Отворен брак

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 3 август 2018.

  1. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.161
    Грешка си сфатила.

    Тука сум за да потврдам дека се согласувам со мислењата на @WildMk и на темава стојам на нејзина страна.

    Толку многу ја обожавам жената што би сакала еден ден да бидам ко неа, со памет како нејзиниот и исто понашање.
     
    На Independiente и WildMk им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Ме преценуваш.
    Немој ...
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.561
    Пол:
    Женски
    И јас ја сакам !!!
    :) :) :)
     
    На Herrera и WildMk им се допаѓа ова.
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Да се разбереме, сексот е лек за многу нешта ;).
    Разбирам дека е тешко да се одржи бракот како институција вклучувајќи ги секојдневните проблеми, предизвици, потреби, барања, обврски...но, кој како си ја нареди. Секој си има право да си го живее животот како што си сака. Не осудувам, туку напротив можам да дадам и подршка ако некој тоа го исполнува и така му одговара. Животот е убав :).
    Јас не би можела да живеам во отворен брак. Или градиме заедно иднина јас и тој со потполна доверба или секој на своја страна па кој како знае и умее. Можеби би било и себично да мажот си го чувам за по дома или за пред народ што би се рекло, или тој мене а меѓувреме и дваицата да си правиме екскурзии надвор од бракот. Едноставно совеста би ме убила. За да легнам со некого во кревет ми треба нешто повеќе од привлечност, сексот како потреба не го вагам како физичка активност иако некад е добар издувен вентил :D.
    Можеби љубовта и навистина не е вечна, но искрата помеѓу партнерите треба да се одржува односно разгорува.
     
    На thelittle17, eli25, lilo и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    Отворена врска не е врска.
    Отворен брак не е брак.
    Отворени врска и брак се кукавичлук.
    Љубов во средина како погоре наведената не е љубов.

    Зошто си со еден маж/жена ако не ти е доволна неговата љубов и сексот со него? За парче хартија извод од венчани? За делење сметки? За друштво за идење по свадби,слави? За што?

    Да си во врска со еден а да одиш со други, односно да си во брак а да се ебеш на страна е тотално непочитување на партнерот. А тоа што се залажувате дека сте многу либерални со партнерот и дека тој ви дозволува да се ебете со други, дека не му сметало, нееее срцки у заблуда сте, тоа не значи дека маж/жена ви ги разбира вашите потреби, туку доказ дека и да не ви мрдаше опашката на страна, неговата/нејзината сигурно ќе мрдала бидејќи НЕ ВЕ САКА, НЕ ВЕ ПОЧИТУВА, па сеедно му/и е.

    Искрено јас ваквите жени што во брак или врска спијат и со други мажи женети/неженети ги жалам. Не им е сеедно што не им значат на мажите ама не сакаат да си признаат. Колку сака некој нека ми го тврди спротивното дека и после ебење со други на страна дека они ќе легнат заедно во кревет заљубени до уши, нема да му поверувам, бидејќи не е вистина.

    Ако те сака, значи дека се она кое го претставува љубовта го пронаоѓа во тебе.
    Ако те сака, сексот со тебе може секој ден да биде различен и зачин во врската.
    Ако те сака, нема да те понижува, споредува со други и да бара квалитети, кои смета дека ти ги немаш, во други.
    Во љубовта партнерот се прифаќа онаков каков што е, со сите мани и доблести. Ако сметаш дека не сакаш нешто кај партнерот и тоа го бараш кај друг, тоа веќе не е љубов.
    И за крај, зошто го изедначувате сексот со љубов? Љубовта е многу подлабока и не подразбира делење со друг.

    Сексот со друг додека си во врска или брак е многу нечиста работа, гнасна, одвратна. Дома да ме чека маж а јас да се сексам со кој стигнам како напалена коза под изговор дека сме ние опен мајндед многу модерни, ми е мизерно и кукавички очаен потег.

    Овој т.н. "отворен" брак е многу опасен за децата од бракот. Растење во таква средина, со рамнодушни, ладни односи, без нежност и блискост си носи свои последици.

    И зошто воопшто сакате дискретни средби вон бракот/врската??? Па нели сте отворени, нели не ви смета? Зошто таа дискреција?
     
    На thelittle17, Glasna, enca.69 и 28 други им се допаѓа ова.
  6. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.395
    Зошто сакаат дискретно? Ради таквите како тебе, со отровни размислувања, кои ригаат злоба кон секој различен. Дали некој некого сака- не си ти меродавна да кажеш. Не ти се мешаат- не им се мешај. Ама неее, мора да покажеш дека си супериорна. . Секс, љубов, почит, каша напраи, и не звучиш како да си среќно љубена. Сори ако грешам.
     
    На 1209, WildMk, makedonkamak и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    Научи се нареден пат да цитираш, а не вака случајно те прочитав.
    Не се сеќавам дека прозвав некого а најмалку тебе.
    Зборував општо, тоа е мое мислење, како што пишуваат сите на темава. Ама неее, ти се дрзна со лични навреди. Јас немам проблем со мојата љубов и со мојот брак, затоа немаме потреба од ебење на страна. А ти изгледа се пронајде од оние што им е малку мажот за ебење па мораат да бараат уште. Сори ако грешам. Тоа не е мој проблем туку твој. Ако си ја имаш мувата на капата си ја бркаш.

    А за тоа што сакаат дискретно да се ебат на страна не сум им крива јас и тие со мислење како моето, туку се кукавици кои не сакаат да ги види некој, бидејќи не се баш за отворен брак. Тука ништо нема отворено, пак се кријат. Ако се навистина толку отворени, нема да ги интересираат туѓи мислења. Зашто ако сакале нечие мислење дали е тоа во ред ќе прашале психијатар, родител, пријател и сл.
    Овие "отворените" се толку очајни, немоќни, несмели и изгубени во сопствениот сексуален нагон, што се кријат кога се ебат вон бракот, зашто се срамат од самите себеси и знаат дека истото е погрешно. Да беа убедени дека тоа е нормално во еден брак, нема да се кријат.

    Секогаш имаш избор ако не можеш да ги контролираш нагоните, разведи се па оди со кого сакаш, не се бламирај вака и не барај изговор за твојот промискуитет во различното според тебе "отровно" мислење на другите.
    p.s.сигурно среќно вљубени ти "звучат" оние кои се ебат со други додека мажите седат дома и ги чуваат децата :D
     
    На LUCI 99, baby-star, Feminka22 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.395
    Не употребив лични навреди, туку реков дека твоето изразување на мислење врие од потиснат гнев и предрасуди. И тука има разлика едноставно, не ми звучеше како мислење на среќна , исполнета личност. Ама, ти си знаеш за себе, се сложувам за тоа. Муви, капи и слично, ти ги оставам тебе, и демн, ако не можете да истрпите критика без да збеснете, тоа многу кажува. Лични навреди се глупави и бескорисни.
     
    На 1209, WildMk и makedonkamak им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Знаеш дека и во отворен брак може да те вара... На пример ако оди со жени без да ти каже, без разлика што сте во отворен брак - тоа пак е варање.
     
    На Joi, zalosna, Abeja и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    Слабо ти оди психоанализа, промени професија или најди друго хоби. Гледам не си се изјаснила во темава, сигурно не можеш да се соочиш со самата себе. Веројатно маж ти те изневерува или се сомневаш во неговата верност, па не можеш да го прифатиш фактот дека сум во среќен моногамен брак или дека некој друг е во среќен брак без потреба од егзибиции на страна.
    "Сори ако грешам"
    А кога веќе спомнуваш агресија и неподнесување критика, препрочитај си го твојот претпоследен пост тука.

    Жал ми е што толку многу те погоди моето мислење па настапи така агресивно и ниско, со лични навреди. Нападот е најдобра одбрана за тебе.
     
    На zalosna, baba Rada, baby-star и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.395
    Не се возбудувај , стресот штетно влијае врз здравјето. Ти праша зошто се кријат, јас пробав да одговорам. И тоа прилично он топик. Хејтот воопшто не е корисен. Умереноста се исплаќа.
     
    На WildMk и makedonkamak им се допаѓа ова.
  12. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Подобро нема да се мажам, ама отворен брак во никој случај, дури ни на сон.
    А за неверства во брак-јас никогаш нема да изневерам ни во врска, а камо ли во брак, а ако бидам не дај Боже изневерена не простувам ќе се разведам без размислување.
    Некој може ќе рече никогаш не вели никогаш, но јас многу добро си го знам мојот карактер и црвените линии кои си ги имам поставено, така да неверство од моја страна нема никогаш да се случи.
    А отворениот брак според мене е јавно набивање на рогови на партнерот. Во отворен брак нема љубов.
     
    На Herrera, Harper, Dream-Girl и 21 други им се допаѓа ова.
  13. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Работава нешто Фрида Кало само што кај другиве случаи проблемот е внатрешен. Баш за жалење.
     
    На baby-star, Abeja и Feminka22 им се допаѓа ова.
  14. ванилала

    ванилала Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.234
    Пол:
    Женски
    Си била некогаш вистински заљубена? Да ти недостига истата минута кога ќе се разделиш од средбата со него? Ти била ли возвратена истата доза љубов од другата страна?
    Ако брзо ти здосадил, размисли дали бил вистинската личност. Не се обесхрабрувај, лоши примери имало и ќе има :)
     
    На Herrera, jasbi и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.161
    Сум била и испадна дека не вредело.
    Не верувам во љубов, одамна се откажав после тоа големо разочарување.

    Немам намери емоционално да страдам и да губам здравје пак, довербата во маж ми е изгубена, затоа реков ми здосадуваат сите мажишта после таа врска.

    Сепак фала на утешните зборови.
     
    На Desi1991k му/ѝ се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Егзакли.
    Некои едноставно не знаат да се носат со животот па си измислуваат 300 видови coping механизми за справување со разочарувањето.
    Како по дифолт, и во врска и во другарство. Овично до некој со послаб карактер стои некој манипулативен кој успева да го доуништи и да го тера да си бара оправдување за состојби кои се косат и со здрав разум и со морал.
    Ако твоето моментално однесување е строго последица на манипулативна врска која си ја имала, можеш слободно да си размислиш за чекори кои треба да ги превземеш понатаму, за да излезеш од магичниот круг во кој влегуваат "повредените" личности :)
     
    На thelittle17, Joi, lovestoneddd и 4 други им се допаѓа ова.
  17. ванилала

    ванилала Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.234
    Пол:
    Женски
    Ако тој (претпоставувам) те изневерил, тогаш не си ја добивала истата мера љубов. Затоа што ти (самата кажуваш) -не би го направила тоа.
    Не те сакал целосно и вистински.
    Пробувам да те насочам кон тоа дека не се сите исти.
    Утре ќе повредиш некој кој вистински те сака, затоа што претходниот направил да не веруваш во љубов, а со тоа ќе паднеш во дупка која можела да биде врв на планината :) Размисли.
     
    На Harper, Joi, baby-star и 6 други им се допаѓа ова.
  18. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.756
    Пол:
    Женски
    Пред тебе е животот херера..
    Сите ние сме имале грозни искуства немој да мислиш дека не.. нит прва си нит последна
    Но, кога ќе ти дојде тој вистинскиот а и ти нему ќе видиш разлика, ќе дознаеш и осетиш љубов, ќе го почуствуваш тоа вистинското и ќе гледаш со други очи во љубовта и во партнерот..
    Немој толку да се огорчуваш, сите сме имале падови, некои посилни некои помеки али ги има и те сваќам сега зошто ти така зборуваш и градиш став
    Ама трпение, многубројни се сеуште браковите кои што градат секојдневно љубов и живеат убаво ќе бидеш и ти една од нив верувај ми...
     
    На Joi, ванилала, Petra777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Отворен брак или по секоја цена да се сочува нешто што почнало да се распаѓа. Заминале работите во погрешен правец и неможноста да се прифати реалноста и одбивање да се продолжи напред со сите последици што ги носи разделбата или разводот, одредени личности, најчесто жени и според мене жени со ниска самодоверба, во поодминати години се решаваат на ваков отворен брак вадејќи се на некој модерен начин на живот затвараат очи пред нешта што сигурна сум дека длабоко во себе ги повредуваат, само за да го зачуваат партнерот, бракот, животот на кој на кој навикнале и со ова срање наречено отворен брак ем се чисти пред очите на народот, пошто реално колку и да не ти смета што кажале комшиите, секој пази на ова, влијае ептен на мирот посебно ем си се пак тука во сигурната средина на која си навикнале, го задржале некако оној со кој го навикнале животот и се тоа само по цена да се дели партнерот со друг, многу помала цена од онаа да се изгуби или да се продолжи напред. За тоа треба храброст, трпение, издржливост, режителност и многу жртви и промени, а за отворениот брак само една маска за пред народот и терај модерен живот. Така бар мислам јас, можеби има и луѓе кои вистина сакаат вакви бракови, ама тие можат да ме убедат во тоа само ако од почеток согласно од двете страни и со знаење на сите стапиле во таков брак. Брак што отпосле се претворил во отворен, за тој брак кажав погоре што мислам.
     
    На enca.69 и Martka им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Градиме заедничка иднина, и искрата понекогаш ја разгоруваме со секс со други, затоа што тоа не' возбудува. Тој се пали да имам секс со други, а јас се палам тој да има секс со други.

    Непочитување е ако го повредуваш партнерот и му правиш работи кои не ги сака. Ние и двајцата сакаме да се плескаме на страна. Сме имале и трјка со еден. Тоа е еден од нашите 'зачини' во сексот.. Не се палиме сите на исто... Замисли.

    Нема никој друг со кој би сакала да бидам во брак, ниту за него има друга со која би сакал да биде во брак. Сексот е само дел од врската, а различните преференции се само дел од сексот. Претпоставувам и ти имаш сексуални преференции кои не се пенетрација на пенис во вагина, во мисионерска, со изгаснато светло; па не одиш наоколу и да расправаш по луѓе за тоа што правиш во кревет со партнерот. Отворена врска/брак, е за меѓу вас двајцата, не за цел свет.

    Темата ја отворив за да ви покажам дека има и вакви бракови. Не барам совет. Ќе продолжам вака, се додека и на двајцата ни одговара.

    Секојдневно разменуваме нежности.. Се држиме за рака, се бакнуваме и гушкаме.

    Дојди.. Поседи со нас некое време, ќе видиш колку ти е мислењето полно со предрасуди.


    А зошто мислиш дека сакаме да се разведеме? Ни на крај памет не ми паднало да живеам без него. Не можам со никој друг. Никој не ме разбира, сака и почитува како него. Само пред него можам да бидам 'разголена', отворена за сите свои маани и доблести, своја.. и пак сакана бескрајно.

    Од првиот ден сме во отворена врска. 18 години...

    И пак се врти зборот 'изневерување'. Не е изневерување, ако не изневеруваш доверба. Сексуална преференција е, која и двајцата ја имаме.
    А дали е љубов.. јас велам дека е. А твое е да велиш дека не е.



    Некои не знаете што навистина значи зборот 'љубов'.

    Многумина страдаат за тоа чувство, живеат во бедни/површни бракови.. И никогаш нема да доживеат да бидат сакани за она што навистина се. Затоа има и толку криења и лаги во врските и браковите.. Затоа што луѓето се плашат дека ќе бидат отфрлени ако целосно се отворат пред некого и партнерот ги види сите нивни 'демони'. Јас најдов таков кој ги сака моите.
    Жал ми е за таквите.... кои мораат да се лажат едни со други, за да останат заедно...

    Сето ова, веќе сум го пишала на темава.. Ама кој ќе ги чита сите постови од мене.. Тешко е. Полесно е да препрашате. И ќе ви одговарам.. засебно.. Уште милион пати ако треба.

    demoni.jpg
     
    Последна измена: 14 септември 2018
    На 1209, Joi, dayla и 1 друга личност им се допаѓа ова.