Искрено не памтам која им е за грчки професорка, ако е таа што мислам тогаш фина е. Ама не сум сигурна дали норвешки или грчки предаваше така ми се има увртено во глава.. Имаат една за кинески или јапонски беше, закон девојче, еве да ја испофалам Претпоставував дека е за грчки прашуваш инаку Имаат често уписи, како формираат група, така почнуваат отприлика... инаку стандард има ова време во сите школи курсеви, нешто како семестрите на факс така и курсевиве почнуваат.. Епа со лесно
Здраво драга, првпат го слушам овој збор. Во кој контекст го имаш прочитано? Ако може цела реченица или дали станува збор за нега на коса, кожа итн? Поздрав.
За грчки бил професор Јанис, живеел и работел во Скопје некои 15 години, па во меѓувреме подучувал и грчки. Предност е што го знаел и нашето писмо. Марина кажа добри зборови за него. Сум немала искуство со курсеви па така и не се разбирам баш. Ме мачеше тоа што така излезе набрзина работава за алфабетико, а немав повеќе време да се информирам за нив. Како и да е.. Ти благодарам многу
Епа значи норвешки била убава беше, ми фати око затоа ја запамтив Александра по германски е добра, ете бонус инфо ако некој друг се интересира Па пиши понатаму кога ќе почнеш некое мислење
Да ве прашам како оди сега со картици за автобуси во Скопје? Дали може директно во автобус да си извадам картица пример за 100че?
Имa дa, нa личнoстa з кoјa сaкaш дa си oфф, нa прoзoрчетo вo рaзгoвoрoт имaш еднo кo бурмa-штрaф и тaму имaш oпции.
Види во темата за ЈСП имаме пишувано 100 пати Нема картица за 100. Купуваш еднаш неперсонализирана за 150 ден со 5 возења и после надополнуваш мин 100 макс 6000 ден
Сега го видов прашањето, малку доцнам, веќе ти кажале како се викаат иако има дури 6 различни видови на такви hairless мачки. Се смета дека тие првично потекнуваат од антички Египет и во тоа време се сметале за богови. Луѓето што ќе повределе или убиеле таква мачка се соочувале со големи казни. Фосилите најдени од мачка се постари од оние на кучињата. Мене искрено ми е многу интересно да читам вакви ствари. Со оглед на елегантноста и античката историја на истите, научниците долго време се обидувале да ја создадат одново оваа раса, ама има многу генетски недостатоци и далеку од едноставна е за чување. Другар од дм ја има купено во Америка за околу 2000 долари. За тука не знам дали ја има, а читав дека во светски рамки многу луѓе се имаат зафркнато во врска со овие мачки, платиле за ваква раса а добиле истрижано маче на кое после некое време почнале да му растат влакна. Јас обожавам мачки, ама овие навистина страшно изгледаат, како гремлини се.
Значи цифрата ја наведов од памет. Неперсонализирана дали може да се земе од автобус директно или од јсп?
Ете пишав горе дека купуваш неперсонализирана, 150 ден е и 5 возења има Ја има во секој приватен и државен автобус... и на секој можен портал ја има информацијава
Дали ја има на секој портал, не знам..не е ни тема на разговор поставив прашање во соодветна тема, благодарности за одгворот имај убав ден
Може. 150 ден, 5 возења. Види во темата за јсп 100 страни се. Edit: Оваа тема посоодветна ми стои. Just sayin'. ЈСП (Јавно Сообраќајно Претпријатие) Скопје
Едно прашање околу даночната пријава: Во јануари и февруари работев во приватна фирма каде што платата ми беше пуштена на трансакциска сметка. Повеќе несум во истата фирма. Дали таа ќе го плати персоналниот данок или треба да ги контактирам и доколку не го плаќаат јас да пријавам приход за тие два месеца и да платам. Ако има некој што е упатен околку правилата на УЈП.
Дали знае некој од каде можам да купам вакво за седење ( не знам како се вика на македонски но на англиски е bean bag chair)