решението за цените на обрасците што се употребуваат во МВР во Службен весник на РМ број 110/09 во точка I. од решението гласи: I. Цената на образецот за итен пасош, согласно горенаведеното решение се зголемува три пати во однос на редовната цена образецот за пасошот.
Најбрза постапка за 15 минути. 4.000 денари се плаќа и ако те фатат ќе изедеш огромна казна. Едино ако имаш врски ова се прави.
За колку време стигаат писма во странство преку Македонска Пошта? Во случајот ме интересира за препорачано итно,си платив повеќе со надеж да не го загубат и побрзо да стигне,ама не знаеја да ми кажат колку време ќе стигнува.
@Marossa Јас последно праќав обично писмо/честитка во Белгија и стаса за околу 20 дена, а штом е препорачано мислам дека стасува отприлика за 5 дена.
Јас пак за Србија кога прашував за пуштање, ми рекоа обично за 10 дена,препорачано исто...демек ако е препорачано не е побрзо туку само си имаш доказ дека е пратено и ако ти е за некоја институција или врзано со рок се смета дека стигнало дента кога тргнало..иначе ми рекоа во брзина дека нема разлика