Епа ти викам ај ќе се смееме, има како решение и развод нека си го мислат или применуваат тие во отворен брак кога ќе решат дека не им чини партнерот, нивна работа си е тоа, што има јас да им берам гајле Еве ќе рачат конзументите на отворен брак ова колекционерите на партнери Што е работава со Тилда, јас знам за неа само дека има кралска крв потомок на некој шкотски таму ми ти, друго за неа поврзано со темава ништо не знам ај просветли ме
Ти па https://otakukart.com/who-is-tilda-swinton-dating-is-she-in-an-open-marriage/ Живееле сите тројца заедно едно време ( ваљда да заштедат патни трошоци ) сега гледам па некоја разврска имало.
Епа сега на кој што му одговара, за мене лично подобро е еден ама вреден, а ти ако сакаш со повеќе терај си ја математиката
Па, кога ќе разгледаш на темава многу од коментарите од типот "не одобрувам", "одвратно", и што се расфрлаат со идеали и дефиниции за бракот што според нив треба да биде се од деца што уште асална врска немале досега, несвесни дека животот е склоп на околности и хаос од настани кои ни влијаат директно или индиректно, а не е права линија или точно дефиниран пат кој ќе си го одредиш според сопствените идеали, игнорирајќи ја човечката природа.
Симптоматично е што не почитуваат туѓ избор. Еве не знам дали прочита, со членката погоре дописката. Веднаш доби потреба да вметнува религија во дискусија, зошто по дифолт 'отворена врска/брак' ја потсетуваат на нешто одвратно и лошо што според моралните прописи треба да се санкционира.
Не знам дали некој ја гледал House of Cards, ама Claire и Frank се ко некој пример како би требало да функционира тоа на здрав начин.
Посочи пример кој е дете што асална врска немал, баш ме интересира. Пре би рекла сите тие коментари се баш од зрели и возрасни оформени индивидуи кои знаат што сакаат и што значи цврста врска меѓу двајца.
Не зборуваме за отворени врски. Каде се најде повикана и афектирана во темава? Во темава се зборува за брак. Како институција дадена од државата и црквата. Истите ги диригираат правилата и доколку не ти се допаѓа како звучи, изгледа, насочува, никој со сила не те тера да го склучиш. Доаѓаш доброволно и своеволно во матично, црква, кој како милува. Зошто би го барала, ако самиот збор ти е токсичен? Тогаш нешто не е во ред со тебе, не со оние што знаат што сакаат. Според мојата логика, никаде не е поприфатливо сопружниците да се изневеруваат. Има просто и едноставно решение, развод. Тоа што ти не ја сфаќаш идејата за брак, не значи дека ние пустите сме овци кои тежнееме кон идеали. Едноставно сме си нашле нешто што не исполнува и не ни требаат додатоци.
Знам дека е офтопик, ама морав. Обично на луѓето со вакво размислување како твоето им се случува обратното, да се вљубат, да се омажат и да се 100% посветени на бракот. И најчесто тие ги имаат едни од најубавите бракови, баш поради тоа што разбираат што е слобода, зборувам за неотворени бракови, моногамни. Под “посветени” не мислам само да готват, мислам емоционално и суштински посветени. После ќе сфатиш дека полигамноста е глупост, верувај ми.
Го разбирам идеализирањето и романтизирањето во тинејџерските и 20-тите години, по себе си знам и јас сум тврдела сѐ и сешто, но конзервативноста и осудувањето кај млади луѓе сеуште ми е несфатлив. Посебно неразбирањето дека сите сме различни, со различни вкусови, чувства итн., и дури и тоа се менува во годините. Па смешки и апсурдни им се отворени бракови и жени со повеќе партнери треба да се казнат од сите, а мене ми е смешно затоа што многу од жените кои изневеруваат во брак и се просветлиле сексуално подоцна во животот истите биле прибрани и конзервативни дури биле млади. Сакам да кажам, многу стегање не е на арно
Не се чувствував повикана и афектирана дур ти не ме цитираше, логично. Врска води кон брак, особено ако не е дефинирана. Во отворен брак (иронично) стапуваат и луѓе верници. Со потпис во црква. Инаку, за твојата логика не знам, ама за повеќето кои ги знам дечкото/сопругот го третираат како свое сопствеништво. Енергијата му ја цицаат до максимум, и пласираат на светот како се во идеална релација, иако тоа не е случај. Финтата е што повеќе да се обои односот до степен на врв на животно достигнување. Инаку, не е поприфатливо сопружниците да се изневеруваат, ама тоа кај рајата поминува многу подобро отколку кога некој на пример би ти кажал дека е во отворен брак, и немаат проблем со тоа. Тогаш веднаш почнуваат муабети од типот дека се забеган и ненормален пар, каков аманет ќе му остават на детето? Инаку, јас перфектно ја сфаќам идејата за брак, само во денешно време ја гледам како апсолутно непрактична и нелогична за одржливост кај повеќето. Не за сите, ами за повеќето кои се во брак само за да задоволат околина а се несреќни, или изневеруваат на секој чекор. Притисокот, тоа е проблемот.
Не е во ред да ги посочувам, ама плачат по други теми дека не можат дечко да фатат. Бракот е договор склучен меѓу две индивидуи, сите односи меѓу нив треба да останат меѓу нив, освен во случаи кога има кривични елементи, насилство и сл. За сѐ друго сигурно нема општина да им каже на возрасни луѓе што смеат приватно да прават. Обично, на вас па спротивното им се случува, објаснив во друг пост.
Зошто во секој пост, со потсмев пишуваш за оние што стапиле во брак? Жалам што во твојата околина имаш такви примери, оттаму и претпоставувам имаш одбивност и такво размислување.
Сфатив. Сепак нема ништо погрешно во нивниот став. Да, ќе се соочат со разни ситуации и искуства, но тоа не значи дека ќе сменат мислење, може уште повеќе да бидат сигурни во тоа што некогаш го кажале.
Немам Грим. Сите во функционален брак. Среќен дали е не знам, не сум се замешала за да видам. Постојат такви случаи, не негирам, имам пишувано во темите ако имаш читано. Се нашле луѓето, се скрасиле и тоа е тоа. Колку се внатрешно среќни е прашање? Дали би одбрале да бидат во брак да не е присутен општествениот/семејниот притисок? Ми пречи што сите мора да влезат во брак и ми пречи што млади паѓаат во депресија ако не се. Мора да почне да се сфаќа дека сечиј животен патоказ не е предетерминиран за влез во брак, имање деца и слично. Некои претпочитаат кариера, некои слобода, некои пријателство, и тоа е океј. Право на избор.
Колку беспотребни есеи сте изнапишале на темава, а уствари е многу едноставно. Мене не ми одговара концептот на отворена врска - и нема да практикувам. На оној што му одговара отворена врска/брак, нека си ги практикува. Не знам зошто треба јас или било кој друг да ги осудува сите што сакаат такво нешто.
Не осудува никој, ова неколку пати е напишано. Беспотребни есеи... Мислења споделуваме зошто е или не е во ред, според нас лично. Затоа постои форумов мислам.
Добро, ако мислиш дека не е во ред, не го практикувај. Се додека двајцата во врската/бракот си се согласуваат на тоа, на никого не треба да му претставува проблем.