Јас од лично искуство зборувам. Мене ми се случи. Бев противник на брак, врски, деца и сѐ што налага општеството. Никогаш не бев за отворени врски и бракови зошто ми нема поента. Ако сакаш слобода, шо мајка бараш во брак, отворен, затворен, сеедно, тебе не ти е дојдено до таа личност. Не велам дека на секој мора да му се случи, ама има доста примери дека е така. Исто, @Mikha4 мислам спомна дека обично на тие кои целат кон конвеционален брак, им се случува да завршат комплетно обратно од тоа што го барале, во отворена врска на 35 години на пример. Бракот сам по себе не е никакво достигнување, за мене е грешно да се сфаќа како цел. Бракот е заедница со човек во кој имаш доверба, кој ти помага да одиш нагоре во секоја смисла, кој те коригира и ти покажува правец (како и ти него), кратко кажано, заедно побрзо ги остварувате целите. Малку детски ви се сфаќањата дека сите се мажат за да не ги оговараат комшиите, не сте толку над сите, верувајте. И да, се менуваат мислењата, не само што е нормално, здраво е, значи си се преиспитал, си ги ставил работите на кантар.
Познавам луѓе кои имаат т.н отворен брак. Но, повеќе можам да ги разберам бидејќи тие не се венчани ниту во матично, ниту во црква. Имаат детр кое е признаено од таткото, и заедно живеат сите тројца. Меѓутоа, и двајцата си се гледаат со други. Тие си беа во отворена врска прво, а сега кога имаат и дете ваљда е отворен брак. Јас не ги сфаќам мажениве/женетиве што се навидум во отворен брак. Зошто сте се венчале? Нели така се заколнувате на љубов меѓу двајцата, т.е склопувате брак меѓу двајцата...
Па исто е де, сега само модерно да речат дека се во отворен брак, порано имаа швалери и швалерки, а седеа за децата. Само терминот се сменил, иначе све си е исто.
За бенефиции кои ги нуди бракот, барем така кажа еден актер кој е во отворен брак. Доколку партнерот заврши во болница да можеш легитимно да се претставиш како венчан сопруг/ сопруга. Да добиеш право на посета, затоа што не секаде дозволуваат посета од невенчан партнер. Тоа е случај во Америка, овде какви правила имаме, не знам, не сум информирана. Но не е тајна дека бракот си носи одредени привилегии. И мене ми донесе привилегија. Додека дечко ми не ми стана сопруг не прифаќаа да го вработат, го вработија откако се венчавме. Странец е. Малку офтопик отидов затоа што некои навистина не сфаќаат дека бракот помага во одредени ситуации. Барем од се што се имам информирано за луѓе во отворен брак, тие го кажуваат истово. Се информирам за да не бидам игнорантна, најчесто кога сме неинформирани на одредени теми судиме за туѓите одлуки. Мене не ми се допаѓа овој концепт на open marriage. But whatever floats your boat. Колку и да кажуваме дека сме против секој си одлучува за себе. Подобро ваков избор отколку некој да изневерува во т.н моногамен брак.
Јас не знам што мешате секс со љубов Секс е лично задоволство и не мора да вклучува емоции. Водење љубов е со некој за кого чувствуваш, тука се вклучуваат и емоции. И не разбирам зошто ја прашувате уајлд едни те исти прашања како на рипит. Бај д уеј изневерување е и кога помислувате на друга личност
Ама се додека сексот го поврзувате со љубов и чувства нема да го разберете концептот на отворен брак. Сексот е задоволство, љубовта е љубов. По просто кажано одиш и си го правиш ќејфот со тој што го посакуваш моментално, а со тоа љубовта кон сопругот ниту ти се намалува, ниту се губи.
Сексот и емоциите не се едно исто, ниту пак задолжително одат едно со друго. Не сите може да одделат емоции од секс, ама има луѓе кои можат. И нив не им е проблем да бидат во отворен брак или врска. Исто ко да имаш секс за една ноќ. Не дека пак му се враќаш на истиот/истата, туку тоа е завршена приказна, и не се случува секоја вечер, туку може еднаш на 6 месеци, на пример. Го сфаќам концептот, не го практикувам, оти не е тоа за мене. Ама од друга страна, не ги убедувам тие што се во отворен брак дека не си го сакаат партнерот или дека не го почитуваат како што читам од повеќето на темава. Не може да знаете како му е дома некому. Ама па отворените бракови почесто се многу поискрени и има подобра комуникација отколку во некои моногамни бракови.
Мене ми е јасно дека може да се има секс без љубов, прашањето е зошто да немам секс со маж ми, зошто да барам на друго место? Ако е сѐ физички ок се разбира. Ако се изгубила привлечноста, на тоа треба да се поработи, да се има трпение. Ако е за физичко задоволување, има вибратори. Во едно сум убедена, дека баш сексот со швалерот, факбади, како и да го наречеме, е со емоции, затоа и се оди, ако беше само за физичката потреба, мастурбација е доволна. Едит: Секс без љубов може, секс без емоции не. Да разјаснам на што мислам: во тој т.н. секс без емоции, се обидуваме да имаме некаква имитација на љубов, нешто што ни фали да го надополниме барем за момент. Затоа стојам дека се емоции во прашање.
Има различен тип на емоции, тоа сакав да кажам ама не се докажав. Ама таа емоција спрема швалерот или факбади како и да е, е само привлечност, а не чувство на љубов.
Па истото го кажувам, дека тоа со швалерот не е љубов, но дека дефинитивно е со емоции. Прочитај поубаво.
Ај цело време трупите темава.Едностсвно е или дали таков вид на брак или не .Што има да исправаш криви Дрини!
Во отворен брак секс со други луѓе не значи дека нема привлечност меѓу партнерите. Тие си продолжуваат и меѓусебно да имаат секс, а повремено си ја исполнуваат желбата за секс со некој друг што не е партнерот. Тоа не значи дека не го/ја сакаат туки едноставно ги возбудува друго лице и имаат секс со него/неа ако сакаат оти имаат меѓусебна слобода и доверба. Сите ние во текот на животот осеќаме привлечност спрема други луѓе, дури и кога сме во врска/брак, што не значи по автоматизам дека ќе имаме секс со тие луѓе. Е некои имаат секс, и тоа е тоа. Како тебе те засега туѓиот живот и постапки ако не влијаат на твојот? Не можеш да носиш заклучоци за туѓ брак и чувства, само затоа што ти имаш конкретен став на тема отворен брак.