Оти можеби не го практикува тоа и бара човек сличен на себе, што нели и е поентата кога бараш партнер?
Ако немаш разговарано со него ти, јас уште помалку. Јас под претпоставка че си земам за право да искоментирам, тој е ништо повеќе од машка курва.
Доверба и лојалност имам во врската иако немам појма со колку спиел дечко ми пред мене. Апсолутно небитно. Никогаш не би прашала ниту би одговорила на такво прашање. Не ми е целта да ве напаѓам вас што тоа го споделувате со партнерите, туку да сфатам колку и што ви менува тоа. Хипотетичка ситуација, имаш врска од неколку месеци, убаво ти е и ја сакаш девојката. Ја прашуваш со колку спиела претходно и се разочаруваш. Ќе раскинеш за непостоечки проблем? Стварно не сфаќам.
Па ако спиела со пола град, не е непостоечки проблем. Не знам дали си слушнала за спб... Тоа може да биде огромен проблем. Ризик поголем од задоволство.
Мене би ми менувало од аспект на тоа какви ставови има за врските, љубовта, секс и тие работи. Не, не мора невин да е, ама ако со 10 бил до 20 и нешто години, сигурно немал со сите врска, туку онака само провод. А лично не сакам да сум со дечко кој би имал секс со девојка ради забава.
Обично тие што се плашат дека нема да бидат прифатени, баш тие не сакаат да зборуваат за своето минато. Ако не е толку битно, секој ќе може отворено да зборува за тоа, да се запознае подобро со партнерот, да види за каква личност се работи, какви одлуки носел во минатото, рационални, нерационални, каков карактер имал, како постапувал во одредени ситуации. Многу подлабоко е ова од само бројка кој со колку спиел. Едноставно доверба и сигурност се гради само преку отвореност и длабоко запознавање меѓу себе. А, ако некој не сака да биде запознаен во целина, да се отвори, тогаш како може нешто сериозно да се гради со него? Подобро да бидеш прифатен/одбиен на почеток, него одбиен подоцна.
Врз база на мое искуство и работи што ми се случувале во минатото сметам дека не би требало да е проблем ако разговараш за општи работи што сме си ги поминале во животот и да имаме слика за нас двајцата како поединци и шо да очекуваме од врската заедно. Хипотетичката ситуација ти е многу погрешна од старт. Првите неколку месеци секогаш се идеални за секој пар.
Се согласувам. Затоа е и небитна бројката. За тоа каква личност е и какви одлуки носел/носи заклучувам според други фактори. Колку е амбициозен, дали му е важна кариерата, дали и како напредува, како се однесува кон луѓето околу себе итн итн... а не со колку спиел. Ама тоа сум јас.
Па по тоа може да процениш како се снаоѓа на пријателски план и социолошки, деловно, и приватно, кои му се целите, амбициите и што сака во иднината. Со другиов муабет можеш да видиш емоционално каков е. Бројка како бројка не кажува се, ама секако е и битна од многу аспекти кои веќе се наброени. Не квантитативно само, туку подлабоко. Дали се врзува емотивно, не се врзува емотивно. Зошто во некој период сакал/не сакал забава. Колку лабилен карактер има, колку брзо се откажува од се? Дали е повеќе за сериозна врска или повеќе за забава. Едно од тие прашања е и ова, дали сака отворена врска/брак или не сака. Некогаш не е доволно само со збор некој нешто да каже, туку и со дела. А на почеток минатото е тоа дело од кое може да се види првично каква е некоја личност, дали би ти одговарала или не би ти одговарала. И затоа е клучен дел од запознавањето. Не треба некој да се плаши од своето минато и да го крие. И од грешките, и од одлуките кои си ги донела некогаш, и зошто си ги донела, партнерот е пожелно да ги знае. Е кога ќе извадиш така се на маса, кога ќе играш со отворени карти, после ко воли нек изволи.
Не ти реков да сакаш, прашав само зошто не сакаш? Преферираш еквивалентност, во смисла тој 5, ти 5 или други причини?
^ Во елемент сум денес. Инаку да одговарам на темава... До сега немав дадено свое мислење, пошто пробував да си ги преиспитам ставовите и да се обидам да ја разберам другата страна. Нешто најлошо во врска/брак е изневерувањето. Најлошо. Луѓето кои се во отворен брак не можат да дојдат до позиција да се изневеруваат, бар не физички. Емоционално не знам како им е регулирано. Ама како што знаеме, танка е линијата измеѓу емоционално и физичко неверство, затоа што ако физичко задоволство се продолжи доволно долго, почнуваат да се јавуваат и емоции. Дали тогаш е неверство, или не? Втора работа е тоа што отворена врска, која повеќе доаѓа како пријатели со бенифиции е дел од животниот век, краток сегмент со одредена трајност помеѓу страните и најчесто завршува со појавувањето на емоции, дали преминува во затворена, или секој на своја страна. Бракот од друга страна носи и поголеми обврски, деца, партнер, делење на место, простор, финансии. Што ако во една таква ситуација се замешаат и тие третите личности од надвор? И, на кој е ставен фокусот? На партнерот? На детето? Како се успева да се балансира помеѓу сите страни? Затоа што да дадеш некому нешто, па макар само физички, и само твое време, одземаш од времето кое ќе го поминеш со партнерот, со детето. Кои, на некој начин испаштаат во таква ситуација. Океј, секој ќе го регулира на оваков или онаков начин, не би сакал да навлегувам приватно во тоа. И според мене ова е помало зло отколку изневерување и забодување ножеви во грб. А кај нас огромен број изневеруваат во браковите. Па, вака веќе ако изневеруваат, бар да знае другата страна. Она што ми смета е како се претставува ова како нешто убаво, воук, ин. Како ете, практицирајте отворен брак, немојте да сте затуцани и цел живот да се ограничите на една особа, бидете модерни, бидете среќни. И тоа ми смета, лажната слика, и лажното прикажување, правдање за постапките и барање на некое морално тапшање по рамо. На крај, кој со кого сака нека се ебе. Не е ни битна ситуацијата каква е меѓу партнерите се додека децата им се приоритет. Ако така си одлучиле, и живеат таков живот, нивно право. Добар родител, своето дете треба да му е на прво место. За мене, секако не е ова. Морално и етички ми се коси со моите стандарди, како што ми се коси и гледање со личности кои се во врски. Едноставно не сакам луѓе кои не можат емоционално и физички да ми се посветат мене, и само мене, туку имаат потреба таа празнина да ја бараат во други. Таква лабилност не сакам, па затоа и пријатели со бенифиции не практикувам, а камоли отворени врски, а потоа и бракови. Туѓо не сакам, свое не давам.
Погоре една членка спомена брак од аспект за да се остварат права. Па ако некој практикува отворен брак, а се регистрира и е во брак, со цел да оствари права, да има кров над глава, да има кој да ја издржува, да и плати сметки, да му ја наследи пензијата утре ако го надживее, тоа е во суштина искористување. Јас така го гледам.
Не барам да се исти како мене, дискутирам кажувајќи го своето гледиште. Ајде да дискутираме на темата, а не да ми забрануваш да го кажам своето мислење. Прашањето ми е, зошто брак? Во случајот јас сум против бракот, не против швалерот. Зошто да не си слободен и да си имаш колку сакаш сексуални партнери. Која е потребата од сопруг/сопруга? Деца? Можеш да си самохран родител. Дај ми причина зошто да постои отворениот брак, кој е бенефитот, освен можеби финансиски, ако имаш богат партнер и тоа ти одговара.
Не преферирам ништо. Не сакам партнер кој имал голем број на секс партнерки од мои лични и валидни причини.